Македонски форум за електроника

Електронски уреди => Монитори и ТВ приемници => Topic started by: Devil on 13.01.2013, Sunday, 16:13:01

Title: Проблем со SAMSUNG TV Модел 8208
Post by: Devil on 13.01.2013, Sunday, 16:13:01
да не знае некој што шасија е овај телвизор, имам ваков телевизор со чуден проблем, ама не можам да најдам сервисна документација

Title: Одг: Проблем со SAMSUNG TV Модел 8208
Post by: GigaWatt on 13.01.2013, Sunday, 16:59:58
да не знае некој што шасија е овај телвизор, имам ваков телевизор со чуден проблем, ама не можам да најдам сервисна документација

Нема ознаки на шасијата на телевизорот? Ај сликај ако не, можеби ќе можеме нешто да најдеме ;).
Title: Одг: Проблем со SAMSUNG TV Модел 8208
Post by: Devil on 13.01.2013, Sunday, 17:05:16
неможам да го сликам не ми е дома
на пластикава имало лепенка ја имаат некој откорнато ..
на плоча пиши само
5800-А8208S-00
150795
TM165
Title: Одг: Проблем со SAMSUNG TV Модел 8208
Post by: Zan on 13.01.2013, Sunday, 17:09:30
Најчесто на самсунг телевизори, ознаката на шасијата е напишана од долната страна на плочата, во кругот каде што се залемени изводите од трафото.
Title: Одг: Проблем со SAMSUNG TV Модел 8208
Post by: GigaWatt on 13.01.2013, Sunday, 17:35:24
Сликај ја шасијата, нема друг начин. На Google побарав само со овие ознаки, ми извади некоја шасија на Philips. Да не изгледа вака шасијата?

(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/philips_14gx37a-2_197.jpg)
Title: Одг: Проблем со SAMSUNG TV Модел 8208
Post by: Devil on 13.01.2013, Sunday, 17:53:16
оваа е, вака на изглед, ама делот со напојувањето е малку поразличен распоредот..
ако успееш од оваа да најдеш сервисна документација, или пак под кој модел се води па ќе барам сам ..
Title: Одг: Проблем со SAMSUNG TV Модел 8208
Post by: GigaWatt on 13.01.2013, Sunday, 19:40:17
Еве, најдов некоја шема, симни ја, види дали одговара ;).

Code: [Select]
http://archive.espec.ws/section324/file23568.html
Title: Одг: Проблем со SAMSUNG TV Модел 8208
Post by: SaleSk on 14.01.2013, Monday, 03:03:51
Кој ти е чудниот проблем?
Title: Одг: Проблем со SAMSUNG TV Модел 8208
Post by: Devil on 14.01.2013, Monday, 17:10:17
луѓево се жалеа дека тв-то им е расипано, ок ги прашав што им е, ми рекоа дека кога го вклучуваш на прекинувачот од куќиштето (значи мрежниот прекинувач) дека после 1-2 секунди сам се исклучува, од она јас што знам тоа е најќчест дефект на суви кондензатори во напојувачка секција (незнам многу, имам мали искуства со сервисирање тв-а), после кога го добив телевизорот и кога го вклучив тој веќе воопшто не реагираше, кога ги прашав што се случи во меѓувреме, ми рекоја дека нешто пропука, еден од оние големите жичани отпорници (тие кај ладилникот (на сликата погоре)) беше лабав онака на прв поглед некако чудно изгледаше, околу него така заматено никакво, кога ја свртив плочата увидов дека околу едниот пин на тој отпорник се е спржанато, и дека калајот на некои места е распрснат на сите страни, фалеа делови од водови, на другиот крај од отпорникот се познаваше како калајот се има прилично добро прегреано, ја имаше променато бојата како челик ко ќе загреваш што добива некој виножито бои, таков беше и овај направен

по моделот на кутијата не можев да најдам ништо, излезе дека е филипс плоча, сега треба да барам што се случува, ќе пробам да ги преспојам откорнатите водови, да ја исчистам плочата со алкохол и после понатаму ќе видиме што како ..

