Author Topic: Шпиунски софтвер за мобилни?  (Read 4323 times)

Offline didy

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 425
  • Gender: Male
Шпиунски софтвер за мобилни?
« Opened on 18.06.2020, Thursday, 13:46:08 »
Дали се наоѓа оваков софтвер односно програми, или е тоа само за полициски служби кои мислам имаат пристап до серверите на мобилните оператори, па што им е потребно проверуваат.
Она што може да се најде на нет се податоци за мобилен и за ви-фи конекцијата, но не може да навлегува во друг мобилен уред.

Offline krema

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 668
  • Gender: Male
Re: Шпиунски софтвер за мобилни?
« Reply #1 on 18.06.2020, Thursday, 15:24:11 »
Тоа што го бараш е незаконски и илегално.


Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3918
  • Gender: Male
Re: Шпиунски софтвер за мобилни?
« Reply #2 on 18.06.2020, Thursday, 19:33:40 »
А овие со бумие како го спроведоја проектот ?

Offline krema

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 668
  • Gender: Male
Re: Шпиунски софтвер за мобилни?
« Reply #3 on 18.06.2020, Thursday, 19:53:58 »
Со жолти комбиња. :D


Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12723
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Шпиунски софтвер за мобилни?
« Reply #4 on 18.06.2020, Thursday, 21:06:30 »
Тоа е практично malware. Има, ама ретко кој споделува (најчесто само информациите собрани од нив се продаваат/купуваат) бидејќи најчесто она што ќе го начекаш го има пишувано оној кој ќе ти го даде (или продаде).

Имаат backdoors и Android и iOS, ама не се јавно објавени... ги споделуваат со влади, корпорации и некои индивидуи од интерес, но најверојатно нема да стигнеш до таа информација... или ќе стигнеш, ама нема да ти врши работа бидејќи е за Android 5.0, т.е. бајата е па некој ја leak-увал.
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline dr-mr

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 730
  • Gender: Male
Re: Шпиунски софтвер за мобилни?
« Reply #5 on 18.06.2020, Thursday, 23:48:54 »
Шпиuнски софтвер (spyware) е многу општо, има различен софтвер за различна намена,  локација/следење, читање пораки слушање разговори, камера, интернет, сите тие опции функционираат на различен начин и имаат различни ножности за злоупотреба.
Мислам дека некој од  дамповите на The Shadow Brokers од NSA  имаше алатки за мобилни, некои од нив се шетаа по нет.
HackingTeam Италијанска фирма  и NSO Group Technologies Израелска фирма, ако имаш доволно пари ќе ти продадат се.
Во 2018 и 2019 имаше реклами за spyware софтвер за следење и контрола на мобилни, рекламите беа во стилот, заштитете си ги децата, знајте каде и со кого се во секој момент, и слично.
Има многу различен софтвер по интернет кој доколку се инсталира на телефонот ќе овозможи некој вид на далечинска контрола/мониторинг.
На интернет (Deep Web/Dark Web) има форуми каде може да се изнајми хакер кој ќе изврши одредена работа (во случајот шпионирање на мобилен) за одредена сума.

Сето тоа е нелегално, самото гуглање на некои од тие поимови ќе те стави на неколку мониторинг листи.
Сепак се ВРТИ !!!

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3918
  • Gender: Male
Мислам имаше некоја заштитаз да си инсталираш софтвер на телефон и по ресет, софтверот да остане, во случај некој да ти го украде. Но тоа и не е баш шпионски софтвер, не можеш да следиш вило чив телефон...
Со жолти комбиња. :D
хех, да, ама во комбињата што имало.
Шала на страна, ме интересира техничкиот дел.

Offline dr-mr

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 730
  • Gender: Male
 Незнам кој е тој проект бумие.
Моментално најкористен и најмоќен(колку што е познато) начин на собирање информации од мобилни уреди е софтверот  Pegasus на NSO group.
Code: [Select]
https://en.m.wikipedia.org/wiki/Pegasus_(spyware)
Често се користат и подвижни базни стан(можеби и во жолти комбиња), се користат како man in the middle, зрачат со поголема моќност и се поставуваат близу до корисникот со тоа ја покриваат базната станица на операторот и уредот се конектира на подвижната базна станица. Кога ќе се конектира уредот на таа станица тие што ја контролираат станицата имаат пристап до се што поминува преку неа. Исгото може да се направи и со Wi-Fi.
Сепак се ВРТИ !!!

Offline didy

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 425
  • Gender: Male
Ниту имам пари за вакво нешто ни пак ќе следам, ме интересираше на тоа поле како стојат работите, бидејќи кај нас бомбиве се собраа до недоглед и никој за тоа не си го однесе, освен двајца што се во бегство, и тоа ги теретат за уништување на расходована опрема! Она незаконско што го спомнувате е смешка со пародијата од шпиунирање на тие што се на власт и тоа не за заштита на државата и народот, туку за уцени и земање на рекет.

П.С.
за ајфони комбињата биле сива боја :)

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12723
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Шпиунски софтвер за мобилни?
« Reply #9 on 19.06.2020, Friday, 14:34:29 (Edited 19.06.2020, Friday, 21:32:42) »
Често се користат и подвижни базни стан(можеби и во жолти комбиња), се користат како man in the middle, зрачат со поголема моќност и се поставуваат близу до корисникот со тоа ја покриваат базната станица на операторот и уредот се конектира на подвижната базна станица. Кога ќе се конектира уредот на таа станица тие што ја контролираат станицата имаат пристап до се што поминува преку неа.

Со тоа што операторот мора да знае за ова, за да може повикот да се препрати.

