Македонски форум за електроника

Аналогна електроника => Напојувања => Topic started by: bicikle on 12.11.2014, Wednesday, 06:55:57

Title: СМПС - со надеж дека ќе стигнам да го изградам ;D
Post by: bicikle on 12.11.2014, Wednesday, 06:55:57
Епа вака, после бааѓи време копање по нетов се решив да го изработам овај смпс
 
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/0x4E4F001/FB.jpg)

кој е дизајниран од страна на @macolakg а еве го и форумот од каде што е откопан:
Code: [Select]
http://www.elitesecurity.org/t446664-6-SMPS-za-pojacalo
Да почнам со ред, од тоа што го знам
Зошто целомостен смпс, а не плл или полумостен? заради компромисот помеѓу едноставноста и поузданоста. Предностите над полубрановиот смпс се напишани од самиот автор, а едина ралзика со плл која јас ја приметив, како недостаток е помал отпор на краток спој, но во поректов ќе се обидам да го убалжам тој ефект. Исто така не знам плл како би работело со повеќе транзистори што значи моќта на некј начин е поограничена.
Кај полубрановите смпс-а клучен фактор е сториџ елементот, однодно индуктивитетот после трансформаторот. Доколку имате потреба од повисок напон треба да намотате стотици намотки односно десетици торусни јадра. Исто така, кога ќе го мотате јадрото, дебелината на жицата треба да е соодветно димензионирана, така да поссле првиот слој, ефикасноста(поради оддалеченост одјадрото)се намалува, па треба да мотате уште повеќе намотки. Кај полномостните напојувања сториџ елементот не е чритичен и може да помините со едно јадро и со неколку десетици намотки.
Моќта на уредот зависи најмоогу од јадрото, а спецификациите на одредено јадро може да ги видите во даташитот за него. Кај јадрото е најбитна максималната фрекфенција (исто и кај сториџ јадрата) и ситурацијата. Иако кај целобрановите напојувања ситурацијата е дупла, односно ако кај полубранов исправувач максималната ситурација е 1Т кај целобранов ќе биде 0,5Т бидејќи апсолутната вредност ќе биде повторно 1Т(нели по 0,5 од двете периоди, па од пик до пик па ќе имаме 1Т), но овој недостаток се компензира со поголемиот напон на кој работи напојувањето, односно помалата струја за иста моќ.
Намотките се мотаат бифиларно(ако може некој да постави слика би било добро за бифилари намотки) во ист правец исто како кај обичните трансформатори со таа разлика што се мотаат 1/2 од бројот на примарните намотки, па се мотаат сите секундатни намотки, па се домотува примарната намотка околу секундарот..т.е. секундарот треба да дојде како во сендвич од примарните намотки.
Сториџ јадрата се мотааат атипаралелно. Покрај ограничувањата од јадрото за брзината на фрекфенцијата има ограничување и од полупроводничките елементи(рековери тајм), па со биполарните транзистори може да се постигнат повисоки фрекфенции, додека фет-овите се потроми и нивните граници се околу 100кхз. Секако тука треба да се спомнат исправувачките диоди кои што треба да имаат што пократко време на опоравување, одноисно што помал пад на напон.
Секако не треба да се занемари скин ефектот, па со тоа се одредува пресекот на жицата. Доколку овој ефект не дозволува соодветно дебела жица за мотање на трафото, може да се мотаат неколку жици паралелно. За да не се  плетка жицата може да се уврти и тоа нај лесно е едниот крај да се врзе на некој фиксен елемент(столица на пример) а другиот во бормашина и да се уврти, на тој начин да се добие целина. При тоа не треба да се претера со увртувањето поради што за ист број на намотки ќе се зоглеми должината и јаловиот отпор, а може да дојде и до пукање на лакот или кинење на жицата. Добро е на трафото да се постави мал ладилник.
Овде
Code: [Select]
http://www.diysmps.com/forums/showthread.php?250-IR2153-smps-with-short-circuit-protection/page33 во сликата "Current Sense.bmp" (последниот пост, мора да се најавите) има решение за заштита од краток спој, па ќе видиме како ќе функционира во пракса. Трафото е врзано сериски со главното трафо, примарот се мота со иста или подебела жица, додека секундарната намотка не е критична бидеќи требаат само неколку милиампери, а слободната точка се поврзива со пин 3 по првото иц.
Е сега пошто некако мн текст ми дојде најверојатно има нешто испуштено, но може слободно да ме прашате што знам ќе кажам, што не се надевам дека некој ќе ме надополни.