некој да не има идеа некаква што да проверам, кај да проверам, нешто најчест дефект што би предизвикал вакво нешто ?
Title: Одг: Проблем со SAMSUNG TV Модел 8208
Post by: GigaWatt on 14.01.2013, Monday, 17:35:16
некој да не има идеа некаква што да проверам, кај да проверам, нешто најчест дефект што би предизвикал вакво нешто ?

Можно е напонот да бил низок, па отпорникот да прегревал бидејќи повлекувал поголема јачина на струја. Среди ги водовите, преспој се, пушти го во работа, па ако нешто пак пукне, изгледа има уште некој проблем кој може да е последица на суви електролити (или нешто трето).
Title: Одг: Проблем со SAMSUNG TV Модел 8208
Post by: Toma on 14.01.2013, Monday, 17:51:31
Според штурите податоци претпоставувам дека се работи за оваа шасија (клик врз сликата за вистинска големина)!

(http://s6.postimage.org/4hhtierep/recorrc4021_FOTO.jpg) (http://postimage.org/image/4u97ol9od/full/)
Title: Одг: Проблем со SAMSUNG TV Модел 8208
Post by: Devil on 14.01.2013, Monday, 18:41:52
не е оваа, таа GigaWatt погоре што ја стави, таа е
Title: Одг: Проблем со SAMSUNG TV Модел 8208
Post by: SaleSk on 14.01.2013, Monday, 18:54:18
Moj предлог и совет.
Немој да губиш многу време на овој телевизор, зошто претпоставувам дека и екранот му е во многу очајна состојба.
Прво што е добро да направиш е да му закачиш универзална мрежа ако имаш нормално, онаа со СМР и да видиш дали ТВ-то ке ти проработи...Наједноставно. Јас обично секогаш имам една исправна мрежа за проба...Проверката е 5 минутки и одма знаеш на што си...
Откачи го хисот, провери го транзисторот во хоризонтала.
Ако евентуално решиш да ја поправаш мрежата, закачи си сијалица на местото на осигурач за да не ти исчурат деловите ако има некој друг проблем.
:)
Title: Одг: Проблем со SAMSUNG TV Модел 8208
Post by: Devil on 14.01.2013, Monday, 19:26:07

добар предлог :D, ќе набавам во најкраток можен рок едно такво универзално напојување, па ќе пробам што како :D

Title: Одг: Проблем со SAMSUNG TV Модел 8208
Post by: Devil on 18.01.2013, Friday, 13:44:04
Денес го приклучив на универзална мрежа, се вклучува телевизорот, е сега во десниот ќош (и горе и долу) има некакво треперење, сликата изгледа како да е малку подсобрана, ама тоа може да е од лош кондензатор оти има некој неправилни вредности поставени.
Ќе видам ќе заменам кондензаторите ќе го вклучам пак па ќе видам што ќе се случува
исто и сликата е сина, е тоа незнам од што е ама ќе се обидам да пронајдам подоцна откако ќе го средам ова

ЕДИТ

Претходно напишаното погоре не важи, не се вклучува телевизорот, се слуша некое тивко зуење со висока фреквенција (исклучени се звучниците не иде од нив)
Title: Одг: Проблем со SAMSUNG TV Модел 8208
Post by: GigaWatt on 18.01.2013, Friday, 21:01:10
Проверувај дел по дел во напојувачката секицја, најди datasheet од сите полупроводнички компоненти (не знам како е изведен напојувачката секција, ако е All-In-One switching IC, најди datasheet од него, ако switching IC за контрола со switching транзистор, најди datasheet и од двата), осцилоскопот во рака и гледај дали нешто некаде осцилира и со која фреквенција ;). Прво, изгаси ја цела напојувачка секција од остатокот од телевизорот, да не случајно некоја секција влече струја, па ја „изреметува“ напојувачката секција ;).
Title: Одг: Проблем со SAMSUNG TV Модел 8208
Post by: Devil on 18.01.2013, Friday, 21:20:29
ама оригиналната напојувачка секција јас ја премостив со универзална, некое време така и работеше, заменив кондензаторот вклучвам не работи, го враќам стариот вклучвам пак, ништо пак не работи
Title: Одг: Проблем со SAMSUNG TV Модел 8208
Post by: GigaWatt on 19.01.2013, Saturday, 06:11:38
ама оригиналната напојувачка секција јас ја премостив со универзална, некое време така и работеше, заменив кондензаторот вклучвам не работи, го враќам стариот вклучвам пак, ништо пак не работи

