Македонски форум за електроника

Останато => Сè останато => Topic started by: ki4o01 on 01.03.2013, Friday, 22:50:06

Title: Шема за регулација за рачка соломон 24в 48вати
Post by: ki4o01 on 01.03.2013, Friday, 22:50:06
Ако може да ми дадете некоја шема за регулација на соломон, барав но не најдов некоја соодветна, значи ми требит само регулацијата без на пример дисплеи ... ја видов оваа (http://elektronika-mk.net/index.php?topic=6515.0 (http://elektronika-mk.net/index.php?topic=6515.0)) но не ми одговара бидејки бара 24 и 12 волти :/
Title: Одг: Шема за регулација за рачка соломон 24в 48вати
Post by: batka on 01.03.2013, Friday, 23:03:41
Твојот Соломон на 220V ли работи?
Title: Одг: Шема за регулација за рачка соломон 24в 48вати
Post by: ki4o01 on 01.03.2013, Friday, 23:14:18
24 волти
Title: Одг: Шема за регулација за рачка соломон 24в 48вати
Post by: batka on 01.03.2013, Friday, 23:17:40
Па не гледам што е проблем во шемата: таа е за рачка Соломон сл-1 со термопар и греач на 24 В,нема дисплеи итн. наједноставно е направена и работи солидно- проверено.
Title: Одг: Шема за регулација за рачка соломон 24в 48вати
Post by: stiffy on 01.03.2013, Friday, 23:52:46
мора ли да има симетрично напојување? xD
Title: Одг: Шема за регулација за рачка соломон 24в 48вати
Post by: Devil on 01.03.2013, Friday, 23:57:36
нема нигде симетрично напојување, симетрично би било кога би имало -12V 0V +12V (ова само пример)
Title: Одг: Шема за регулација за рачка соломон 24в 48вати
Post by: stiffy on 02.03.2013, Saturday, 00:02:53
погрешно се изразив...мислев на среден извод од трафото, а доколку имаш среден извод дали е симетрично или не, нема врска ;)
Title: Одг: Шема за регулација за рачка соломон 24в 48вати
Post by: batka on 02.03.2013, Saturday, 00:03:31
Очигледно не си ја разгледал шемата во потполност и не си разбрал: постојат два напона 24V  директно за греачот и 12 V од кој преку 9V  стабилизатор се добива напон за електрониката.Трафото значи има 2х 12 V во секундарот ,5оW,ама никаде нема  потреба од симетрично напојување.
Title: Одг: Шема за регулација за рачка соломон 24в 48вати
Post by: stiffy on 02.03.2013, Saturday, 14:29:56
да...само работата беше средниот извод, кога веќе треба да премотува за среден извод на трафото другото ќе се состави секако...разбрав другот дел :D
Title: Одг: Шема за регулација за рачка соломон 24в 48вати
Post by: Devil on 02.03.2013, Saturday, 14:52:31
не мораш такво трафо да користиш, најди си од 24V (без среден извод) и од 24V-та линија земи напон и намали го на потребниот за операционите, ако веќе тоа ти е проблем :D
Title: Одг: Шема за регулација за рачка соломон 24в 48вати
Post by: stiffy on 02.03.2013, Saturday, 14:54:53
yup...поголем ладилник на регулаторот и бичи си :D

помислив на тоа :P
Title: Одг: Шема за регулација за рачка соломон 24в 48вати
Post by: Devil on 02.03.2013, Saturday, 15:05:44
не е баш така, најчесто овие 78хх сериите за помали напони (3,3;5;9...) работаат на напон до 20-23V, над тоа голема е веројатноста да ги оштетиш, ама па можеш со малку електроника да го стабилизираш напонот, без да имаш големи загуби, оти ако пресметаш колкава загуба имаш на греење со тие регулатори ќе видиш дека во некои случаеви е неисплатливо, ама да не го должиме тоа тука не е тоа тема на разговор, во секој слулчај има еден куп решенија, само некој да се нафати да го изработи
Title: Одг: Шема за регулација за рачка соломон 24в 48вати
Post by: stiffy on 02.03.2013, Saturday, 15:08:51
се согласувам :P
Title: Одг: Шема за регулација за рачка соломон 24в 48вати
Post by: batka on 02.03.2013, Saturday, 21:36:16
Можеш и второ трафо да му ставиш,нема тука некоја јака струја за електрониката,доволно е да дава 12V 100-200 mA.
Title: Одг: Шема за регулација за рачка соломон 24в 48вати
Post by: stiffy on 03.03.2013, Sunday, 17:23:30
Батка, кичо све знајт...не се замарај. Девил нема врска, крепат и повисок напон. Со 78хх регулатор имам спуштано од 35 на 12 волти, некои 200мА потрошувачка без ладилник, функционира супер...посебно што не сметаат некои мали "шумови" во случајов, би работело добро.