Споено мислење: [time]12 Ноември 2014, 07:11:17[/time]

(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/0x4E4F001/Bifilar_Wound_Coil_Regular_And_Scalar_Self_Canceling.png)

Еве тука има добра представа за бифиларно мотање.
тука има табела за максимална струја и појава на скин ефект кај проводник со одреден пресек
Code: [Select]
http://www.cablesandconnectors.com/wiregauge.htmlНа следниот линк има некои обајснувања околу пресметките за бројот на намотки, иако е претежно за полубраново напојување, исто е и за целобраново со тоа што на крај се дуплираат намотките, те.. ако сте добиле 7 вам ќе ви бидат потребни 14, поради што напонот е дупли.
Code: [Select]
http://tahmidmc.blogspot.com/2012/12/ferrite-transformer-turns-calculation.html
Title: Одг: СМПС - со надеж дека ќе стигнам да го изградам ;D
Post by: slidermc on 12.11.2014, Wednesday, 10:38:10
Супер, некој да се заинтересира за изградба на СМПС и овде. За каква намена ке го користиш? Кое трафо?

ИК најдобра варијанта е да го ставиш на подножје, обично и тој знае да изгори ако нешто не оди како што треба :) Ова од искуство.

Околу мотањето на storage јадрото, можеш и паралелно двете жици да ги моташ, полесно е, а на крај ке ги завртиш крајот и почетокот за минусот, испитано работи и вака.

И секако со ламба од 100вати на влезот додека проработи чудово :) Чекам да се пофалиш! ;)
Title: Одг: СМПС - со надеж дека ќе стигнам да го изградам ;D
Post by: bicikle on 12.11.2014, Wednesday, 15:23:03
ДА да на подножје ќе бидат, панира за некое моќно појачало, пошто нели за 50-100 вати не се исплаќа смпс, па ова за некои 300 вати рмс планирам да биде, али ќе видиме како ќе оди работата бидејќи имам  многу и други обврски. Тешко со една жица, ми требаат 16А по гранка... Мада струјата во сториџите е пулсна, сепак веќе имам измотано со повеќе жици и ними ќе ги користам.
Title: Одг: СМПС - со надеж дека ќе стигнам да го изградам ;D
Post by: slidermc on 12.11.2014, Wednesday, 18:22:49
Quote
50-100 вати не се исплаќа смпс
Апсолутно.

Епа да ке ти треба бајаги поголемо storage јадро, чим правиш толку јако СМПС, плус некаде 1кW треба да издржува. Штета што нема регулација, ке треба за волкава јачина.
Title: Одг: СМПС - со надеж дека ќе стигнам да го изградам ;D
Post by: bicikle on 12.11.2014, Wednesday, 22:28:54
Има заштита од краток спој, а јадрата не треба да се кој знае колкави, пошто се користи целобранов мост, така да може и сосем без јадра.
Title: Одг: СМПС - со надеж дека ќе стигнам да го изградам ;D
Post by: slidermc on 13.11.2014, Thursday, 18:31:49
Кои мосфети планираш да ги користиш?
Title: Одг: СМПС - со надеж дека ќе стигнам да го изградам ;D
Post by: Atanas on 13.11.2014, Thursday, 18:36:12
Првпат гледам вакво нешто .. Што значи тоа СМПС, објаснување ? Благодарам. :D
Title: Одг: СМПС - со надеж дека ќе стигнам да го изградам ;D
Post by: Zan on 13.11.2014, Thursday, 19:00:58
SMPS = switching-mode power supply

