Македонски форум за електроника

Аналогна електроника => Напојувања => Topic started by: bengal on 01.12.2014, Monday, 08:02:27

Title: Отпорник за полнач на акумулатор
Post by: bengal on 01.12.2014, Monday, 08:02:27
најпрво здраво на сите.
потребно ми е на полначот за акумулатор кој полни(стандардно) 12v  на 5ah ili 10ah да му поврзам на +(плусот) отпорник со кој од 5 или 10ah ќе ја намалам амперажата на полнење на околу 0,5-08ah,е сега дилемата ми е кој отпорник и со која омажа треба да купам,мислам дека би требало  2.2Ω 50W ама не сум сигурен.ако го згрешив местото на темата го молам администраторот да ја премести.поздрав
Title: Одг: отпорник за полнач за акумулатор
Post by: Lux on 01.12.2014, Monday, 09:51:53
Нетреба да купуваш ништо тоа јас го правам на следниов начин.
-Ќе земеш керамички отпорник обично ги има во црнобелите телевизори,окулу него намотуваш жица од греач (од греалица) односно греачот го растегнуваш,и правиш десетина круга окулу керамичкиот отпорник,према сликата поврзуваш,ако се работи за мала ампеража на местото од ламбите стави помала сијалица 12В/10 вати,експериментално ќе видиш на која намотка ќе ти трга ампеража спрема твоја потреба,на тоа место отпорникот го заоблуваме со лим (прицврстуваме) и штравче и на тоа штравче жица и ете ти константна ампеража,но воедно и заштита ако се спојат на излез жиците,или доколку акумулаторот е краткоспоен,апаратчето нема никаков дефек да има освен што ќе изгори отпорников.позз

(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/0x4E4F001/VciTyku.png)
Title: Одг: отпорник за полнач за акумулатор
Post by: Devil on 01.12.2014, Monday, 11:20:56
Не ми се допаѓа идејава со ставање отпорници, прво отпорниците ќе греат, второт за џабе потрошена ел. енергија.

Title: Одг: отпорник за полнач за акумулатор
Post by: Lux on 01.12.2014, Monday, 11:27:18
Не ми се допаѓа идејава со ставање отпорници, прво отпорниците ќе греат, второт за џабе потрошена ел. енергија.


-ако се однесува на мојот одговор/
-Ништо страшно од страна на гррње,он сака само 0,5А или 0,8а, а и затоа е керамишкиот отпорник за ладење на самата жица т.е. греачот,овај предлог што го дадов го користам веќе 10-тина години и ништо страшно,а и колку направени грешки ги заштитиле полначите за акумулатори,а крај со крај станува збор за само еден отпорник. 8)
Title: Одг: отпорник за полнач за акумулатор
Post by: Devil on 01.12.2014, Monday, 11:47:38
Малку нејасно се изрази човекот погоре, полнач од 10ah, претпоставувам мислел 10А, ама не е сигурно, е сега ако сака од 10A да намали на 0.5А, тоа значи дека тие 9.5А треба негде да заминат, да претпоставиме дека е 13V полначот и треба 9.5А да истроши на отпорник/греач тоа значи дека 123W користи само за греење :D

Односно ако го полни 10h акумулаторот имаме некоја математика 10h * 123W= 1230Wh потрошена енергија за џабе, која на крајот треба да се плати

Ова со претпоставка да погоре наведените вредности се тоа што мислел човекот и тоа што мислам јас, оти јас него така го разбирам :D


Предлог мој да се стави ограничување на струјата со некој транзистор кое би работело во импулсен режим за да не грее самиот транзистор и за да се избегне непотребното трошење енергија
Title: Одг: отпорник за полнач за акумулатор
Post by: Lux on 01.12.2014, Monday, 12:26:26
колега Devil имаш право не е баш прецизно баш изјаснет, но како гласи насловот,така и му дадов предлог,што незначи дека нема други решенија ::)
Title: Одг: Отпорник за полнач на акумулатор
Post by: bengal on 01.12.2014, Monday, 18:35:02
знаци целта со полначот ми е да го искористам како десулфатор на акумулатори,т.е. полнењето на акумулатори да биде со што помала ампеража од 0,5-0,8ah а не 5-10ah колку сто е сега фабрички подесен,што ќе ми овозможи контролирано(споро) преполнување на акумулаторот без да дојде до вриење на електролитот т.е.(при нагло полнење со 5-10ah веднаш се полни и подигнува напонот,а акумулаторот останува полу празен,електролитот почнува да врие и несмее да остане во тој режим на полнење долго време без да се оштети со толку голема ампеража)

