Македонски форум за електроника

Други технологии => Компјутерска технологија и софтвер => Topic started by: warningteam on 22.05.2013, Wednesday, 10:50:42

Title: Помош за преправка од обична во USB тастатура
Post by: warningteam on 22.05.2013, Wednesday, 10:50:42
Имам тастатура Ibm ептен стара е уште со првиот компјутер ја имав земено,модел kb-8926 сега ме интересира дали може да се преправи кабелот да биде со усб кабел не обичен инаку има 5 жици црвена, кафена,сива,жолта и една жица без обвивка гола ваљда таа е маса а жиците од усб кабелот се  бела,зелена,сина,портокалова знае ли некој која со која жица треба да се поврзе за да работи со УСВ кабел :S
Title: Одг: Помош за преправка од обична во УСБ тастатура
Post by: StefanJapanac on 22.05.2013, Wednesday, 11:05:26
Мислам дека е невозможно  без некој конвертор од PS2 во USB. Без дополнителни кола неможеш

Споено мислење: 22.05.2013, Wednesday, 11:11:42
Пробај вака ако не те чини ништо
(http://i45.servimg.com/u/f45/13/05/77/43/usb-to11.jpg)
Title: Одг: Помош за преправка од обична во УСБ тастатура
Post by: warningteam on 22.05.2013, Wednesday, 11:25:29
да не беше скинат конекторот би пробал затоа ги пишав жиците  пошто е скинат конекторот..
Title: Одг: Помош за преправка од обична во УСБ тастатура
Post by: Zan on 22.05.2013, Wednesday, 12:18:02
Не може без конвертор.
Title: Одг: Помош за преправка од обична во USB тастатура
Post by: GigaWatt on 22.05.2013, Wednesday, 13:39:08
Во право е Zan, не може без конвертор. Ги има да се купат, не се баш скапи, максимум 100 денари ;).
Title: Одг: Помош за преправка од обична во USB тастатура
Post by: ShAdOw on 22.05.2013, Wednesday, 15:05:17
Ова би требало да му заврши работа ;).

Code: [Select]
http://anhoch.com/pcmarket/index.php?cat_id=408&pid=5460
Title: Одг: Помош за преправка од обична во USB тастатура
Post by: batka on 22.05.2013, Wednesday, 17:54:53
Ако е тастатурата малку постара ,не се мачи бадијала- за 200 денари имаш веке нови тастатури,а вака може и некој УСБ порт да * рикнеш*.
Title: Одг: Помош за преправка од обична во USB тастатура
Post by: GigaWatt on 22.05.2013, Wednesday, 22:22:36
Ако е тастатурата малку постара ,не се мачи бадијала- за 200 денари имаш веке нови тастатури,а вака може и некој УСБ порт да * рикнеш*.

Ако е емоцинално поврзан со тастатурата како јас со мојата, тотално го разбирам ;D. Јас дури барав иста како онаа што ја имам на едното (главното) PC (некоја Genius од пред 12-тина години ;D) за да поставам на PC-то во работилница ;D. По некоја случајност (читајте чиста среќа ;D), најдов баш таква ;D.

Не знам зошто, но едноставно навикнат сум на неа ;D. Немам проблем со куцање и на други тастатури, ама оваа мојата е... не знам... некако special ;D. Не е исто без неа и не сакам да ја менувам за ништо ;D. Барем од мене, имаш поддршка за подвигов warningteam ;D.
Title: Одг: Помош за преправка од обична во USB тастатура
Post by: batka on 22.05.2013, Wednesday, 23:17:05
Абе имам еден таков *емоцијалец* на работа! Реши да направи дрвена основа за тастатура ,ја исековме металната плоча.се витка фолијата и сега ке ставиме лед светло .Моментално се сечат отвори на стаклопластика .Ајде го разбирам -уникатно да било.Ама овој случај се решава со еден адаптер од 50 денари.УСБ кабелот од 1,5 м е 100 денари .
Title: Одг: Помош за преправка од обична во USB тастатура
Post by: GigaWatt on 22.05.2013, Wednesday, 23:28:21
Абе имам еден таков *емоцијалец* на работа! Реши да направи дрвена основа за тастатура ,ја исековме металната плоча.се витка фолијата и сега ке ставиме лед светло.

Не не, јас не сакам да си ја преправам мојата, одлична си е каква што е ;D.
Title: Одг: Помош за преправка од обична во USB тастатура
Post by: batka on 22.05.2013, Wednesday, 23:34:53
Ама сега е 24х13 см *без нумерички дел*,а уште и *чикони*  е ,механичка.Стравотија,како на налани по калдрма да одиш! 8) ;)
Title: Одг: Помош за преправка од обична во USB тастатура
Post by: warningteam on 23.05.2013, Thursday, 21:04:08
Искрено сум врзан емоционално пошо не верувам новиве тастатури толку да издржат трескање  и лупање по неа  затоа не ја оставам така лесно :D него за ова нели може некако дирекно да се врзат жиците од тастатурата и жиците од усб портот :S  пошо кабелот ми е скинат-конекторот и неможам и да купам таков конвертор џабе ми е :/
Title: Одг: Помош за преправка од обична во USB тастатура
Post by: Devil on 23.05.2013, Thursday, 21:17:37
неможе затоа што има одредена логика која се тоа контролира
Title: Одг: Помош за преправка од обична во USB тастатура
Post by: GigaWatt on 23.05.2013, Thursday, 21:25:38
Искрено сум врзан емоционално пошо не верувам новиве тастатури толку да издржат трескање  и лупање по неа  затоа не ја оставам така лесно :D

Една од причините поради која сум емоционално врзан со мојата тастатура е токму оваа ;D. Ма што сакаш прави и, ништо не и е ;D. А новиве :S... многу се нежни :S... Кинеска направија :S... не дека овие постариве не беа од Кина ;D, и тие беа, ама па и цената им беше посоленка, што значи дека сепак биле правени како што треба ;). А не, сега, 200 денари тастатура :S... се знае што може да очекувам од тоа чудо, само од куцање ќе и паднат дирките ;D. За вакви тастатури, се знае, половина година или година и толку, фрлај ;D.