Code: [Select]
http://en.wikipedia.org/wiki/Switched-mode_power_supply
Title: Одг: СМПС - со надеж дека ќе стигнам да го изградам ;D
Post by: Atanas on 13.11.2014, Thursday, 19:04:00
Благодарам, се надевам ќе ми стане појасно ...:D
Title: Одг: СМПС - со надеж дека ќе стигнам да го изградам ;D
Post by: bicikle on 13.11.2014, Thursday, 20:54:20
13007 кои уствари и не се мосфети :) Имам такви на лагер и ради фрекфенцијата.
Смпс уствари е прекинувач кој сам се пали-гаси многу брзо(неколку стотици илјади пати во секунда). Ваквата појава овозможува користење на минијатурно трафо(колку еден ќибрит) за неколку стотици вати, што значи е ефтино. За разлика од класичното трафо има помал век, но лесен е за одрњавање.
Title: Одг: СМПС - со надеж дека ќе стигнам да го изградам ;D
Post by: slidermc on 13.11.2014, Thursday, 23:56:39
Овие IR2153 (и ватијантите IR2151, IR2155) се на правени за да возат мосфети. Јас ги правев со IRF840, евтини се, и лесно се наоѓаат.
Title: Одг: СМПС - со надеж дека ќе стигнам да го изградам ;D
Post by: bicikle on 14.11.2014, Friday, 00:15:00
Мислам и овиер ќе ги возат.. колку се 840-ките ?
Title: Одг: СМПС - со надеж дека ќе стигнам да го изградам ;D
Post by: slidermc on 14.11.2014, Friday, 01:22:25
Кај гац за 50 ги зимам, за друго место нз. Знам дека на српскиот форум ги пробуваа со ИГБТ и им работеше. Не знам може да пробаш :)
Title: Одг: СМПС - со надеж дека ќе стигнам да го изградам ;D
Post by: bicikle on 14.11.2014, Friday, 14:25:33
ИГБТ се поскапи мислам а и треба некое зверскотрафо, неме ми е од комјутер, така да ќе видам комку може да извадам од него, бидејќи 2153 е мах 100 кхз
Title: Одг: СМПС - со надеж дека ќе стигнам да го изградам ;D
Post by: bicikle on 08.12.2014, Monday, 20:13:51
еве и првичната ппк и бидејќи не сум уходан со сервериве и аплоудиве, а качувам 2 фајла годишно, се надевам дека нема да му биде прблем неко му да ја среди темата. моментално фајлот ќе биде на форум и се отвара со express pcb
Title: Одг: СМПС - со надеж дека ќе стигнам да го изградам ;D
Post by: slidermc on 08.12.2014, Monday, 20:48:51
Може во ПДФ формат да прикачиш?

Споено мислење: 08.12.2014, Monday, 22:39:39
Ако не се лажам, кога горат овие full-bridge, горат сите 4 транзиастори, и 2та IR, затоа внимателно :D
Title: Одг: СМПС - со надеж дека ќе стигнам да го изградам ;D
Post by: bicikle on 08.12.2014, Monday, 23:52:18
И на полу мост горат 2-та... само овде со 4 добиваш скоро дупло снага ако ти  дозволува трафото.
инаку, појма нема верувај како би го прикачил во пдф, али спушти го програмчево, 16 мг е едноставно е, во него е правено
Code: [Select]
http://www.expresspcb.com/, ако знае некој нека го прикачи и како плочка со елементи и само водовите, мада не се сите елементи допишани али може спрема шемата да се види кое каде е. Патем уште ја немам тестирано плочката, затоа проверете дали има некоја грешка.

