дали некој знае каде би можело да се купат алуминиумски профили со подебели ѕидови?
образложение за прашањето:
кога се изработуваат пократки јаги антени можно е да се употребат профили со потенки ѕидови бидејќи нема некоја опасност од свиткување на бумот. во случај на изработка на подолги јаги антени а посебно на т. н. long-yagi бумот треба да има доволна цврстина да ја издржи својата како и тежината на монтираните елементи.