Зависи колку пари сакаш да фрлиш...
Ај вака, само за поедноставно да ти претставам што бараш. Еднаш, ми донесоа мини системче од сендвичара на сервис... не фаќало радио
. Тоа беше најмал проблем со системчето, но ајде, само тоа им требаше да работи. Внатре... ужас! Не се опишува што се имаше, од мртви лебарки и бубашваби залепени за лој и масло, до нивни јајца (си направиле гнездо изгледа
), прашина и сусам залепено за сето тоа... буквално се беше кородирано. Го затворив и им реков дека треба две мои месечни плати да ме платат за да ме натераат под разно да разгледам да го поправам. Си го земаа и тоа беше тоа. Дали потоа некој го направил, не знам.
Притоа, ќе напоменам дека имам прилично јак желудник, не се гадам од се и сешто, баш напротив често знам да кажам „по*ери ми се на маса сред јадење, не ми пречи“ за да потеницирам дека скоро и да нема нешто што ќе ме згади.
Поентата ми е, ако сакаш да фрлиш доволно голема сума на пари за некој да го среди, да, ќе најдеш јунак, не е дека нема најдеш, дури и локално кај тебе. Еве, предложи му на некој од сервисерите што те одбил „Друже, за 500 евра, ќе го средиш?“, бидејќи разбери, ова е макотрпна работа и за времето кое ќе го потроши на ова радио, он ќе направи 10 други работи за кои од секое од нив ќе земе по 2000, 3000 денари, така да... само тоа е прашањето, колку пари си спремен да фрлиш. Скоро се можеш да купиш за пари
.
Ако јавно не сакаш да пишеш колку би дал, пиши ми приватна порака, ќе пренесам по луѓе што мислам дека би прифатиле
.