Споено мислење: 09.12.2014, Tuesday, 01:49:54
Еве римејк на пцб-то, не го избришав предходното да не остани низ базата....
Title: Одг: СМПС - со надеж дека ќе стигнам да го изградам ;D
Post by: GigaWatt on 09.12.2014, Tuesday, 07:18:43
Еве го PCB-то во PDF.
Title: Одг: СМПС - со надеж дека ќе стигнам да го изградам ;D
Post by: slidermc on 09.12.2014, Tuesday, 11:18:51
Кое трафо ке го користиш? Повекето за ПЦ се со 2 ногички на примар а 6 на секундарот, плус масата е онаа жичка самостојно која излегува од трафото. Не ми се допаѓа колку е блиску секундарот со исправените 320В, опасно е тоа.
Title: Одг: СМПС - со надеж дека ќе стигнам да го изградам ;D
Post by: bicikle on 09.12.2014, Tuesday, 22:17:59
Толкава ми беше плочката, зато го ставив изворниот фајл за да може да се корегира, вака најверојатно ќе треба да се помини тој дел со восок да не искри случајно: Инаку имам еден торус од алпина појачало за во кола најверојатно него ќе вграда, али ознаките на него едвај се познаваа така да не ги дешифрирав, има од прилика 0.7цм‘2 површина па би требало некои 300-400w да извадам од него. Малото трафо не е  критично може да се намота на некое од побудните, планирано е да биде легнато.
Исто така така излезните транзистори треба да се постават соодветно во зависност од пакувањето.
Title: Одг: СМПС - со надеж дека ќе стигнам да го изградам ;D
Post by: slidermc on 09.12.2014, Tuesday, 22:28:38
Само внимавај дали тоа феритно јадро е предвидено за тие свичинг фреквенции.
Title: Одг: СМПС - со надеж дека ќе стигнам да го изградам ;D
Post by: bicikle on 10.12.2014, Wednesday, 20:56:55
Затоа на плочката предвидов место за тримери за да може да се наштела фрекфенцијата.. И исправувачките диоди може да греат поради превискоа фрекфенција, и ако ен се лажам 60-70кхз се во некој нормален опсег на работа на смпс-а, а секако 2153 100кхз веке му се оверклок, така да најверојатно ке го тера нешто испот тие граници. Панирам вечерва да го пробувам, па ако оди се по план ќе пишам што биднало.
Title: Одг: СМПС - со надеж дека ќе стигнам да го изградам ;D
Post by: slidermc on 10.12.2014, Wednesday, 23:00:38
Како исправувачки диоди обавезно оди со BYW29 или некои слични типови со ладилник предвидени за СМПС. Мене ми се случи со обични шотки диоди, немонтирани на ладилник да се угреат толку многу за да се одлемат сами од плочка и да паднат на маса :D

Па да, тука некаде е свичинг фреквенцијата на сите полумостни СМПС. Паметно за тримерите, само додека ги пипкаш можно е лажно да се повиши фреквенцијата, мене ова ми се случуваше на тие од АТХ.

Обавезно извести за тоа што биднало, и не заборавај на ЛАМПАТА СЕРИСКИ СО СМПС инаку отидоа 500 денари :D
Title: Одг: СМПС - со надеж дека ќе стигнам да го изградам ;D
Post by: bicikle on 11.12.2014, Thursday, 03:33:20
да да со ламба... од искуство :) Патем до сега приметив дека диодата што ги врзува пин 1 и 8 од првото иц е инверзно врзана, па пазете :)
Title: Одг: СМПС - со надеж дека ќе стигнам да го изградам ;D
Post by: bicikle on 16.12.2014, Tuesday, 16:37:59
Има некој идеа зошто на првото иц на ЛО добивам константрни -12в???
Title: Одг: СМПС - со надеж дека ќе стигнам да го изградам ;D
Post by: slidermc on 16.12.2014, Tuesday, 18:24:56
Дали е се во ред со ИК? Пробај замени ги двата. Со што ги напојуваш?
Title: Одг: СМПС - со надеж дека ќе стигнам да го изградам ;D
Post by: bicikle on 16.12.2014, Tuesday, 18:37:04
ги заменив, исти ѓаол... со трафо башка, 11-12в, нема транзистори извадени се... т.е. само тие 12в се нема 320 в пуштено. Предходно имав некој вод погрешно пуштено, може да се рикнати двете иц-а? Мада наместо 320в имаше некои 50-60в 1-2А....
Title: Одг: СМПС - со надеж дека ќе стигнам да го изградам ;D
Post by: slidermc on 16.12.2014, Tuesday, 21:50:50
Ајде пробај еден по еден, на онаа левата страна од шемата ако имаш подножје со тоа што ке го извадиш Ra, таа е стандардно поврзана за IR2153. Мене цркнатите ми даваа нешто сличен симптом. Оние -12В ги добиваш споредено со маса така?
Title: Одг: СМПС - со надеж дека ќе стигнам да го изградам ;D
Post by: bicikle on 16.12.2014, Tuesday, 23:41:50
помеѓу + и ЛО има константен напон од 12 в, на ХО има некој моментален пулс, ама значи при првото мерење се јавува некој напон и потоа напонот е 0 се до следното вклучување, нешто како на кондензатор напон да мериш... Ај ќе менам деновиве(да ми стигнат) интегрални, па ќе видам што ке се случи... Мада не гледам прилина овие да се рикнати али ајде да не е до ними...