Кој кондензатор го менуваш?
Title: Одг: Проблем со SAMSUNG TV Модел 8208
Post by: Devil on 19.01.2013, Saturday, 15:10:20
на плочата е означен како C616, на шемата е нешто C61Х последна бројка не се познава најдобро, ама изгледа тој е и таму според карактеристиките, 100µF 160V
Title: Одг: Проблем со SAMSUNG TV Модел 8208
Post by: Toma on 19.01.2013, Saturday, 16:18:31
На кондензаторот C616 од 100µF 160V треба да имаш 110 - 116V (впрочем дали сега имаш напон на C616). Ако тој напон е бил поприлично зголемен постои веројатност дека е неисправен транзисторот во “високиот“ напон!
Quote
се слуша некое тивко зуење со висока фреквенција
Исто така без да се знае составот и ознаките на интегралните кругови - може само да се погодува што и како!
Исто така битно е да се знае каква уни мрежа стави- ги има различни и дали го извади оригиналниот мрежен трансформатор или поврзувањето беше без негово вадење?
Title: Одг: Проблем со SAMSUNG TV Модел 8208
Post by: Devil on 19.01.2013, Saturday, 16:25:16
ги исеков водовите, го одвоев цел мрежен степен и го заменив со универзално напојување, напонот беше прилично висок на тој кондензатор, 130-140V

дали сега има напон ќе проверам ќе пишам подоцна.
Title: Одг: Проблем со SAMSUNG TV Модел 8208
Post by: GigaWatt on 19.01.2013, Saturday, 19:48:43
Добро си направил, си ја растеретил цела напојувачка секција на телевизорот (неговата, не универзалната). Сега, кога е вака растеретена, приклучи ја на напојување и види колкави ќе бидат напоните. Не се чуди ако се за нијанса повисоки од декларираните, ова е честа ситуација кај switching напојувањата, така работат, даваат адекаватен напон за определено оптеретување поврзано за нивниот излез, а кога не се оптеретени, излезниот напон им е повисок. Приклучувај секција по секција, почнувајќи од секциите со најниските напони (5V) па се до највисоките (за хоризонталата, 110V, 120V, 130V, колку и да е тој напон) и види кога ќе почне напојувачката секција да прави проблеми, односно кога ќе почне да паѓа напонот. Ако телевизорот работи ОК со универзалната мрежа, најверојатно не е проблемот во секциите кои не се дел од напојувањето (или сеуште не се манифестирал проблем, најверојатно има полу-суви кондензатори во хоризонталата, но тоа може подоцна да се измери и среди ;)), туку во напојувачката секција. Не е лошо да користиш и осцилоскоп при ова мерење (за да ја гледаш формата на излезниот сигнал, дали има НФ или ВФ брум). Ако на излезот од напојувачката секција на телевизорот нема напон или е многу низок или висок, како што пиша Toma, најверојатно имаш некој проблем со полупроводничките компоненти во напојувачката секција. Всушност, кога ќе размислам, не е лошо прво да го провериш switching транзисторот во напојувачката секција ;).

При поврзувањето на секција по секција, не очекувај дека нормално ќе работи телевизорот се додека не се поврзат сите секции. Нема да има слика. Најчесто, се гледа дали некоја секција исправно работи врз база на излезните сигнали од определените компоненти кои се во таа секција (на пример, треба да има пилест напон со фреквенција од 50Hz на излез од IC-то за вертикално отклонување, треба да има звук на излез од аудио засилувачот, итн.)