Споено мислење: 01.12.2014, Monday, 18:41:25
да ,и како што кажа и погоре девил,мислам дека без импулсен режим не би било возможно да се намали амперажата ,а да не се направи загуба(беспотребен трошок ) на електрична енергија.
Title: Одг: Отпорник за полнач на акумулатор
Post by: LordZi on 01.12.2014, Monday, 19:01:27
Тоа така како што си го замислил нема да функционира. За десулфатизација се користат полначи што даваат јаки, но краткотрајни струјни импулси кои постојано се повторуваат, со што се добива некој циклус на полнење со релативно мала ефективна струја и со што се овозможува акумулаторот да биде долго време приклучен, а да не се преполни.
Барај на нет, има еден куп шеми за ова...
Title: Одг: Отпорник за полнач на акумулатор
Post by: Toma on 01.12.2014, Monday, 19:36:11
Quote from: bengal
помала ампеража од 0,5-0,8ah а не 5-10ah .....  со 5-10ah веднаш се полни ...
„ампеража„ од 0,5-0,8ah не постои такво нешто.
Да постои „ампеража„ (струја) од 0,5-0,8А
Изјасни се на што мислиш кога пишуваш „ah“ .
И не се пишува ah туку Аh затоа што едно е A (ампер) а друго е Ah (амперчас).
Title: Одг: Отпорник за полнач на акумулатор
Post by: Devil on 01.12.2014, Monday, 20:13:30
Има од siliconchip списанието еден „ mk.3 Lead-Acid Battery Zapper and Desulphator“ Побарај го на google сигурно ќе го најдиш цел проект, јас ги имам купено сите делови за чудово ама од немање време немам плоча направено па така ми стојат деловите, ама во план сум во блиска иднина да го направам, е сега таму убаво ти е опишан принципот на работа на десулфаторот и како треба да работи која е замислата, воопшто не е иста со тоа што сакаш ти да го направиш
Title: Одг: Отпорник за полнач на акумулатор
Post by: Unforgiven on 01.12.2014, Monday, 22:15:51
Quote from: bengal
помала ампеража од 0,5-0,8ah а не 5-10ah .....  со 5-10ah веднаш се полни ...
„ампеража„ од 0,5-0,8ah не постои такво нешто.
Да постои „ампеража„ (струја) од 0,5-0,8А
Изјасни се на што мислиш кога пишуваш „ah“ .
И не се пишува ah туку Аh затоа што едно е A (ампер) а друго е Ah (амперчас).

зошто се факате веднаш за грешката, мислам сите знаеме дека е грешка но сфакаме за што се работи и мислам дека нема потреба од вакви работи. Инаку во врска со полначот најдобро е да се набави некој ефтин Pwm полнач од ибеј, само да му се стави трафо и ке брка работа.
Title: Одг: Отпорник за полнач на акумулатор
Post by: Toma on 01.12.2014, Monday, 23:04:18
Quote
зошто се факате веднаш за грешката
Ако сметаш дека, не треба на форум кој претендира да биде на ниво, да се укажува на светски прифатени стандарди за обележување на „мери и мерки„ тогаш можеме да пишуваме и
Струја од 10 волти или напон од 10 ампери ...и секако тоа ќе се подразбира на што мисли оној кој прашува!

