Аналогна електроника > Засилувачи

Technics SA-EX100 Overload

(1/1)

Steff_92:
Здраво,

Имам појачало Technics SА-EX100 кое што од X причина почна да појавува Overload грешка на екранот и престанува со функционалност. Гасењето односно грешката беше random, што значи некогаш се палеше после неколку часовно користење, но некогаш уште во самиот старт, па појачалото беше тотално бескорисно.

По малку гуглање пронајдов информација за проблем со конекторите за звучници.

Го растурив појачалото, ги извадив моменталните конектори што ги има, со мала импровизација на жици, поставив нови конектори.
Проблемот престана и појачалото си работи топ :)

Ова го пишувам за случајно ако некој друг се сретне со сличен проблем бидејќи конектори за звучници беа нешто последно во кое што ќе се сомневам. Не беа оштетени и не се во краток спој, ама ете ...

LordZi:
Стави некоја слика ако имаш, баш ме интересира што конектори се.

Steff_92:
Конекторите беа фабрични како на оваа слика, а ги заменив со speakon.







LordZi:
Е да, не се покажаа многу сјајни овој тип конектори, иако можда требало само да се прелемат лемовитре на плочката ;).

GigaWatt:

--- Quote from: LordZi on 30.12.2020, Wednesday, 13:09:30 ---...иако можда требало само да се прелемат лемовитре на плочката ;).
--- End quote ---

И јас на ова се обложувам ;). Заштитата фукционира и на база на „флуктуација“ на отпроноста на краевите меѓу плусот и минусот. Ако забележи дека има варирање на оваа вредност, се активира заштитата, а нормално дека ќе има кога имаш лош/ладен лем ;). Само да си ги прелемел, најверојатно се ќе било ОК, мада и решениево со speakon-и не е лошо ;). Јас лично, повеќе фан сум на XLR, но секој со своето :P :D.

Со среќа да си го користиш ;).

Navigation

[0] Message Index

Go to full version