Македонски форум за електроника

Електронски уреди => Аудио опрема => Topic started by: mitanka on 26.06.2014, Thursday, 13:46:05

Title: Никола Тесла Појачало WS-310Y - Решено!
Post by: mitanka on 26.06.2014, Thursday, 13:46:05
Појачалово е дел од троделен систем со радио и дек од ЕИ Ниш. Уствари искача дека тоа е Unitra ws-311.  Едниот канал на појачалово му работи слабо, скоро да едвај се слуша. Излезниот степен е во ред зачто кога ќе го пуштам звукот директно низ него добро го засилува. Така излева дека предпојачалото нешто не е во ред. Според шемата за него напонот од 24V на емитер на транзисторот Т205 го нема. Додека на колектор му доаѓа на понот од 47 волти. Ги проверив сите транзистори, скоро сите отпорници уште неколку ми остана. Повеќето електролите ги преместив од добриот канал у лошиот. И добриот си има звук, лошиов нема и нема звук. Можно ли е транзисторите иако покажуваат на инструмент дека се добри сепак да не работан нешто. Има некој идеја/искуство што би можело да е?
Title: Одг: Никола Тесла Појачало WS-310Y
Post by: ShAdOw on 26.06.2014, Thursday, 14:26:18
Сигнал трасер во рака и прати го сигналот, така многу лесно ќе откриеш каде е проблемот...

Друго провери ги потенциометрите за глас, баланс...
Title: Одг: Никола Тесла Појачало WS-310Y
Post by: mitanka on 26.06.2014, Thursday, 14:45:56
Баланс го извадив од плоча и го проверив, Другите од плоча, пошто се стерео понашањето им е исто како на тие за добриот така и овој за проблематичниот со сигнал практично и утврдив дека предпојачалото не си ја врши работата. Сигналот од кај потенциометарот за баланс па кон појачалото си е убав и чист. Проблемот е некаде од влез до после Транзисторите кои се после потенциометрите за високи и ниски. Се ми личи на некој ладен лем. Но мислев да си прашам и по форуми може некој си имал мака предходно, пошто е нишко и старо.
Title: Одг: Никола Тесла Појачало WS-310Y
Post by: dimce on 26.06.2014, Thursday, 20:14:20
Мора да ти е некој отпорник во прекин или транзисторите да се во прекин.Провери на база дали имаш напон на Т205 а најубаво да го извадиш и да го мериш Т205.Дали проведува како што треба.Јас го имам тој засилувач малку е начичкан набиен со делови.Провери на база дали имаш напон ако нема може да ти е во прекин R231 .R237, R235,R239,R241 провери ги дали се со тие вредности од шемата.Или некој отпорник ти е во прекин или ти е некој транзистор во прекин.
Title: Одг: Никола Тесла Појачало WS-310Y
Post by: mitanka on 26.06.2014, Thursday, 23:31:21
Сите отпорници во тој канал од предпојачалото ги извадив од плоча и ги проверив. Од влез до излез т.е. до потенциометарот за глас. Извадив и трите транзистори. Се личи како да е ок. Начичканоста и не е толку голема кога ќе го расклопиш убаво како јас. Зашто е старо и очекувам да има повише проблеми. Не знам дали кажав предходно . Кога го добив појачалото осигурачот на излез на овој канал некад предходно бил изгорел и некој место да го смени му залемил жичка. Ја му ставив нов и не го изгоре повторно. У меѓувреме барајки го проблемот у предпојачалото. Тиристорот кај Т208 ( на здравиот канал) си направи куса врска и ги изгоре двата транзистора Т214 и Т216. Ги сменив тие заедно со тиристорите на двата канала и сеа тој си е пак ок. Овде во предпојачалото мислам дека го решив проблемот. Сменив сите (три транзистори), а пошто си е старо за секој случај ги сменив и сите кондензатори, се на се ме фати негде 200 ден. Едино се утепав шетајки по град. Едни ебани "BC" транзистори не можеш да најдеш па мораш да се ебаваш со замени. Муабетот е дека сеа мислам останува последниот проблем со причината зашто некад изгорел осигурачот. Приметно е дека транзисторите на излез од овој канал осетно повише греат дури и у празен од во однос на другиот. Ги мерев сите тие 5 транзистори изгледаа дека се во ред на плоча. Изгледа ќе мора да ги вадам а може и нешто друго да има проблем. Значи нема брум нема шум, само едноставно си греат, другиот канал си е мраз ладен.
Title: Одг: Никола Тесла Појачало WS-310Y
Post by: bicikle on 27.06.2014, Friday, 02:49:04
работи сега? мирната струја поддеси ја или некој елемент што е конторлира.
П.С. у следеќи ситуации пробај да се воздржиш од вулгарности, има мали деца на форумов.
Title: Одг: Никола Тесла Појачало WS-310Y
Post by: mitanka on 27.06.2014, Friday, 08:49:24
Може ли мала помош околу подесувањето на мирната струја. Мора ли да имам амперметар, не може ли со мерење на еднонасочен напон на пример. Мислам дека има на некој од форумите што се занимаваат со Унитра уредите, ама дур го најдам би замолил некој ако знае на памет кои вредности од прилика би биле добри. Јас ноќва кога го тестирав предпојачалото, му пуштив синусен сигнал со 1khz,  и мерејќи го еднонасочниот напон на излез на двата канала приметив осетна разлика. Добриот канал имаше многу повисока вредност во однос на овој што грее. Јас се мислам дека и тука ќе мењам транзисторите и кондензаторите за да се "смири". Во однос на тоа што реков "е...и транзистори" прво јас го сметам исто толку вулгарно како и "кај си бе пеер" и второ баш убаво одсликува ситуација колку човек може да се изнервира лутајки по град да најде се што му треба од делови. Идеш у логинг ништо немаат од пико вредности на кондензатори и многу обични транзистори немаат. У ГАЦ иста песна. Абе 200 ден. деловите, 500 ден горивото. Па сеа ти види.

