Електронски уреди > Аудио опрема

Проблем со harman-kardon HKTS 200/230 SUB

(1/5) > >>

dr-mr:
Проблем со harman-kardon HKTS 200/230 SUB.

Кога ќе го вклучам засилувачот свети лед диодата за индикација но нема никаков звук.
Плочата со напојувањето има 2 конектори за напојување на засилувачот едниот е Б+, другиот конектор  -7.в,  +7в и  PS/ON .
Кога го е вклучено само напојувањето без засилувачот, Б+ има 0.45в другиот конектор има -7.3в +6.9в и PS/ON има 0.4в. На шемата има контакти каде треба да има 15в но кога мерам има 21в CN1 треба да има 12в но на него има 18в (никако да разберам зошто, се што би можело да влиаје или проверив или заменив).
Кога напојувањето е поврзано со засилувачот Б+ останува на 0.45в, -7в паѓа на -2.3в  +7в паѓана +2в на PS/ON има 2в. На контактите каде претходно имаше 21в и 18в сега има 8в.
Некоја идеа зошто наместо 15в и 12в има 21в и 18в, мислам дека проверив се што би влијаело на тие напони, зошто толку драстично би паѓале сите напони.
Шема од уредот има тука.

--- Code: ---https://elektrotanya.com/harman_kardon_hkts200-230_hkts210-230_sub.pdf/download.html#dl
--- End code ---

LordZi:
Еве ги упатството и шемата во PDF.

GigaWatt:
Оптовари ги rail-овите за напојување со некој отпорник. Пресметај адекватна вредност за отпорникот (отпорност, но и моќност) за да течат 200, 300mA низ отпорникот и види дали така ќе паднат вредностите на напоните од напојувачката секција. SMPS е напојувањето. Зависи како е изведено, но често знаат да имаат повисок напон од декларираниот се додека не се оптоварат барем малку. Ако не паднат и по додавањето на вештачки товар, значи нешто не е во ред со напојувањето.

Се разбира, при ова експериментирање, исклучено е се останато од засилувачот, т.е. напојувањето не е врзано за остатокот од засилувачот.

dr-mr:
Го тестирав напојувањето со вештачки товар, напојувањето се однесува исто како и кога е поврзано со засилувачот.
 7в и -7в паѓаат околу 2в, без разлика дали ќе ги оптоварам 7в и-7в истовремено, само 7в или само-7в напоните се исти во било која ситуација. Б+ нема никакви промени.
На контактите каде трееба да има 12в и 15в, кога не е оптоварено напојувањето има 21в и 18в а кога ќе го оптоварам напојувањето тие паѓаат на околу 8в.

GigaWatt:
Нешто не е во ред напојувачката секција. Ги провери компонентите околу ICE3B0365J, како и оние околу оптокаплерот PC817? Најверојатно нешто не е во ред со feedback-от. R15, R16, R19, R21, R22, како и околните кондензатори, се тоа треба да се провери. И оптокаплерот, се разбира.

Navigation

[0] Message Index

[#] Next page

Go to full version