Дигитална електроника > Микроконтролери

MFE програматор

(1/5) > >>

Devil:
Значи дизајнот е следен
дали може некој да го разгледа и да кажи што мисли
делови не планирам да вадам односно ептем ако е неопходно
се работи со програматор со вградено надворешно напојување и бафер за сигналот за да може да работи на секаков вид компјутери. Идејата е од мака настаната пошто имав проблеми со користење на подолг кабел ( се губеше сигналот ) и проблеми со лаптоп не сакаше да програмира и тн. и тн. , не е бито многу тоа
ми треба совет ваш или поправка ако има негде нешто   :D

шемата


пошто квалитетот на прикачената слика не е најдобар ако некому му треба можед а ја симне од атачмент

Goce:
Нема никаква шема  :) дали не е допро прикачена ако можеш на ново да ја прикачиш

Devil:
имаше некој проблем малку наново ја прикачив  ;D

Goce:
Кое коло го користиш како бафер ако е 7407 тоа е со отворен колектор и си мислам дека кога има "1" на влез на излез ке даде  "0" може да е до тоа проблемот и со колкав кабел се обидуваш да го пренесеш сигналот бидејки со сериска комуникација неможеш да пренесеш многу неколку метра само додека со паралелна комуникација може многу повеке

BorceBT:
1. Моја препорака е да користиш CMOS кола од серијата CD а не TTL од серијата 74хх за бафери бидејќи серијата CD без проблем работат на напони кои тебе ти требаат за сериска комуникација (+ - 10V).
2. Моја препорака е да се прави само бафер за обичниот JDM програматор. Бафер можеш да направиш со (не го сакам но некогаш мора) MAX232 и готово. Земи datasheet и види. Се што треба да направиш е да го ограничиш влезот на MAX232 да му доаѓа максимум +5V и 0V (со отпорник и зенер диода нормално) од серискиот порт и проблемот е решен, значи: колку и да е долга жицата или да се работи за сериски порт на лаптоп ќе имаш барем +5 волти за да го „отворат“ MAX232. MAX232 генерира свои напони +10V за 1ца и -10V за 0ла кои може да ги приклучиш на обичен JDM програматор.
3. Мислам дека ќе ти требаат барем 2 MAX232 бидејќи JDM освен Rx и Tx сигналите користи и други и за нив ќе ти требаат додатни бафери (MAX232 има 2 влезни и 2 излезни бафери).

Navigation

[0] Message Index

[#] Next page

Go to full version