Македонски форум за електроника

Дигитална електроника => Микроконтролери => Topic started by: dr-mr on 16.06.2013, Sunday, 01:55:54

Title: Прашање за SPI Flash Programmer?
Post by: dr-mr on 16.06.2013, Sunday, 01:55:54
Треба да прочитам флеш меморија winbond 25q80bvsig, планирам да го правам програматорот од линкот.
Code: [Select]
http://circuitish.com/projects/spi-flash-programmer-v2-2/Ме интересира дали наместо да правам 5в и 3.3в стабилизатор да му донесам 3.3в од друг стабилизатор, дирктно на 3.3в џамперот.
Јас мислам дека може.
Ако е темата на грешка место преместете ја.
Title: Одг: Прашање за SPI Flash Programmer?
Post by: batka on 16.06.2013, Sunday, 03:44:07
Може,зошто да не .Ако најдеш некое компјутерско напојување ,таму имаш и 5 и 3,3V (црвена и розева жица ,масата е црна жица)
Title: Одг: Прашање за SPI Flash Programmer?
Post by: GigaWatt on 16.06.2013, Sunday, 08:20:52
И со PICkit 2 можеш да пограмираш и да читаш 25X мемории. А инаку, да, можеш да му донесеш друг напон по потреба, нема проблем ;).

Околу конкретниот EEPROM Winbond 25Q80BVSIG, EEPROM-от работи со напон од 2.7V до 3.6V, што значи дека напон од 3.3V би му одговарал ;).
Title: Одг: Прашање за SPI Flash Programmer?
Post by: dr-mr on 16.06.2013, Sunday, 15:50:14
Уште едно прашање.
Дали може да го програмирам чипот дирекно на плочатра да не го разлемувам.
да не му ставам напојување и да го прочитам дирекно кога ке го вклучам лаптопот, со програматорот кој го поставив во линкот.
ако некој има предлог за програматор за директно на плочата нека предложи  ;D
Или да го искористам овој програматор
Code: [Select]
http://translate.google.com/translate?sl=&tl=en&u=http%3A%2F%2Frayer.g6.cz%2Felektro%2Fspipgm.htm
Title: Одг: Прашање за SPI Flash Programmer?
Post by: GigaWatt on 16.06.2013, Sunday, 17:50:44
Дали може да го програмирам чипот дирекно на плочатра да не го разлемувам.
да не му ставам напојување и да го прочитам дирекно кога ке го вклучам лаптопот, со програматорот кој го поставив во линкот.

Па... зависи. Бидејќи станува збор за прилично низок напон на напојување (во конкретниов случај, 3.3V), можно е и да може, но не е препорачливо. Ако на ист rail се напојува и контролерот кој ги чита податоците од меморијата, можно е да си направиш проблем, EEPROM-от да добива команди од две места (од програматорот и од контролерот), а и два различни clock-а. Можно е и воопшто да не проработи, да се зезне EEPROM-от, програматорот или контролерот... кратко речено, еден куп проблеми може да си направиш. А можно е, ако станува збор за некој поголем уред, да се врзани напоните за напојување од 3.3V на сите контролери заедно, па да повлечат сите струја од екстерното напојување на програматорот, напојувањето да не може да ја даде таа јачина на струја, напонот да падне и воопшто да не можеш да ги исчиташ податоците од EEPROM-от.

Евентуално, може да се проба само со вадење на Vcc (Vdd) пинот од EEPROM-от и да се врзе напонот за напојување од програматорот директно на тој пин. Вака, сигурно нема да се активира контролерот за EEPROM-от, ниту било кое друго околно коло, бидејќи нема начин да дојде напојување до него ;). Би требало вака да можеш без проблем да ги исчиташ податоците од EEPROM-от ;).

Јас колку што ја разгледав шемата, оваа шема се врзува за паралелен порт на PC. Ме интересира, каде си нашол лаптоп со паралелен и сериски порт ;D? Освен ако не е некој постар модел (PII или PIII), не верувам дека сега се произведуваат лаптопи со сериски и паралелни порти ;D. Имаше Dell една серија на P4 со еден додаток кој се поставува под лаптопот на кој имаше LPT, COM и додатни USB порти, ама и таа серија е веќе застарена и не се произведува.