... него за ова нели може некако дирекно да се врзат жиците од тастатурата и жиците од усб портот :S  пошо кабелот ми е скинат-конекторот и неможам и да купам таков конвертор џабе ми е :/

Не верувам дека волку стара тастатура има контролер со поддршка за USB :S.
Title: Одг: Помош за преправка од обична во USB тастатура
Post by: Zan on 23.05.2013, Thursday, 22:03:52
...нели може некако дирекно да се врзат жиците од тастатурата и жиците од усб портот
пошо кабелот ми е скинат-конекторот и неможам и да купам таков конвертор џабе ми е

Не може жиците да се врзат директно на портот. Ако пробаш, може да го оштетиш портот или цела матична плоча, а може и да не се оштети ништо, но нема шанси да работи.
Една опција е да купиш конвертор, да го отвориш и да ги залемиш жиците од тастатурата директно на конверторот.
Друга опција е да купиш нова тастатура.

Code: [Select]
http://anhoch.com/pcmarket/index.php?cat_id=397&pid=30346
Title: Одг: Помош за преправка од обична во USB тастатура
Post by: batka on 23.05.2013, Thursday, 22:20:32
Многу кажавме ,ама не знам дали се разбравме- таа стара,велам стара технолошки- не може да се *претопи* во УСБ само со лемење на жиците.Мислам дека јасно е се кажано.Секоја погрешна манипулација може да прегоре некој контролер за напон на УСБ порта! Сум се сретнал многупати со вакви * квази* преправки и секогаш завршувале со неуспех.И не е вистина дека во МКД нема добри тастатури - има ама се поскапи од 300 денари колку во просек чинат кинеските .Има * Џениус* тастатури кои се навистина добри,со многу мултимедијални подесувања ,за кои некој сигурно би далл 20-25 ЕУ,ако му е тоа потребно.И јас повеке сакам *ниски* ,меки копчиња, на кои брзо се работи  и имаат своја убавина.
Title: Одг: Помош за преправка од обична во USB тастатура
Post by: GigaWatt on 24.05.2013, Friday, 03:24:48
Само да го дообјаснам мојот претходен post. Во поновиве тастатури и мауси (пред се мауси, јас ова во мауси го имам начекано, а за тастатури, случајно online прочитав, и тоа не сите тастатури и мауси, само во мал дел од нив) има контролери кои имаа двојни порти, односно едни пинови се за USB, други за PS/2, па само се менува кабелот уште во самата фабрика каде што се произведува маусот или тастатурата (за USB се става еден кабел, за PS/2, друг кабел и тоа е тоа). Овие тастаури и мауси не се пречести, но имам видено вакви (на пример, пиновите за Vcc и GND им се заеднички, но имаат пинови и за CLK и DATA за PS/2, односно DATA+ и DATA- за USB, значи овие контролери имаат се на се по 6 пинови за интерфејсот: Vcc, GND, CLK, DATA, DATA+, DATA-). Дури имам видено и контролер за маус кој е наменет за USB (таков конектор имаше поставено на маусот), но во datasheet-от за контролерот, пишуваше дека може да се врзе и за PS/2 (не ми текнува кој од пиновите беше поврзан за CLK и DATA, дали DATA- беше CLK а DATA+ беше DATA, не ми текнува, но во datasheet-от пишуваше дека има таква опција контролерот и, као демек, автоматски детектирал дали е врзан за USB или PS/2... колку е ова точно, не знам, не проверив). Но, од друга страна, немам видено контролер за маус кој фабрички е наменет да работи на PS/2, да може да се приклучи на USB (двата претходни примери кои ги наведов беа за мауси кои фабрички беа наменети да се користат на USB).

Значи, твојата тастатура најверојатно нема контролер кој може да работи во „двоен мод“ (на USB и на PS/2) бидејќи е постар модел (повторно, претходните два примери кои ги наведов беа на прилично нови мауси, купени 2012-та година, а освен тоа, еден од нив бил купен во странство, не кај нас), а и да не беше постар модел, како што наведов, овие два примера беа за мауси наменети да работат на USB, не на PS/2.

Ти јас разбирам „болката“... евентуално, како крајна опција, отвори ја тастатурата и ако контролерот не е изведен како „црна плуканица“ (не е "on board" залиен на плочката), провери кои му се ознаките на контролерот (чипот) и симни datasheet од него. Најпросто, направи search низ datasheet-от за зборот "USB" или "Universal Serial Bus". Ако некаде го начекаш во datasheet-от провери што пишува, дали важи за тој контролер, да не важи за некој друг од неговата фамилија, итн. Ако никаде во datasheet-от не пишува "USB" или "Universal Serial Bus"... тоа е тоа, друго освен конвертор од PS/2 во USB, не те спасува.
Title: Одг: Помош за преправка од обична во USB тастатура
Post by: batka on 24.05.2013, Friday, 15:41:35
Накратко кажано: ги разбирам емоциите кон тастатурата,ама технологијата си е технологија  и не гледам зошто да се компликуваат работите.Имаш две можности,како на сликиве и крај на приказната :D :D 8) ;)

(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/PS2_To_USB.jpg)       (http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/Mouse_And_Keyboard_PS2_To_USB.jpg)