Македонски форум за електроника
Електронски уреди => Аудио опрема => Topic started by: ivan_cabuk on 04.01.2015, Sunday, 13:37:46
-
Прво да им посакам на сите членови среќни празници и се најубаво. Како што напишав во насловот имам едно домашно кино Panasonic SA-HT870 и до пред некое време работеше убаво но доколку се оптерети до максимум се појавуваше F61 и се гасеше, но откако ке го вклучев си работеше повторно но со малку глас. Сега не сака ни да се вклучи, со самото притискање на power веднаш се појавува F61 и се гаси. Доколку имал некој ваков проблем добро би ми дошла мала помош. Барав низ интернет и на официјалната страна пишува дека тоа би бил проблем со кулерот т.е. со ладењето но таков проблем немам. Исто така барав и шема за него но неможев да најдам ништо освен мануалот. Поздрав
-
На еден руски сајт најдов ,цитирам :
SA-HT895
Мануал с аналогичной схемой подошёл от 995го
Ошибка F61
Неисправен источник -7В
Элемент - ПРОБИТ! шок электролит С2913
Преведено : грешка F61 - неисравен стабилизатор -7V,пробиен елементот електролит со ознака С2913 ( пробиен!)
Им верувам на Русите ! 8) пробај..
Споено мислење: [time]04 Јануари 2015, 14:56:35[/time]
Еве и друг опис на истата грешка кај друг модел.
Panasonic SA-HT870. F61- оневозможено.
DCDET напонот на конекторот CN901 -0v. Проверка на стабилизатор STK470-050A покажаа целосно отсуство на било какви излезни напони во присуство на влезните. Bеше откриено дека нозете на ИК се скоро одвоени од телото на STK. Решение - сите ножички прелемени . Единицата е без грешки, на пример. на DCDET сега има - 5V.
Споено мислење: [time]04 Јануари 2015, 15:05:10[/time]
Panasonic SA-HT520 грешка F61 од субвуферот.
пробиен RSN311W64, ама со негова замена проблемот не е решен.
DCDET беше околу 0, додека другите напони сите беа во нормални граници.
Виновникот испадна да биде DCDET ПРЕКИНУВАЧ Q2025, Покажување на ohmmeter В-С - 12kOm.
Еве и шема:
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/0x4E4F001/dcdet_switch_309.jpg)
-
Го видов и јас тоа но на ова чудово нема таков електролит ни па никаков таков кондензатор дури и смд ги гледав.
-
Кај овие модели постои можност и грешката да се јавува и при зголемена потрошувачка на кулерот (при поголем отпор).
При потрошувака на кулерот поголема од 40% понекогаш се јавува грешка Ф-61. Во тој случај кулерот се расклопува, се чисти, потрошувачката на 6в. беше 50mA --- но , проблемот постоеше .За да се реши требаше повторно чистење . Сега, на напон од 6 волти потрошувачката е 10mA.
Споено мислење: [time]04 Јануари 2015, 15:14:12[/time]
Panasonic SC-AK300 грешка F61 ..... Нема + 10V наконтакт 12. на CN501 односно на +11 има 9в. и 8в на + 7 . Замена Q503! во мојот случај е спротивно наместо Q503 беше Q501 .
Panasonic SA-dt100 - фан кулер не работи и дава грешка f61. По замената на кулерот се е во ред.
Споено мислење: 04.01.2015, Sunday, 15:18:34
Го има и ова ;D ;D ;D :
Кога се појавила грешка F61 клиентот го третирал музичкиот центар со тупаница. :D :D Кога нерви му се истенчија со трчање го донесе на поправка.
Прелемување на три-терминал чип-стабилизатори на STK. Се сеќавам сум поправал два такви квара.
Пусти Руси ! ;D ;D
-
Штом е изгорено од отповарување промени го STK470-050A
Споено мислење: 04.01.2015, Sunday, 20:32:02
и околните електролити
-
Не е изгорено од оптоварување. Сакав да го отстранам дефектот како што реков дека откако ке го појачаш до крај си тера нема гајле и потоа од кога ке го намалиш тонот се гасеше со код F61. Тоа се случуваше и без поврзани звучници и без поврзани звучници пробував да го одстранам дефектот и после неколку обиди почна да не се вклучува воопшто туку веднаш јавува F61.
Споено мислење: [time]04 Јануари 2015, 21:35:08[/time]
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/0x4E4F001/RSN311W64D_P_RSN311W64_Integrated_Circuits.jpg)
Овој интегралец е..
Споено мислење: 05.01.2015, Monday, 11:53:03
Изгледа ке мора да менувам интегралецот поради тоа што на излез према звучник сега ми дава 30 волти >:(