ако некој има предлог за програматор за директно на плочата нека предложи  ;D

Реално гледано, сите програматори за EEPROM-и (па и микроконтролери) имаат потенцијал да бидат ICP (In-Circuit Programmer) програматори, под услов напојувањето за EEPROM-от да биде изведено одделно од останатото напојување на колото. Бидејќи оваа ситуација е ретка, следува дека, ова најверојатно не е точно дури и за оние програматори за кои дизајнерите на шемата тврдат дека се ICP програматори. Нека не ве лаже дизајнот на плочката (ако има пинчиња за екстерно врзување). Кратко кажано, ако има само еден микроконтролер во шемата на уредот, да, најверојатно ќе може програмата од микроконтролерот да се исчита со ICP програматор, но ако има повеќе кои комуницираат едни со други (како што е случајот со комбинацијата EEPROM <--> микроконтролер), најверојатно напојувањата им се заеднички, што значи дека ако донесете напон на едниот микроконтролер/EEPROM, и другиот ќе се активира и ќе побара да комуницира со оној од кој пробувате да ги исчитате податоците. Тука се јавува конфликтот.

Или да го искористам овој програматор
Code: [Select]
http://translate.google.com/translate?sl=&tl=en&u=http%3A%2F%2Frayer.g6.cz%2Felektro%2Fspipgm.htm

Овој ми е некако несигурен. Користи отпорници за намалување на 5V-ниот напон од паралелниот порт за комуникација со EEPROM-от. Не знам, ова не ми се допаѓа. Ако веќе планираш да го правиш овој, врзи и зенери диоди од 3.6V према маса на секој од rail-овите со кои EEPROM-от комуницира со паралелниот порт. Истото важи и за првата шема.

Мене лично ако ме прашуваш, од овој аспект, далеку подобро е решен PICkit 2 отколку овие програматори. При бирање на напон за напојување на микроконтролерот или EEPROM-от, се подесува и максималниот излезен напон на секој од пиновите со кои комуницира програматорот со EEPROM-от или микроконтролерот. А има поставено и напонски делители за „прилагодување“ кон влезната отпорност на различни микроконтролери и EEPROM-и. Вакви заштити немаат програматорите кои ги ги имаш post-ирано.
Title: Одг: Прашање за SPI Flash Programmer?
Post by: dr-mr on 16.06.2013, Sunday, 20:11:28
Нема да користам лаптоп за да го поврзам програматорор, меморијата која сакам да ја прочитам е на лаптоп.
Моментално немам пикит на располагање затоа ги гледам тие два едноставни се за правење со делови што ги имам дома.
 На вториот линк пишува дека типот го користел програматорот без да ја одлемува меморијата, не ја вклучил плочата донел надворешно напојување на чипот и го прочитал, исти чип како што сакам јас да прочитам само со помала меморија.

Ако те разбрав добро, за вториот програматор се користи дополнително напојување од  3,3v не се користи напојување од паралелниот порт, ако мислеше на тоа.
Title: Одг: Прашање за SPI Flash Programmer?
Post by: GigaWatt on 16.06.2013, Sunday, 20:23:48
На вториот линк пишува дека типот го користел програматорот без да ја одлемува меморијата, не ја вклучил плочата донел надворешно напојување на чипот и го прочитал, исти чип како што сакам јас да прочитам само со помала меморија.

Јас не би користел ниеден од двата програматори, а ти како сакаш, изборот е твој.

Не пробувам да те убедам, но станува збор за прилично скапа работа, лаптоп. Ако е твој и сакаш да експериментираш, ОК, ти си го превземаш ризикот. Но, ако мене ми дојде на сервис нешто вакво, јас не би ризикувал.

Ако те разбрав добро, за вториот програматор се користи дополнително напојување од  3,3v не се користи напојување од паралелниот порт, ако мислеше на тоа.

Не мислев на тоа, но во право си за тоа што го пиша ;D. И првиот и вториот програматор користат екстерни напојувања (не го напојуваат EEPROM-от од LPT портот) ;).

Инаку, мислев на напонските нивоа на излез од LPT портот. Тие се 5V, а и двата програматори користат само отпорници за намалување на овој напон, при што, напонскиот делител се оформува со внатрешната отпорност на секој од пиновите преку кои се приклучува програматорот со EEPROM-от (освен Vcc пинот, се разбира, тој директно се приклучува). Сметам дека ова не е добра практика. Различни производители на EEPROM-и може да имаат различна влезна отпорност на тие пинови, со што падот на напонот ќе биде различен и може многу да варира. Јас би поставил и зенер диоди од 3.6V на секој од тие пинови. Со ова, драстично се намалува ризикот од евентуално оштетување на EEPROM-от во случај на доаѓање на превисок напон на некој од пиновите на EEPROM-от.
Title: Одг: Прашање за SPI Flash Programmer?
Post by: dr-mr on 16.06.2013, Sunday, 20:43:58
 Најдобро би било да го направам пиккит2 клонот да го извадам чипот од плочата и да го прочитам.
Title: Одг: Прашање за SPI Flash Programmer?
Post by: GigaWatt on 16.06.2013, Sunday, 21:06:14
Па да, мое лично мислење е да ;).