Практично, не можеш да прислушкуваш само со „снифање“ на радио фреквенции. Само за декриптирање на повикот без адекватните декрипциски кодови, ќе ти требаат неколку години brute forcing на прилично јака машина... и тоа за само еден разговор.

Не навлегувам во користењето на шпиунски софтвер за препраќање на разговори и/или податоци до трето лице/странка. Секој смартфон е компјутер со оперативен систем и еден куп начини за дигитална комуникација (3/4/5G, Wi-Fi, Bluetooth, IR... сигурно има и други) што практично значи дека можностите за вакво прислушкување се неограничени (има многу attack vectors).
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3918
  • Gender: Male
"Со тоа што операторот мора да знае за ова, за да може повикот да се препрати."
Тоа де, тоа дали може да се "хакне"

Др-мр, одамна си преселен ? Дека не знајш за бумбие...

Offline dr-mr

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 730
  • Gender: Male
Re: Шпиунски софтвер за мобилни?
« Reply #11 on 19.06.2020, Friday, 18:14:45 (Edited 19.06.2020, Friday, 18:33:24) »
Не мора да се препрати повикот, телефоните автоматски се конектираат за најмоќната базна станица околу нив, за да останат конектирани и со најдобар сигнал. Исто како што се префрлаат и за wifi сигналот.


Во Холандија сум од  средината на 2014.
Незнам што е тоа бумбие?
Ако мислиш на бомбите - снименит/преслушкуваните разговори на политичари за тоа знам.
За тоа има шпекулации дека зад тие снимки стои CIA  или Германски BND некои шпекулираа дека е користен Британски  уред за прислушкување кој бил во сопственост на ЈНА  и бил сместен во Црна Гора, тој уред го снемало кога се оддели Црна Гора.

Во периодот околу 2001 и Македонската  армија поседуваше уред со можности да слуша неколку мобилни уреди истовремено.


Се може да се ХАКНЕ не постои 100% заштитена технологија, се што може да се направи е Хакирањето да се направи скапо и неисплатлибо
Сепак се ВРТИ !!!

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3918
  • Gender: Male
Исто е бумби-бомби, оти нас што останавме храбро овде ни ги отекоја бумбите со бомбите :)
Инаку таја "лажна" станица, треба да се афтентицира на некоја друа станица. Како ?

Offline dr-mr

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 730
  • Gender: Male
Тие станици представуваат/имитираат  легални станици од операторот и телефонот автоматски се поврзува преку нив.
Исто како кога разговараш на телефон и се движиш, телефонот може во текот на еден разговор да смени и неколку базни станици. Доколку лажната базна станица е најблизу/најмоќна, телефонот ќе се закачи на неа бидејќи она нуди најдобар сигнал а тоа е тоа што го бара телефонот.



Ееден од последните начини на прислушкување, не ти треба телефон.
Code: [Select]
https://latesthackingnews.com/2020/06/19/lamphone-attack-exploits-vibrations-from-light-bulb-to-spy-on-users/
Сепак се ВРТИ !!!

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12723
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Не мора да се препрати повикот, телефоните автоматски се конектираат за најмоќната базна станица околу нив, за да останат конектирани и со најдобар сигнал. Исто како што се префрлаат и за wifi сигналот.

Ако едниот корисник е опслужуван од една базна станица, а другиот од друга, повикот мора да се препрати. Базната станица во комбето може да е најјака во радиусот на едниот корисник, но не мора да е и во радиусот на другиот.

Во случај да се опслужувани од иста базна станица, да, сигналот не мора да се препраќа.

Евентуално може ова да се изведе со повеќе комбиња кои се меѓусебе мрежно врзани (исто така безжично), при што треба да ја знаеш точната локација и на двајцата (или повеќе) корисници и да имаш комбе на секоја од тие локации, при што повикот наместо да биде препратен од базна станица до базна станица на операторот, ќе биде препратен од страна на клонираните базни станици во комбињата, од едно комбе до друго комбе... од прилика, некако вака би изгледало.

Сепак, треба да се клонира ID-то на операторот, а и ова не е баш тривијална работа... не е невозможно, но не може баш секој да го направи.

Во секој случај, прислушкување може да се изведе практично само на два можни начини: или операторот знае за тоа и ти имаш инсталирано опрема кај него, или операторот не знае, при што мора да користиш ваква конфигурација (со повеќе комбиња) и специјална опрема, што е прилично скапа инвестиција и Рајко сигурно не може да го направи тоа (мислам на обичен смртник)... влада на држава... зависи која. Повеќето, сигурно можат.

За тоа има шпекулации дека зад тие снимки стои CIA  или Германски BND некои шпекулираа дека е користен Британски  уред за прислушкување кој бил во сопственост на ЈНА  и бил сместен во Црна Гора, тој уред го снемало кога се оддели Црна Гора.

Ова не може никој со 100% сигурност да го потврди. Доказите се уништени, а и да не се, јас колку што знам, нема сведоци кои може ова да го потврдат.

Во периодот околу 2001 и Македонската  армија поседуваше уред со можности да слуша неколку мобилни уреди истовремено.

Да, имаа, но само за прва генерација на мобилна телефонија... што практично беше токи-воки. Немаше никаква енкрипција на сигналот, се праќаше во етер како FM модулиран радио сигнал. И поопремени радио-аматери можеа да слушаат разговори.

Се може да се ХАКНЕ не постои 100% заштитена технологија, се што може да се направи е Хакирањето да се направи скапо и неисплатлибо

Like ;). Една единствена апсолутна вистина сметам дека е ова. Се што е направено од човек, може да се пробие ;).
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."