Македонски форум за електроника

Електронски уреди => Мобилни телефони => Topic started by: KiloVolt on 23.04.2014, Wednesday, 11:35:40

Title: Тајната зад постарите модели на Nokia
Post by: KiloVolt on 23.04.2014, Wednesday, 11:35:40
Имам искусто со некои постари модели на Nokia кои по неколку децении неќат да се расипат- на пример, сега во моментов користам Nokia X2-00 и можам да ви кажам, од кога ме заинтересира електроникава, секој уред што го изработувам, ако е високонапонски, случајно или намерно со заштита е тестиран на него, абре не сака да се расипе! Сплит трафо го има удрено, потоа и преку каскада на над 50kV (6cm искра), Теслин трансформатор го има дрмнато со и без фарадеев кафез поради блиско снимање, паднат е над 10 пати на мермер, еднаш во вода, и 2 пати од тераса поради брат ми... Со други модели што имам искуство доживеале слични работи (освен струја) и неќат да се расипат, а гледам новиве модели се нежни, еднаш падна- екранот пукна. Ме интересира што е тајната зад постарите модели, има некој претпоставка???
Title: Одг: Тајната зад постарите модели на Nokia
Post by: GigaWatt on 23.04.2014, Wednesday, 12:04:42
Се правеа како што треба и не се правеа во Кина ;D.

А и многу поскапи беа од сега ;). Сега, smartphones ги дваат и бесплатно со некои тарифни модели кај операториве.

Многу фактори влијаат. Сега телефониве се PC-иња веќе, па нормално е со зголемување на степенот на интеграција на компонентите во интегрираните кола, да се зголемува осетливоста на компонентите на повисок напон. Сега, телефон не е само телефон, туку е и фото апарат, снимач на звук... нешто како PC со малку ограничени можности.

Како што пишав, многу фактори влијаат, премногу за да може сите да се набројат.
Title: Одг: Тајната зад постарите модели на Nokia
Post by: KiloVolt on 23.04.2014, Wednesday, 12:17:38
Ама до толку висок напон, :o стварно ме зачуди ;D  ??? ::)
Title: Одг: Тајната зад постарите модели на Nokia
Post by: Atanas on 23.04.2014, Wednesday, 12:25:55
Моја претпоставка за екранот е тоа што е во голем размер и кога ќе падне пука таа лентата внатре а за стаклото(на површина што е) малце потешко...

Споено мислење: 23.04.2014, Wednesday, 12:26:45
И кај ајфониве не е баш така лесно да се оштети.
Title: Одг: Тајната зад постарите модели на Nokia
Post by: beethoven on 23.04.2014, Wednesday, 13:32:47
Ако го фрлиш од балкон не да се оштети туку ќе се искрши.
Title: Одг: Тајната зад постарите модели на Nokia
Post by: GigaWatt on 23.04.2014, Wednesday, 19:17:34
Ама до толку висок напон, :o стварно ме зачуди ;D  ??? ::)

Ако си отворил некоја постара Nokia, сигурно си забележал дека повеќето од нив имаат железни арматури ;). Тоа е тајната на нивната крутост, а меѓу другото, тоа го одговара и твоето прашање ;). Арматурата е најчесто врзана за масата на телефонот и е на (теоретски барем) недефиниран потенцијал во однос на сите останати уреди околу него бидејќи целата арматура, а со тоа и телефонот, е изолирана со пластиката од телефонот од околината. Бидејќи искрите најчесто се привлечени од метални површини, арматурата е прва на удар кога ќе силуваш телефон со Теслин трансформатор ;D. Е сега, финтата е во тоа што оваа искра го дига потенцијалот на целата маса, ама тоа значи дека за адекватна вредност ќе се дигнат и сите останати потенцијали во телефонот бидејќи телефонот, како целина, тежнее да си ги задржи потенцијалите кои претходно ги имало во неговата внатрешност. И затоа ништо не му е ;)... добро, можеби ќе се закочи, ама извади ја батеријата и пак стави ја и ќе се пушти ;).

Теоретски гледано, ако целиот уред е целосно изолиран со една метална затворена површина и истата е врзана за масата од уредот, кој и да е тој уред, не е важно дали ќе биде врзан за градска мрежа, дали ќе го удри гром или дали ќе експлодира нуклеарна бомба до него (карикирам се разбира ;D). Се додека потенцијалите во неговата внатрешност, како склоп, останат непроменети, а сигурно ќе останат, целосно е изолиран од надворшениот свет со Фарадеев кафез, уредот ќе си работи ;)... се додека не се испразни батеријата, хахахахаха ;D ;D ;D.

Финтата е во тоа, делумниот Фарадеев кафез кој го имаат постарите модели од Nokia ;). На тоа додади го и повисокиот напон на работа на компонентите (ова допринесува за стабилност при работа на уредот, со пониски напони, се постигнуваат повисоки перформанси, ама се губи на стабилност при работа на уредот ;), за ова доказ се сите ефтини smartphones кои ги има кај нас... те кочеле, те зезале, те ова те она ::)), Фарадеевиот кафез кој го имаше околу целата плочка (да, освен арматурата, повеќето постари модели беа и со цела метална обвивка заштитени од задната страна), самата изработка на интегрираните кола, постапката на изработка на куќиштето (порано, повеќето беа SMD или некоја варијанта на SMD, сега сите се веќе BGA)... се ова допринесуваше за стабилност при работа на телефонот.

Но, сега веќе на никој не му е гајле како се изработени бидејќи се џабе, а и гага ги даваат веќе операториве, па и да ти се зезне телефонот, не е проблем, ќе си купиш нов, евтини се веќе ;). Порано не беше така, поскапи беа бидејќи и изработката им беше поскапа.