Батка, да се спушти од 24 на 12волти со отпорници 3W некаде...дали од отпорниците би добиле "греалка" во случајов...потрошувачка да заокружиме за склопов 300мА?...ме интересира, некои луѓе "премногу" знаат, па само да докажам ;)
Title: Одг: Шема за регулација за рачка соломон 24в 48вати
Post by: GigaWatt on 03.03.2013, Sunday, 18:02:32
Батка, кичо све знајт...не се замарај. Девил нема врска, крепат и повисок напон. Со 78хх регулатор имам спуштано од 35 на 12 волти, некои 200мА потрошувачка без ладилник, функционира супер...посебно што не сметаат некои мали "шумови" во случајов, би работело добро.

Поентата е склопот да работи стабилно, а не да работи на граница. Максимален влезен напон на овие стабилизаторчиња е 35V, што не значи дека треба да ги работиме со влезен напон од 34V. Колку е повисок напонот, толку повеќе стабилизаторот загрева. Дури и да треба да даде многу мала струја (во однос на тоа колку може максимално да даде), поради падот на напонот кој треба да го направи стабилизаторот, ќе грее многу повеќе отколку ако има влезен напон од, на пример, 15 или 20V.
Title: Одг: Шема за регулација за рачка соломон 24в 48вати
Post by: stiffy on 03.03.2013, Sunday, 18:24:27
ам сега, во секој случај номиналните граници се најпожелни и даваат најдобри перформанси...ама не секогаш сме во можност да  ги користиме во тие граници елементите :D

Не можеме секогаш теоријата да ја гледаме...потребна е, но пробај во пракса па ќе знаеш...така знам затоа што сум пробал (не знаев горна граница) ставив беа некој 38 или 35 волти не се сеќавам, појачалото работи на 35V ... 1на страна за претпојачало, друга за кулерче...задоволен бев  8)
Title: Одг: Шема за регулација за рачка соломон 24в 48вати
Post by: Devil on 03.03.2013, Sunday, 18:45:15
Може, зависно од фирма до фирма, на national се означени за влезен напон до 35V, некој се за помалку некои за повеќе
ама пак пресметај си колкава моќност претвораш во топлина за од 35V да го намалиш на 12V
Title: Одг: Шема за регулација за рачка соломон 24в 48вати
Post by: batka on 03.03.2013, Sunday, 19:43:18
Не е штос да штедиме на два отпорника и да правиме *греалки*,ами  регулацијата да работи стабилно,на долги патеки.За  вакви конструкции ,кои постојано ке бидат работни,не треба да се штеди,туку треба и да се предимензионираат за да нема поправки и застој секој втор ден.
Title: Одг: Шема за регулација за рачка соломон 24в 48вати
Post by: GigaWatt on 03.03.2013, Sunday, 19:43:30
ам сега, во секој случај номиналните граници се најпожелни и даваат најдобри перформанси...ама не секогаш сме во можност да  ги користиме во тие граници елементите :D

Епа во тој случај, може да искористиме некое друго решение, како на пример, во конкретниов случај, зенер диода со транзистор, BD139 на пример ;).

Може, зависно од фирма до фирма, на national се означени за влезен напон до 35V, некој се за помалку некои за повеќе
ама пак пресметај си колкава моќност претвораш во топлина за од 35V да го намалиш на 12V

Сосема во право е и за ова. Во принцип, за да даде 100mA тоа стабилизаторче, ако работи на граница, реално ќе троши 500mA, а можеби и повеќе.
Title: Одг: Шема за регулација за рачка соломон 24в 48вати
Post by: stiffy on 03.03.2013, Sunday, 20:01:17
има многу решенија, јас прво бев за IC регулатор или транзистор со зенер....втората варијанта со поснажен транзистор ќе мора...во секој случај расправаме најдобро решение, а ги има повеќе....Гига, најпаметно е со транзисторов, само не сум пробал за повеќе од 80ина мА...па незнам како би се однесувало, а би требало се да е супер :P
Title: Одг: Шема за регулација за рачка соломон 24в 48вати
Post by: GigaWatt on 04.03.2013, Monday, 00:55:42
Гига, најпаметно е со транзисторов, само не сум пробал за повеќе од 80ина мА...па незнам како би се однесувало, а би требало се да е супер :P

Со транзистор, напојувањето може и да не дава постабилен напон (споредено со интегриран стабилизатор), но затоа може да се дизајнира да поднесува поголем влезен напон (повторно, споредено со интегриран стабилизатор).
Title: Одг: Шема за регулација за рачка соломон 24в 48вати
Post by: stiffy on 04.03.2013, Monday, 22:28:49
во случајов нема влијание таа нестабилност :))
Title: Одг: Шема за регулација за рачка соломон 24в 48вати
Post by: GigaWatt on 05.03.2013, Tuesday, 01:03:16
во случајов нема влијание таа нестабилност :))

Паааа... зависи, бидејќи кај аналогните изведби за контрола на температурата кај лемилото, дел од операциските засилувачи работат како компаратори (барем еден сигурно работи како компаратор), стабилноста на напојувањето влијае врз точката на одлучување на компараторот, но ова често има мало влијание... како и да е, треба да се пази да не биде напонот па премногу нестабилен (да има брум, шум, итн. ;)).