Отсега па натаму ќе подразбираме а младиве членови кои се во техничките училишта ќе научат „бајаги„ од форумот. Многу чудно
Title: Одг: Отпорник за полнач на акумулатор
Post by: BorceBT on 02.12.2014, Tuesday, 00:15:53
Експериментирај со авто сијалички од 5 вати мислам дека преку таква сијаличка можеш да го оставиш прикличен акумулаторот недела дена со надеж дека ќе се опорави но денешните производители на акумулатори мислеле и на тоа и денешните акумулатори скоро и да не се регенерираат така да може се да е за џабе.
Title: Одг: Отпорник за полнач на акумулатор
Post by: batka on 02.12.2014, Tuesday, 00:21:06
Цитирам;*зошто се факате веднаш за грешката, мислам сите знаеме дека е грешка но сфакаме за што се работи и мислам дека нема потреба од вакви работи.*
 Unforgiven, па Тома исправно реагираше! Ако некој згреши,најлошо му правиш ако не му кажеш дека греши! Ако на Форумов се залагаме за некаква си техничка *писменост* ,редно е сите да реагираме на грешка.Ама ова не е *грешка*,ами членов два пати ја повтори * грешката*!  Не треба да замижуваме пред незнаење.И никој да не се навредува ако кога греши ке го поправат.
Title: Одг: Отпорник за полнач на акумулатор
Post by: bicikle on 02.12.2014, Tuesday, 02:44:38
Тешко дека само со отпорник ќе направиш десулфатор. Ако сакаш да манипулираш со струјата, види ја шемата на полначот, постирај ја па ќе бараме чаре, со отпорник може само до компликации да дојдеш, затоа што полначот ќе го гледа акумулаторот преку отпорник, што може да доведе до преполнување.
Десулфаторот покрај што го полни, и го празни акумулаторот, односно има еден пулс што го полни а потоа веднаш има пулс што го празни, што не може да се постигни со овие полначи...
Title: Одг: Отпорник за полнач на акумулатор
Post by: Unforgiven on 02.12.2014, Tuesday, 14:08:50
Quote
Цитирам;*зошто се факате веднаш за грешката, мислам сите знаеме дека е грешка но сфакаме за што се работи и мислам дека нема потреба од вакви работи.*
 Unforgiven, па Тома исправно реагираше! Ако некој згреши,најлошо му правиш ако не му кажеш дека греши! Ако на Форумов се залагаме за некаква си техничка *писменост* ,редно е сите да реагираме на грешка.Ама ова не е *грешка*,ами членов два пати ја повтори * грешката*!  Не треба да замижуваме пред незнаење.И никој да не се навредува ако кога греши ке го поправат.

да во ред е укажувањето на грешката, ама како што гледам скоро 90% од постовите од членот се исправање на грешки, испаѓа тој изиграва шериф, ама нема везе.. иначе ако акумулаторот има премногу сулфур тешко дека ке може да се поврати, затоа најдобро е да се замени со нов. а доколку навистина сака да проба со десулафција мислам дека најдобро ке е со PWM полнач.

Title: Одг: Отпорник за полнач на акумулатор
Post by: batka on 02.12.2014, Tuesday, 15:13:37
Jас би бил среќен ако на Форумов има повеќе такви *шерифи*,иако овој назив е крајно безобразно срочен и не одговара на ситуацијата.Во секој случај ,ако сакаме да задржиме некое ниво на Форумов,некој мора да е *дежурен кривец* за се што на некого не му се допаѓа тука,а сепак многу допринесува за нивото на однесување на Форумов.Не заборавајте дека Форумот не е Фејзбук.
Title: Одг: Отпорник за полнач на акумулатор
Post by: Toma on 02.12.2014, Tuesday, 16:16:35
Quote from: Unforgiven
... ама како што гледам скоро 90% од постовите од членот се исправање на грешки, испаѓа тој изиграва шериф, ама нема везе..

АКО ЛАЖЕ КОЗАТА,  РОГОТ НЕ ЛАЖЕ!


(http://dumpt.com/img/files/13mqe6vpmhxamgpgca3c.jpg)
Title: Одг: Отпорник за полнач на акумулатор
Post by: Lux on 02.12.2014, Tuesday, 17:25:14
Дечки ма дај не се расправајте шериф и такви работи,баш напротив ќе научи правилно како се пишува и чита и јас често знам да грешам иако точно го знам како се пишува и изговара, па често се дешава во пишувањето да се погреши,и никогаш не се лутам ако некој ме исправи,не си замерувајте едни со други ;D