Македонски форум за електроника
Електронски уреди => Аудио опрема => Topic started by: ddd on 19.01.2013, Saturday, 22:42:13
-
Здраво на сите..........
Ако има некој некоја шема за засилувач со LM3886,но не оние класичните од даташитот нешто модифицирано.
-
Побарај на Форум,имаше Лордзи проект кој супер работи
-
Побарај на Форум,имаше Лордзи проект кој супер работи
Да тој е со LM4780..............
Еве пример нешто вакво барам но мене ми треба со едно коло.Немам многу искуство со програмите за правење плочки па затоа ако некој сретнал нешто вакво со готова плочка да прати или пак да помогне да нацрта плочка од овој проект..........
http://www.shine7.com/audio/pa100.htm
-
Еве едноставна и проверена шема
-
Еве едноставна и проверена шема
Каде е???
-
Види оваа дали ќе ти заврши работа:
http://s1.postimage.org/3k7sy67dr/gainclone_page_1.jpg
-
Види оваа дали ќе ти заврши работа:
http://s1.postimage.org/3k7sy67dr/gainclone_page_1.jpg
Е ова ке заврши работа....Случајно да ја имаш плочката во ПДФ спремна за печатење..........
И електричната шема не е целосна.Ако ги имаш да ти дадам мејл да ми ги пратиш???
-
Да, и јас забележав дека на шемата нешто и фали. Можеби дека ја аплоадирав како pdf, и при конверзија во jpg се зезнало нешто.
Како и да е, оваа е во ред:
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/lm3886.jpg)
Ја имам плочката во pdf, само што е малку модифицирана, инаку иста е како таа на сликата.
-
Одлично,ти благодарам.........Прати ја некако плочката и ако има некој линк од каде е шемата..............
-
Не е лошо да ја ставите и во PDF да ја има ;).
-
Еве ти ја во sprint layout, спремна за печатење... ;)
-
еве шеми направени во corel, само треба се исштампаат на плочка.
ко че ги направам плочките и нив че ги прикачам.
-
Еве едноставна и проверена шема
Каде е???
Па веројатно * падна * интернетот 8) Имав нешто проблеми со рутерот и не помина шемата :-\
-
еве како излезе плочката
-
Зошто три една до друга? Ај стерео да беше, ќе разберев да има две, ама три ??? ;D?
Споено мислење: 20.01.2013, Sunday, 18:19:28
еве шеми направени во corel, само треба се исштампаат на плочка.
ко че ги направам плочките и нив че ги прикачам.
Мене не ми ги отвора ???. Користам CorelDRAW X4.
-
Зошто три една до друга? Ај стерео да беше, ќе разберев да има две, ама три ??? ;D?
Moжеби планира да прави 2.1 озвучување ;D.
-
Moжеби планира да прави 2.1 озвучување ;D.
Сите три со иста моќност? Некако нема логика, секогаш е појак засилувачот за woofer-от од засилувачот за сателитите ;).
-
Сите три со иста моќност? Некако нема логика, секогаш е појак засилувачот за woofer-от од засилувачот за сателитите ;).
Хаха, го знам тоа, само малку се нашалив, хаха ;D ;).
-
ја ставив само едната плочка со три шеми, имам усте една со две за 5.1 а вуферот ке биди со стк 4050в
Споено мислење: [time]20 Јануари 2013, 19:56:57[/time]
немаше потреба да се става истата плочка усте еднаш,затоа ја ставив само едната со 3 шеми
Споено мислење: 20.01.2013, Sunday, 20:00:06
ете ја и плоцката со стк4050в за вуферот ;D
-
Дарко, прочитај во правилата како се ставаат слики на форум!
-
се извинувам за грешката
еве шеми во пдф
-
се извинувам за грешката
еве шеми во пдф
Дај ни ја електричната шема да ја видиме...........
-
8)
-
Добро оваа е истата што ја добив од @electron..........
Како ти работи или уште е во фаза на изработка???
-
уште не ми е доправено .
че имате одговор до недела :)
-
Колкава моќност дава овој засилувач?
-
Се добиваат 63W на 4 ома при -/+ 35V напојување.
-
-38W на 8Ohm -+28V
-50W на 8Ohm -+35V
-68W на 4Ohm -+35V
Значи -+35 волти е максимален дозволен напон.............
-
Мерено 63 W на 4 оми 8) 8) Декларирано 68 W
-
Мерено 63 W на 4 оми 8) 8) Декларирано 68 W
:o :o :o
-
Дарко,реално мерено инструментално двата модула со LM3886 кои Лордзи ми ги даде,дадоа иста јачина од 63 W ,при стандардни услови 4оми оптеретување на -/+ 35V напојување,што е сосема солидно.Сега,има серии кои можеби и 70W ке дадат,ама и ова е солидно!!За секоја препорака.Само предвидете солидно напојување со вишок А и добро ладење.

Мислам дека ова не е баш релевантно.Тоа е мерење Твое а не на фабриката...........Тие измериле и напишале во даташит некој бројки за кој јас мислам дека се веродостојни.Ти си мерел на твој засилувач што е многу различно,многу фактори влијаат на мерењето,дизајнот на засилувачот,напојувањето.............
