Ќе изгубиш контрола на излезен напон... ако не е проблем напонот да оди до 20V на влез на некое коло, па кога ќе повлече струја, да падне до кај 13, 14V, стави потенциометар, ќе работи и така.
Има ли посебно коло со feedback за заднинското осветлување? Има ли стабилизатор пред SMPS-от за LED драјверот? Ако нема, колкав е максималниот влезен напон на SMPS контролерот за заднинското осветлување?
Значи... се зависи од дизајн... каков е натамошниот дизајн (од напојување, па натаму).
Ако сакаш, се нудам, може да потрошам определено време да пробам да најдам шема по некои „дубиозни“ места... сум наоѓал и претходно... не за се, но за некои работи, да.