Македонски форум за електроника

Електронски уреди => Мобилни телефони => Topic started by: DX-er on 30.01.2021, Saturday, 16:11:38

Title: Општи интересни информации и новости
Post by: DX-er on 30.01.2021, Saturday, 16:11:38
Интересно видео за мобилните телефони кое вреди да се погледне. Според ова излегува дека еден дел од телефоните се генерички производи.

Title: Re: Општи интересни информации и новости
Post by: GigaWatt on 31.01.2021, Sunday, 01:32:22
Според ова излегува дека еден дел од телефоните се генерички производи.

Да де, само се разликува квалитетот на изработка, ништо друго ;). Само софтверот се прави во фирмите, ништо друго, самиот телефон, како хардверски уред, generic е. Се додава или вади нешто по потреба, поддршка за овој екран се става, се вади за оној, ама генерално, цела плеада на уреди има со SoC MediaTek XXXX или некој трет производител на SoC-ови ;). Ги изработуваат подизведувачи.

Практично се се прави така во денешно време ;). Не само телефони... само за Sony знам дека сеуште само нивни фабрики (ама баш нивни) имаат во Кина... Samsung евентуално, ама не за се.
Title: Re: Општи интересни информации и новости
Post by: dr-mr on 31.01.2021, Sunday, 16:53:42
Освен како clickbait видеото не служи за ништо друго. Тоа што типот го кажува во видеото е ниту нешто ново ниту тајно.
Патем ODM не значи дека ODM компанијата го дизајнира уредот, туку дека ODM компанијата добива оригинален дизајн од некоја друга компанија и тој дизајн го произведува.
Тоа се прави 50 години не е од вчера.
Незнам зошто Aple го нема на таа листа, Aple не произведува ништо од хардвер ниту ги склопува сопствените уреди, Aple e 100% зависна од ODM.
Title: Re: Општи интересни информации и новости
Post by: DX-er on 31.01.2021, Sunday, 17:22:50
Да де, само се разликува квалитетот на изработка, ништо друго ;).

Мислиш на квалитетот од една до друга ODM фабрика или квалитетот од телефоните произведени во Самсунг и оние самсунзи произведени во ODM ?

Дали телефоните произведени во ODM би имале делови од исти производител (исти квалитет) без разлика дали се работи за Samsung или Alcatel?
Title: Re: Општи интересни информации и новости
Post by: dr-mr on 31.01.2021, Sunday, 17:57:26
Квалитетот на деловите и изработката зависи од цената, доколку нарачателот плати повеќе ке добие подобар квалитет,  без разлика дали се работи за Samsung, Alcatel или некој друг.
 Голем дел од производството во ODM се врши со "off the shelf modules", готови веќе склопени модули за камери, екрани, полначи/контролери за батерии,  затоа и многу брендови имаат телефони со исти или многу сличен дизајн.
Обично компаниите како Samsung имаат подобар квалитет бидејки произведуваат голем дел од компонентите/модулите, можат тие компоненти/модули да ги добијат со подобар квалитет за пониска цена(цена на производство), додека некоја компанија која ќе ги купи тие компоненти/модули ќе плати повисока цена за истите компоненти или ќе набави понеквалитетни или компоненти со послаби карактеристики. Еден екран за телефон на Samsunga може да го кошта 50 евра да го произведе и користи во нивните телефони, на Aple или Alcatel истиот екран ќе ги кошта 60 евра (цените се само како пример), бидејки Samsung заработува од продажбата на компоненти/модули.
Title: Re: Општи интересни информации и новости
Post by: GigaWatt on 01.02.2021, Monday, 09:35:56
Тоа се прави 50 години не е од вчера.

Па... не баш 50 години, ама 25 до 30 да. Откако Кина почна да станува главна индустриска моќ во светот, практично од тогаш.

Незнам зошто Aple го нема на таа листа, Aple не произведува ништо од хардвер ниту ги склопува сопствените уреди, Aple e 100% зависна од ODM.

Да, Apple од старт, уште откако е оформена, ништо не произведува од хардвер, само софтверот е нивен... и тоа „нивен“ е дискутабилно, ако се земе во предвид дека MacOS е всушност преправен UNIX со GUI... мада истото може да се каже и за сите Android уреди.

Квалитетот на деловите и изработката зависи од цената, доколку нарачателот плати повеќе ке добие подобар квалитет,  без разлика дали се работи за Samsung, Alcatel или некој друг.

Така си е ;). Колку пари, толку музика ;). Затоа имаш телефони од 100 евра и од 2000 евра ;).