-
Батка,јас верувам во она што го гледам.Серијата која ја имам добиено ( две парчиња од Лордзи) мерено со инструмент при полно напојување ,оптоварување на влез и излез ми дадоа 63W. Toa е релевантно,а фабриката може се да пише во проспект.Многу зависи и од серијата,некои се помоќни,некој послаби серии,зависи и од кој пазар се купени интегралците итн.Иначе мерење си е мерење и се знае како со мерење се пресметува јачината (силата) на појачувачот.Сепак тоа е најмалку битно во случајов бидејки појачалцата функционираат одлично! ;D
-
Па добро факт е дека се различни,но со 10% како што си измерил не верувам сепак се работи за реномирана фирма.начинот на кој си го измерил тоа е пак друга приказна,ти пишав и преска а и ти добро знаеш дека многу работи влијаат на снагата така да тоа коло на друг слоп ке даде други резултати затоа мислам дека не е релевантно.Значи ти си мерел цел склоп а тие пишале карактеристики на колото што е многу различно.А и да ти кажам право немам многу потреба да ја мерам снагата,други работи на засилувачот ми биле побитни.......Него батали муабетот дечкото бараше само карактеристики на колото...........
-
Па вака да знаеш: има во светот оригинали од една-две фабрики и копии од 3-4 секако кинески фабрики,така што многу е битно од каде го купуваш интегралецот.И секогаш да знаеш карактеристиките кај производителот се малку * надуени* ( како тие во *специјални* услови ги тестираат!??).Битно е во пракса што ке прочита инструментот.Тоа ти е исто и кога ке прочиташ во некој проспект силни вати,ама во пракса не е баш така..

Тоа дека има оригинали и има фалш немора да ми го кажуваш,сум го искусил од искуство.Муабетот беше друго дека мерењето што си го направил е мерење на твојот засилувач целосно како склоп а не на колото...........
-
Па кога мериш интегралец мораш склоп да направиш и да мериш ,како инаку би мерел? Тоа не е толку значајно.Ми се случувало и со други ИК една серија да ми се разликува од друга и по 15%.Сепак ,конкретно за ова 3886 коло добра е и таа сиила што ја дава без осцилации,скоро линеарно и константно.Ова шема што е поставена е од ЕЛЕКТОР и е проверена во пракса.
-
Ова шема што е поставена е од ЕЛЕКТОР и е проверена во пракса.
Јас да бидам искрен ова ке ми биде прва изработка на засилувач со интегралец.По тоа што прочитав за ова коло вреди да се проба да се направи нешто па ќе видиме како ќе свири................
-
По изработуењето на појачалово со ЛМ3886 ако е све у реду ја ти препорачувам да изработиш некој цевен бафер за на влез. Има една комплетна шема на форумов со 6н3, да знаеш со оваја комбинација ќе се утепаш од слушање музика. Ама за се да је у ред приклуши на излез квалитетни звучници исто овде на форум имаш добри пројекти. ;) :o
Поздрав
-
Ова ме потсетува на Делија,ама не е важно тоа. ;D Добра варијанта е и пп со фет на влезот и низок шум како 5532 или слично,Иначе,3886 е многу добро коло кое ако не е до крај исфорсирано дава многу солиден звук,за многу малку пари.
-
Да, и јас забележав дека на шемата нешто и фали. Можеби дека ја аплоадирав како pdf, и при конверзија во jpg се зезнало нешто.
Како и да е, оваа е во ред:
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/lm3886.jpg)
Ја имам плочката во pdf, само што е малку модифицирана, инаку иста е како таа на сликата.
Луѓе почнав да ја правам ова шема,ги зедов сите делој, кондензаторите од 47пФ и 220пФ се керамички и мислам дека се до 50в , на оргиналната шема пишува дека треба да се 160В,дали се критични???
И уште едно прашање отпорнико од 5W има дијаметар 12мм а намотката треба да биди околу него на дијаметар од 10мм, дали можи посебно намотката да се намота околу цефче и дали треба полно или празно?
-
Не се критични,слободно стави ги.
-
Подобро е да ставиш стирофлекс кондензатори, ако најдеш... ;)
-
Незнам каде би можел да најдам такви, ако имате идеја кажете
-
За почеток направи го појачалото што имаш при рака.За напоните нема проблем.Лордзи сакаше да каже да се избегаваат керамички кондензатори во НФ уреди бидејки имаат поголем шум.
-
А за ова со намотката што прашав погоре шо велите?
-
R7 може да биде и 3W, од округлите, со лак-жица 1,2mm ќе намоташ 13 намотки на бургија од 10mm, во вака добиената намотка ќе го ставиш отпорникот, краевите од намотката ќе ги залемиш на краевите од отпорникот и така споени ги лемиш на плочката. Во краен случај, ако не ја собира намотката или сл, може да ја залемиш врз отпорникот.
Еве една слика како треба да изгледа готов засилувач, отпорникот е монтиран внатре во калемот:
(http://i226.photobucket.com/albums/dd117/lodr_zi/PIC_0005-21.jpg) (http://s226.photobucket.com/user/lodr_zi/media/PIC_0005-21.jpg.html)
-
Лордзи ми даде две вакви направени појачалца и досега каде сум ги ставил не сум се повратил.Тоа е најдобра реклама ;D
-
R6 i C6 да ги ставам или не, како е подобро???? И дајте вредности за нив пошто на шемата ги нема
-
R6 i C6 да ги ставам или не, како е подобро???? И дајте вредности за нив пошто на шемата ги нема
немаш потреба од тие но ако сакаш можеш да ставеш ц6-100нф и р6-1ом/до 1 ват
-
R6 i C6 да ги ставам или не, како е подобро???? И дајте вредности за нив пошто на шемата ги нема
Стави ги, тие се за да спречат осцилации на засилувачот, отпорникот нека е 2,7оми/1-2W, кондензаторот 100nF/63V МКТ.