Македонски форум за електроника
Огласи и понуди => Понуди => Topic started by: Aswo on 13.04.2010, Tuesday, 13:41:31
-
Од пред извесно време во Скопје започна со работа Aswo, лидерот во логистиката со резервни делови во Европа.
http://www.aswo.com
Продавницата се наоѓа на ул. Берска бр.1, спротивно од поштата на железничката станица.
Контакт:
тел.:02/3228-060
e-mail: aswo@aswo.com.mk
Комплетна понуда на делови за сите брендови, алат, пасивни и активни компоненти.
-
Конечно да се појават и во нашата земја ;D
Одлично!!!
-
а дали некој знае шо електронски делови се продаваат дали нешо како у алфа или нешто различно и ако има некој некоја информација како е околу цената
-
Јас за ASWO имам слушано од многу колеги надвор од државава. Продавницата е една од најснабдените за електорника и електронски компоненти (така беше во останатите држави околу нас), а за оваа нашава незнам, бидејќи се уште не сум бил, а и искрено денес дознав од форумов и бев пријатно изненаден...
Ќе кажам уште еднаш големо БРАВО ;)
-
ке ископам некој дел за да го купам, па ке барам таа продавница кај е...да видиме што се има таму :D
-
Сега во новиот емитер имаат кажано за aswo,дека има и во Македонија и дека сега не е проблем за уредите кои досега немало делови кај нас сега можи од таму да се набават.
-
јас вчера им пишав меил за да ми пратат ценовник, ама па некако малце делови како да има...ги прашав дали ке може ценовникот да го ставам тука и рекоа не :-\...па кој сака нека им прати меил за ценовник да си добијат....
-
Сега во новиот емитер имаат кажано за aswo,дека има и во Македонија и дека сега не е проблем за уредите кои досега немало делови кај нас сега можи од таму да се набават.
ааааааа ај ке видиме, баш и мене ме интересира дали е така, дали ке најдам работи кои ги нема во ниту една друга продавница во скопје дали ке ги има кај нив.
-
Ако не ти е тешко паршај и за ласери дали има. :)
-
Ако не ти е тешко паршај и за ласери дали има. :)
Веке им пишав уште вчера
-
Во ASWO се нарачуваа делови поспецифочни колку што знам...Веројатно дека е се уште нова продавницата...Верувам дека коа ке се средат ке бидат ОК
-
Добри биле за почеток. :D
-
Дечки пазарувал некој во ASWO, каде точно е продавницата ?
Како што видов улица Берска е црната линија на сликава, дали е тука некаде?
(http://pic.mk/thumbs/i1282669488.jpg) (http://pic.mk/?v=i1282669488.jpg)
-
Лелееееее, ама е стара сликава, уште кога беше оној циркусот во Скопје, хахахах ;D.
Јас еднаш пробав да го најдам, ама не успеав, ај ако не, некој од деновиве ќе одам да го прошарам тој реон (малку да излезам од дома, само уќам последниве 20 дена ;D), па ќе направам еден screen shot од Google maps на локацијата и ќе означам ;).
-
Кога одиш од поштата накај новиот мост близнак, на раскрсницата не продолжуваш право накај мостот туку вртиш лево накај комплекс банки, само што ќе свртиш продавницата е на 5 метри, од десна страна во куќите, не можеш да ја промашиш, има голема табла која што се гледа од далеку.
-
Аха, ок, фала ;).
А што поточно има во таа продавница, има нешто добро, некои делови кои се ретки, поевтини се деловите?
-
LordZi ај ако може кажи во кое квадратче е ASWO? на пример ако е кај циркусот ке биде А7 Ако е така како што те разбрав треба да е во Г4
(http://pic.mk/thumbs/a1282677829.jpg) (http://pic.mk/?v=a1282677829.jpg)
-
Па така некако ќе му дојде, Г4 или Д4 ;).
-
На Д4 е, не е на главната улица што оди накај банките, туку малце повнатре на онаа што оди дијагонално нагоре, ама има видлива табла така што лесно се наоѓа.
-
значи улицата на Д4 а кога ке влезам во уличето треба од десна страна да ја видам таблата? тоа мислам да почеток на уличето.
-
Таблата се гледа и од таа главната улица што е кај поштата, не се секирај, лесно ќе ја најдеш ;D
-
Вака сега јас бев една вечер па не ја видов таблата ни еден знак не видов.Изгледа дека беше темница.Извинете за оф-топиков!!!
