Македонски форум за електроника
Електронски уреди => Монитори и ТВ приемници => Topic started by: Cevi on 07.06.2015, Sunday, 14:43:50
-
Ок, дечки побарав да не случајно го има проблемов веќе некаде објавено но не успеав ништо слично да најдам.
Значи за старт, не сум професионален сервисер но имам основно познавање од електроника.
Телевизоров е најверојатно рикнат од промена на напон (удар на гром, мислам).
Штом го стартувам на главниот прекидач се пали доле црвената лед диода и влага у стендбај.
Кога ќе се обидам да го вклучам се гаси цревената лед д. и на екранот се појавува хоризонтална зелена/мешана тенка линија. И за неколку сек. се гаси и повторно влага во стендбај.
Отворен ми е задниот дел и искрено немам појма од кај да почнам.
-
...на екранот се појавува хоризонтална зелена/мешана тенка линија.
Каде, на средина, горе или долу од екранот!
-
...на екранот се појавува хоризонтална зелена/мешана тенка линија.
Каде, на средина, горе или долу од екранот!
Од едниот крај до другиот во хоризонтала, точно на средината од вертикалата.
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/0x4E4F001/Linija.png)
-
Прво потврди дали шасијата е CY-PH2529TOP-EW. Ако е', тогаш дали на D552 има +14V и на D554 -14V !
-
Тој е бројот на шасијата но кажи ми ти мене како се вади ова плочава, гледам на влечење но не знам како да ги дисконектирам оние дебелине кабли до екранот што одат. Ги најдов диодите но немам пристап до нив никако со инструментот.
И кажи уште од кај да земам минус од плочата, да не го пукнам на 220 случајно? :)
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/0x4E4F001/WP_20150607_16_41_31_Pro.jpg)
-
Исечи ги трите пластични стеги!
-
D552 = +13.56V
D554 = -5.36V
Сега... ? :)
-
C315 од 470µF !
-
Само C315 го мењам и би требало се да биде ко шо треба?
И да во право си, надуван е. Требаше тоа прво да проверам. :)
Ај ќе го сменам и ќе ти пишам што сум направил.
-
би требало!
-
Ок. Прво да ти кажам дека телевизоров работи. Успеав да најдам еден кондензатот од стар ДВД плеер само што напонот му е 16V а овој што го извадив беше со 24V. Не знам колкава е разликата но сега екранот ми е магнетизиран. Имам зелена боја во форма на прстен и само средината на екранот е со нормална боја. Има ова нешто врска со кондензаторов или сега имам друг проблем? Ако можам некако да го демагнетизирам со твоја помош пошто немам никаков алат за сервисирање на телевизори дома.
-
Замени го PTC отпорникот !
-
Му влегов со магнетот од еден стар звучник, како нов го напраив. :) Сега за сега е ок, ако се измешаат боите пак, ќе го сменам отпорникот. Фала ти за помошта стварно брзо завршивме работа. Поздрав. :)
-
Ок. Прво да ти кажам дека телевизоров работи. Успеав да најдам еден кондензатот од стар ДВД плеер само што напонот му е 16V а овој што го извадив беше со 24V.
Стави 24 волтен електролит да не те исплаши експлозија.
И немој да си играте со овакви работи.
-
Нема 24 25 волти 8) .Е со тие електролите секогаш страдаат обавезно 25 волти.Ќе грее тој од 16 ќе се затоплува и во еден момент бум и ќе го најдеш отворен ;D ;D
-
Ок. Прво да ти кажам дека телевизоров работи. Успеав да најдам еден кондензатот од стар ДВД плеер само што напонот му е 16V а овој што го извадив беше со 24V.
Стави 24 волтен електролит да не те исплаши експлозија.
И немој да си играте со овакви работи.
Ок, кажано сторено, ставив 24V кондензатор. Не знаев дека до тој степен може да зезнам работа. Фала за советот и помошта во целост.
Споено мислење: 21.01.2017, Saturday, 17:11:53
Нема 24 25 волти 8) .Е со тие електролите секогаш страдаат обавезно 25 волти.Ќе грее тој од 16 ќе се затоплува и во еден момент бум и ќе го најдеш отворен ;D ;D
:) Го сменив сместа, ради ал се не чује. :) Фала за советот.
-
Е,ова е тоа што му недостига на Форумов- темата е од 2015 г., а во 2017 конечно слушнавме дека:
Го сменив сместа, ради ал се не чује. Фала за советот.
Добро е да знаеме ,барем. ;D
-
Батка авангарда си леле еј се пресмеав онака денот не ми беше добар се лупам од кревет што си ме насмеал авангарда кога ќе каже кажано е ;D ;D