Македонски форум за електроника
Огласи и понуди => Продавам => Topic started by: Pance24 on 22.12.2012, Saturday, 18:11:05
-
Ова тема е отворена за да ги истакнете вашите пофалби , поплаки за некои од членовите во врска со продажба/купување.
Ајде јас да почнам прв.
Пофалби до @Donis92 за продажба на делови и со дечкото се запознав и лично благодарение на форумов.
-
Пофалба за Lordzi. Од него имам купено делови.
-
Пофалба за MURO, имам купено од него авто-трансформатор (вариак) ;).
Пофалба и за LordZi, од него исто имам купено многу делови ;). Не сум имал проблем до сега ;).
-
Пофалба до LordZi, кај него може да се најде се и во било кое време
-
пофалба до ddd имам купено засилувач а има и многу други интересни работи :)
-
ај и јас да го пофалам LordZi што и да сум купил од кај него како што било опишано така беше и стварно предметот кога го купив...
-
Пофалба до ddd трампав од кај него тв картичка, бежична тастатура и маус и други делови. Се надевам и тој ке биде од мене задоволен .
-
Мењав некој работи со ki4o01,Pance24 и сум задоволен,го испочитувале договореното.Исто да се заблагодарам и овде на Lordzi ми прати стирофлекс кондензатори без да платам.........Ми се допага тоа што отворивте ваква тема да се знае кој какви работи продава...........
-
Јас сакам да оставам позитивен коментар за Amper кој што гледам дека сите го напаѓаат, човекот е многу коректен.
-
Пофалба за trilogy , одлично ја владее професионалната аудио техника иако му е хоби, и самиот знае да процени што е добро а што не од аудио компоненти
-
Прво муабетов не е за оваа тема
Второ, за жал секогаш е така, добрите и корисни членови си бегаат од македонските форуми поради некои членови од кои трпат мака. Па добро луѓе, зошто бегате, зошто не ги пријавите кај нас тие што ве малтретираат, вреѓаат, понижуваат или што и да ви прават а ние да ве заштитиме. Мислите дека ние сме на страната на тие проблематичните? Секако дека НЕ! Дајте кажете точно каде е проблемот и со кој член па ке ја решиме работата. Не мора секогаш да се бега од форумите.
-
Само накратко пофалба за Лорд зи
Професионален однос и реални цени.
-
Јас сакам да дадам позитивно мислење за MURO, човекот е навистина прав професионалец и колега , покрај тоа електрониката ја познава перфектно , и до сега било што да сум земал од него e квалитетно , и со симболична - социјална цена према реалната вредност на електронскиот дел, исто така на тема стручна консултација човекот е многу коректен со еден збор браво за MURO
-
Негативно искуство со членот Velkov7 (во последно време се уклучува под никот T1000_series), кој иако уредно си доби тоа што нарача, никогаш не го плати.
-
Премногу добро искуство со Lordzi. Секогаш фер цени и професионален однос. Исто и за AMPER, многу коректен пристап имаше спрема мене.
-
Позитивен лајк за Лордзи,кој иако лично не го познавам, секогаш успешно соработува со мене .
-
Исто и јас можам да кажам дека секогаш имам добра соработка со Лордзи, така да можам да го пофалам :))))
-
Пофалба за LordZi, купив од него ПП и сум презадоволен со квалитетот и брзината.
-
Се надевав дека нема да напишам овде негативен коментар.....
Едно негативно искуство со членот SKOLS кој што не го испочитува договореното иако го чекав повеќе од четири месеци да ми изработи плочки.
-
Пофалба за GigaWatt ,рам мемориите што ги купив од него се со фер цена и одлично работат. ;)
-
Гоооолема пофалба за LordZi.
Сум земал неколку работи од него и се било во одлична состојба.
Посебно да го пофалам за плочките што ги изработува. Како од фабрика да излегле 8) http://elektronika-mk.net/index.php?topic=10489.0
Човеков го запознав лично и од првиот ден е крајно фер и многу сум му благодарен.
Споено мислење: 02.02.2014, Sunday, 15:24:00
Позитивно мислење за членот daniel spasovski
Земав од него еден трансформатор, Брзо се договоривме, цена беше фер и го испочитува договореното.
Благодарам 8)
-
Пофалба за членот @DrTubeR, :D брза достава, професионален однос и добро спакувани беа ламбите за да не се оштетат. Сепак мала замерка поради тоа што ламбата што му ја нарачав во кутија, беше во кутија од друг производител, но тоа не е ни важно... ;)
-
Пофалба до donis92, порачаниот процесор стигна на време и одлично си работи. А како негативен коментар можам да кажам за членот Hahahahha, се работеше мислам за трафо од 100W, и од ко се договоривме дека ке го земам по еден ден му пишав шо стори дали го пуште, ми пиша дека му го продал на некој член од форумот од Скопје, е сеа можи сакаше да си земи парите побрзо незнам али п*дерски испадна спогодбата пошто сигурен сум дека немаше намера да ми ги кажи (читај пиши) работите такви какви шо се.
-
Пофалба до @LordZi, инструментот што го нарачав од кај него беше со фер цена и доставата беше релативно брза. :)
-
Уште една пофалба за LordZi. Нарачката за плочки за лисичар за ARDF се професионално изработени и секако цената е повеќе од прифатлива. Човекот го познавам лично и можам да кажам дека е еден од ретките фер луѓе што си стои на зборот „речено-сторено„ Гледајќи ја изработката се гледа дека во плочките вложува голем труд. ;) реп +
-
Пофалба до членот LordZi.
Профи однос, фер цена, супер комуникација.
-
Пофалба до чичко Отпор за списаниjата. :)
-
Пофалба за членот vgc9dctx9c за нарачаната антена. Лесно се договоривме за цена и антената беше истиот ден испратена. Антената е одлично зачувана и ги надмина моите очекувања. Денес ги направив првите радиоконтакти со неа. Одлична антена за многу фер цена.
-
vgc9dctx9c го познавам од еден друг форум (од пред 10 години) и важи за крајно фер и добар човек.
-
еве и јас ќе пишам едно позитивно мислење за triology фер човек лесен за договарање, кога ќе резервира нешто за зимање доаѓа наредниот ден.
негативно мислење за членот xantox (не е ова зарари тоа што он пишал негативно за мене) туку резервира два трансфроматори пред три месеци се договоривме за цена ама еве го нема да дојде да си ги земе веќе три месеци, после повторно ќе пишува дека не сум почитувал договори
-
Јас пак бакшиш му ги дадов книгите на triology па еден збор арен не кажа замене :)
-
Позитивно искуство со членот Hahahaha, добри цени и навремена испорака
-
Одлично искуство со Z31GH. Му порачав само едно нешто а добив и работи што не ги побарав, а ми требаа. ;D
-
Z31GH и Lordzi се закон, најдобро мислење имам за нив, од други немам купувано и не можам да зборам за останатите.
-
Голема пофалба до Lordzi од него имам купено и радио станица. И вчера купив едно мало појачало со STK441 сега му спремаме и кутија. Појачалото е за во мала соба со звучници 40 ватни доста добро појачало солидно.
-
Земав изработено трафо од Hahaha. Првокласно сработено!