-
LordZi фала ти за информациите, продавницата е баш тамо како што кажа :)
-
Најде нешто интересно :), пошто јас кога бев немаа баш некој избор, таа продавачката немаше ни слушнато за пик 16Ф84 :o
-
барав еден чип SAA1057 и еден SN74LS73 ама вториот го немаа.
-
барав еден чип SAA1057 и еден SN74LS73 ама вториот го немаа.
7473 e Ј-K Flip-Flop изработен во TTL техника, а не мора да го бараш само под тоа име, можеш да кажеш само 7473 ;). SN е ознаката за произвoдителот, во конкретниов случај тоа е ознаката на Texas Instruments ;). Буквите во средина најчесто ја означуваат подфамилијата на TTL фамилијата на дигитални интегрирани кола. Во конкретниов случај ознаката означува Low Power Schottky, ако ознаката беше ALS ќе значеше Advanced Low Power Schottky, ако ознакта беше само S ќе значеше само Schottky (транзисторите и/или диодите во колото се изведени како Шоткиеви транзистори кои нудат поголема брзина на работа од обичните биполарни транзистори).
-
Или можеш да напишеш 74HC73!!!
-
Доволно е да каже само 7473, станува збор за исто коло, но подфамилијата се разликува, ама нема везе, во прицип сите (горе долу) имаат исти логички нивоа, се разликуваат во горната гранична фреквенција, минималниот и максималниот напон при кој поминуваат од една логичка стостојба во друга (најчесто, тука некаде се сите, 100mV + или -) и максималниот напон на шум/пречки кој е дозволен во едната и во другата логичка состојба ;).
-
Пројдов од таму и ѕирнав,внатре се беше празно што се случува??Затворила ли продавницата или мене така ми се чини!!!??? ::)
-
Контактирав со ASWO и не се повеке на таа локација. Се селат во ТЦ. Беверли Хилс
-
Можеби ќе одат на местото на електронинвест? :)
-
можно е, јас ги разбрав нешто како на спрат дека ке бидат ама не сум сигурен за тоа
-
Епа најверојатно им го земале местото на Електроинвест ;D. Добро е, барем нема да морам да одам само до Loging кога ќе барам делови во Беверли ;).
-
А дали имаат спреј Позитив 20 во Аswo??? да не знае некој дека вчера цело Скопје го прошетав за тој спреј!И по се во ГАЦ газдата ми рече ако нема во Логинг нема да најдеш никаде ;D
-
во логинг знам дека го има тој спреј...1500 денари и јас ке го земав да не ми ги собраа парите...
-
Дечки мала помош од мене ;) бев во беверли хилс и таму се преселени на местото на електронинвест ;) Доколку на некој му треба нешто таму може да ги најде ;)
-
друже таму јас скоро секој ден сум(во Беверли) и нема проблем,фала за информацијата!
Инаку ужас,нема компоненти,ужас! >:( :-\
-
друже таму јас скоро секој ден сум(во Беверли) и нема проблем,фала за информацијата!
Инаку ужас,нема компоненти,ужас! >:( :-\
Е ај жити мајка наброј што има,јас не сум бил. ;D
-
има неколку мемории,напонски регулатори(7805 а 7812 нема,за жал) некој тразистори,интергралци а има за веш машини црева,термостати,имаат еден спреј конектори и калај.Исто така и една плоча за ТВ приемник!
-
има неколку мемории,напонски регулатори(7805 а 7812 нема,за жал) некој тразистори,интергралци а има за веш машини црева,термостати,имаат еден спреј конектори и калај.Исто така и една плоча за ТВ приемник!
ОК,а цените како им се движат за компонентите?
-
Колега малечко како прво кога влегов таму се беше цакум пакум ама кога и реков на таа за плочка да ми даде незнаеше за што се работи >:(
И кажувам пертинакс а она ми вели немаме такви плочки >:(
Е сега сеуште незнам дали немаа или женски памет па незнае што е пертинакс ;D ;D ;D
-
ја знам продавачката,изгуена! ;D ;D
И викам дај ми она таа ми дава нешто трето! :'(
-
јас еднашка и барав отпорници од 5W а она ми даваше осигурачи од 5А :-\ а и како што знам aswo е за резервни делови, делови што потешко може да се најдат...ама МИСЛАМ дека е така...
-
Да, воглавно е за тоа.