Македонски форум за електроника
Други технологии => Компјутерска технологија и софтвер => Topic started by: nCounTr on 23.10.2009, Friday, 19:06:52
-
Значи ова е туторијал за како да ги поврзите вашите повеќе компјутери на АДСЛ интернетот, а со мали модификации и на друг вид на интернет.
Па да започнеме:
Хардвер:
АДСЛ модем од Т-Хоум ( Најверојатно имате модем: D-Link DSL-360R )
Свич - Било која марка и било колку портови ( во зависност колку компјутери имате толку и портови ќе земете )
Минимум два компјутери ( за еден компјутер нема потреба да поставувате свичер )
Значи поврзувањето на опремата е прикажано на сликата:
(http://elektronika-mk.net/index.php?action=dlattach;topic=115.0;attach=22)
Од сликата се гледа точниот распоред на целата опрема и со каков кабел се приклучуваат.
Софтвер:
Во Windows-от/Linux-от на првиот компјутер се ставаат следните параметри на мрежната картица во IPv4 ( на XP најчесто тоа е она TCP/IP ) протоколот:
Тоа се прави на следниот начин:
Се оди на мрежната ( во Windows се вика Local Area Connection ) со десно копче и се избира опцијата Propereties, од таму ке ви излезе ново прозорче и таму ги вметнувате информациите по редослед одгоре надолу:
192.168.1.2
255.255.255.0
192.168.1.1
62.162.32.5
62.162.32.6
а за вториот компјутер само првата адреса се мени во:
192.168.1.3
а друго е се исто како и за првиот компјутер.
Исто така се прави конекција за АДСЛ како и при само еден компјутер, односно како што ви била конекцијата пред да го инсталирате свичот помеѓу компјутерот и адсл модемот, но наместо само на едниот компјутер конекцијата ја правите на двата компјутери и при користење на двата компјутери доволно е едниот да ја сврти конекцијата до интернет, а другиот автоматски ке добие интернет.
-
ама со свич само мислам дека нема да може, бидејќи интернет ќе ти иде на компјутерот само од кој што ти е одобрена MAC адресата или ?
-
Јас мислев дека само рутер доделува IP адреси а свичевите не ???
-
Свичот не доделува IP адреси туку ги дефинираш IP адресите на мрежната карта на компјутерот
-
Свичот не доделува IP адреси туку ги дефинираш IP адресите на мрежната карта на компјутерот
Значи како што има напишано гоце во цитатот погоре, свичот не ги доделува туку вие си ги поставувате адресите на мрежните картичка/и на компјутерот/ите притоа внимавајќи да не преклопите некоја од адресите.
Исто така адресата 192.168.1.1 неможе да се постави на било кој од компјутерите бидејќи таа адреса е зафатена од самиот модем.
Значи било кои адреси од опсегот 192.168.1.2 - 192.168.1.254 може да се искористат за компјутерот/ите.
-
Да и јас користев свич до пред некое време, се беше во ред само што кога префрлував нешто во мрежа од еден на друг компјутер тоа ми го регистрираше како прикачени и симнети податоци од на нет и се чудев од каде толкава сметка... xD
-
192.168.1.1 НЕ Е ИП НА МОДЕМОТ ! ! !
Ова нема да работи.
Ви треба рутер за да дели интернет по ИП адреси. Свич дели по МАК адреси.
-
Може е биз рутер само со свич проверено работи без проблем само што на секој компјутер ке треба да се направи broadband конекција и да се сетира различна ИП адреса
-
Може е биз рутер само со свич проверено работи без проблем само што на секој компјутер ке треба да се направи broadband конекција и да се сетира различна ИП адреса
Максимално 3 компјутери така ќе работат.

Ne bi rekol, jas imam uspesno konektirano 5 kompjuteri na ADSL preku svich.
P.S. Se izvinuvam za latinica no pisam od mobilniot telefon na koj nemam poddrska za kirilica.

На секој правеше адсл конекција ? ... Хм... чудно :)
-
Дечки со свич не може!!!!!!!!!! Само со РУТЕР....
-
А нас како ни успеало? :) Или лажеме дека ни успеало?
-
Може и со switch и со router, и со двете може ;).
-
јас преку свич имам делено на 5 компјутери (адсл од он.нет) и добивав различни адреси за секој компјутер (не локални)
-
Одлично туторијалче. Корисно за многу луѓе кои не се разбираат во мрежи, а сакаат да поделат интернет на повеќе компјутери.
;)
Е сега во врска со ова:
Да и јас користев свич до пред некое време, се беше во ред само што кога префрлував нешто во мрежа од еден на друг компјутер тоа ми го регистрираше како прикачени и симнети податоци од на нет и се чудев од каде толкава сметка... xD
Ова ми е малку чудно и нелогично бидејки и да го исклучиш модемот, ти пак ке имаш мрежа на компјутерите и пак ке можеш да префрлаш податоци од еден на друг компјутер а ке немаш интернет само. Па каде е тука логиката трансферот на податоци да ти влезе во сметката за интернет ???
Нешто или си се збунил или пак високата сметка за интернет ти произлегува од некаде на друго место. У принцип трансферот на податоци, односно сообраќајот помеѓу двата компјутери ке се одвива преку свичот, а не преку модемот...модемот во случајот на пренос на податоци од комјутер на компјутер ама нема баш никаква врска ;)
-
имаш фајл шеринг инструкција не би требало да ти влече интернет
-
јас во моментот имам повзано интернет на 2 компјутери преку свич.ги немам ставено тие ИП адреси односно нема никакво поврзување помегу двата компјутер.на двата имамм направено конекции за адсл и секој си работи независно.Што знци компјутер 1 мозе да биде исклучен а 2ката да има интернет и обратно

Може и така, но двата компјутера нема да се гледаат во мрежа, но ќе имаат интернет независно, така имав направено кај мој пријател поради тоа што тој сакаше така.
Инаку моментално кај мене мрежата е вака:
NanoStation L2 WLAN (WAN) -> m0n0wall Router (LAN - 01)
m0n0wall Router (WLAN) -> 3xLaptops (WiFi)
m0n0wall Router (LAN - 02 & LAN - 03) -> Optional Server Machines (NAS/DATA/MAIL/DMZ etc - Моментално Disabled)