Македонски форум за електроника

Останато => Сè останато => Topic started by: Atanas on 28.03.2013, Thursday, 21:59:54

Title: Каде можам да најдам отпорник од 56 Кило оми ?
Post by: Atanas on 28.03.2013, Thursday, 21:59:54
Па вака ми треба отпорник од 56 кило оми бојата мислам дека е зелена плава црвена ако има некој нека ми каже важно е.
И ако може да ми кажете дали можи да се стави послаб на пример од 47 кило оми
Title: Одг: Каде можам да најдам отпорник од 56 Кило оми ?
Post by: Devil on 28.03.2013, Thursday, 22:04:41
Од колкава моѓност треба да е отпорникот ?
Зависно од тоа каде треба да се постави, во некој случај би можело да се промени, и да се стави од 47к, со тоа што ќе треба да видиш да ги промениш (најверојатно) и околните компоненти околу него.
Инаку го има во сите продавници за електроника, од 1/8W до кај 1/4W би бил по 1 денар, за 1/2W би ти зеле можеби 2 денари, за 5W 5-10 денари и така натака..
Title: Одг: Каде можам да најдам отпорник од 56 Кило оми ?
Post by: Atanas on 28.03.2013, Thursday, 22:08:02
Од колкава моѓност треба да е отпорникот ?
Зависно од тоа каде треба да се постави, во некој случај би можело да се промени, и да се стави од 47к, со тоа што ќе треба да видиш да ги промениш (најверојатно) и околните компоненти околу него.
Инаку го има во сите продавници за електроника, од 1/8W до кај 1/4W би бил по 1 денар, за 1/2W би ти зеле можеби 2 денари, за 5W 5-10 денари и така натака..
Па ми треба за во индикатор за вода го спремам за на натпреваров што е на 6 затоа барам ако можеш ти да најдиш кажи ми и да ти го купам . Од кој град си ?
Title: Одг: Каде можам да најдам отпорник од 56 Кило оми ?
Post by: Devil on 28.03.2013, Thursday, 22:21:28
чоек 1 денар кошта :D, ќе те частам еден гратис :D

од околијата на Битола сум, ама секој ден сум Битола :D

оди кај било кој сервисер, побрај му еден отпорник ќе ти даде, кажи му дека ти е за на натпревар и дека не можеш да го најдеш ова она нешто смисли ќе ти дадат 1
Title: Одг: Каде можам да најдам отпорник од 56 Кило оми ?
Post by: Atanas on 28.03.2013, Thursday, 22:23:35
Ама од кој град си јас сум од Прилеп . Дај прати ако најдиш по пошта ваму нема барам нема една продавница е само во градов. Можи има повеќе ама незнам.
Title: Одг: Каде можам да најдам отпорник од 56 Кило оми ?
Post by: Devil on 28.03.2013, Thursday, 22:25:54
а оти не направиш комбинација од 47к + 10к сериски поврзани ќе добиеш нешто приближно до тоа што ти треба :D
Title: Одг: Каде можам да најдам отпорник од 56 Кило оми ?
Post by: Atanas on 28.03.2013, Thursday, 22:26:57
а оти не направиш комбинација од 47к + 10к сериски поврзани ќе добиеш нешто приближно до тоа што ти треба :D
Не се разбирам многу почнав пред 2-3 месеци да се занимавам со ова а имам само 12 години
Title: Одг: Каде можам да најдам отпорник од 56 Кило оми ?
Post by: batka on 28.03.2013, Thursday, 22:59:21
Па вака ми треба отпорник од 56 кило оми бојата мислам дека е зелена плава црвена ако има некој нека ми каже важно е.
И ако може да ми кажете дали можи да се стави послаб на пример од 47 кило оми

Може и 47 К ,и 33К, и 68 К и 100к ;D Еве ти  и неколку други слични шеми.

Споено мислење: 28.03.2013, Thursday, 23:01:10
Ако по некој случај ми дојдеш на Републичкиот натпревар представи се ,ке бидам во Комисијата за оценување 8)
Title: Одг: Каде можам да најдам отпорник од 56 Кило оми ?
Post by: stiffy on 28.03.2013, Thursday, 23:18:07
со деца маштејнца не се срка xD

...кевин, добро опреми се...1 одење битола одиш алфа купуваш се па изработуваш било кој од овие едноставни проекти не би те коштал повеќе од 150ина денари. Запиши на 1 лист се, однеси го алфа купи и да си обезбеден :D....некој сервисер во градот мора да има, оди побарај ;)
Title: Одг: Каде можам да најдам отпорник од 56 Кило оми ?
Post by: Atanas on 28.03.2013, Thursday, 23:29:10
Па вака ми треба отпорник од 56 кило оми бојата мислам дека е зелена плава црвена ако има некој нека ми каже важно е.
И ако може да ми кажете дали можи да се стави послаб на пример од 47 кило оми

Може и 47 К ,и 33К, и 68 К и 100к ;D Еве ти  и неколку други слични шеми.

Споено мислење: 28.03.2013, Thursday, 23:01:10
Ако по некој случај ми дојдеш на Републичкиот натпревар представи се ,ке бидам во Комисијата за оценување 8)
Јас да ќе одам на натпревар на 6 Април каков е тој ? Давид се викам иначе
Title: Одг: Каде можам да најдам отпорник од 56 Кило оми ?
Post by: batka on 28.03.2013, Thursday, 23:46:09
Ти ке се натпреваруваш веројатно прво на Општински или Регионален натпревар,а ако поминеш ке одиш на Државен натпревар.Само не знам дали си спремен за тоа,некако бараш што полесна шема.теоретски сигурно не стоиш најдобро...Оди на натпревар за да видиш како и што се бара,учи една -две години па потоа во 8-мо одделение пробај се и на Државен натпревар. 8)