Споено мислење: [time]27 Јуни 2014, 08:21:00[/time]
Допуна на погорниот, пошто неам амперметар и не сум сигурен која од методите е најдобра за мерење на мирна струја (по форуми човек може да најде милион начини), јас си земав за најрелевантна да ми биде мерење на напон на емитерски отпроници R257 и R277 на излезните транзистори Т213,Т215 (за проблематичниот) и R278, R276 на излезните транзистори Т216,Т214 за добриот  канал. Напоните кај добриот канал се од ред на 2mV, додека кај овој што грее се 95-120mV. Се сложувам дека со тример можам да пробам да подесувам сеа, ама една работа ме мачи дека сигурно има у колото на излезот нешто што го доведува до ова да фабричко подесување веќе не е добро за тој канал

Споено мислење: 27.06.2014, Friday, 10:41:45
Да, додадам дека и проблемот со греењето си го решив сам. Проблемот бил драјверот Т207, BD135. Диодното мерење со унимер покажуваше дека е добар, но hfe-то го издаде. Имаше само некаде 20 мислам, премалце за тој транзистор. Го сменив и пошто сите отпорници у цел излезен степен се добри, мислам дека е тоа - тоа со ова појачало. Останува да праам нова турнеја низ град попладне да најдам да ги сменам сите кондензатори за секој случај. Некој ако има мислење да ме дополни околу мирната струја би го замолил да пише. Сега напонот на емитерските отпорници е сличен и на двата канала. На тој што ми беше добар си е некаде 2-2.5mV, на овој што ми грееше сега е некаде 1.5mV. Вака разликата не е страшна и може да се подеси, ама некој поупатен би замолил да ми објасни подетално околу ова. Дали воопшто да се замарам да ги изедначам или да го оставам вака и кои вредности се добри а кои се знаци дека треба да се превземат мерки за корекција.
Title: Одг: Никола Тесла Појачало WS-310Y - Решено!
Post by: LordZi on 27.06.2014, Friday, 17:50:24
Ако работи како што треба може да го оставиш како што е, а ако те јаде црвот и ако има тример може да ја подесиш мирната струја со мерење на напонот на емитерскиот отпорник, струјата ќе ја добиеш според Омов закон зависно од вредноста на самиот отпорник.
Title: Одг: Никола Тесла Појачало WS-310Y - Решено!
Post by: bicikle on 27.06.2014, Friday, 20:47:01
Ако нема енормно греење остави ги, ако не можеш експериментално- врти го по малце тримерот и следи температура- за ова треба многу време, зависи како ќе се погоди... Друг начин е да ставиш на излез осетлив звучник и да вртиш ПОЛЕКА на тримерот, и да следиш кога е најтивок звучникот, секогаш кога е расштимана мирната струја има мал брум на звучникот. во двата случаи влезот треба да е кратко споен со масата, односно потенциометарот да е на минимум.
Инаку знам како изгледа барањето на делови, затоа пали велосипедот, поефтино фаќа.  ;D
Title: Одг: Никола Тесла Појачало WS-310Y - Решено!
Post by: mitanka on 28.06.2014, Saturday, 11:48:36
@bicikle Со МТВ Електроника и Е&П е беше мерак да работиш електроника у времето кога учев средно електро. Сеа ова е страшна мука. Страшно се сменила работава последниве 15 год. колку што има како што се имам тргнато од електрониката.
@LordZi да, да го оставив. Од кога пишав, видов дека не грее воопшто и дека нема осетна (звучна) разлика меѓу двата канала го затворив, нема што повеќе да го чепкам. Брум нема, тоа е тоа.