Еве нешто од мене што мислам дека би им било од корист на почетниците со програмирањето, се надевам дека ќе ме разберите.
Како и секој друг програмски јазик и "C" има своја азбука која се состои од:
-Малите и големите букви на англиската азбука
-Цифрите 0,1,2..9
-Сите специјални знаци (-+“#%...
-Празно место "Space"
Во програмскиот јазик "C" има разлика дали ќе се користи мала или голема буква. Со комбинирање на знаците се добиваат зборови, односно наредбите на програмскиот јазик "C". Постојат резервирани зборови (If, else, int, char, float...) и кориснички имиња.
Правила за применување на променливите и константите
(променливите имиња-идентификатори)
-Неможат да почнуваат со број (2i)
-Можат да содржат број (h2o)
-Неможат да содржат аретметички оператори (g+c)
-Неможат да содржат интерпункциски знаци (#@x!!)
-Можат да содржат и почнуваат со долна црта (mal_broj)
-Не можат да бидат резервиран број (else)
-Не можат да содржат празно место
-Можат да содржат мали и големи букви
Основна структура на програма во C
#include <stdio.h>
main()
{
наредби;
наредби;
}
Првата линија во програмот #include <stdio.h> му кажува на компјутерот да ја повика, вклучи стандардната влесно-излезна библиотека. Функцијата main() го означува местото од каде почнува извршувањето на програмот. Ова значи дека секоја програма мора некаде да ја содржи main(). Блокот на наредби во "C" почнува со { а завршува со }.
Основни типови на податоци во "C"
Променливите и константите се основни облици на податоци со кои се работи во програмите. Константите се фиксни вредности што во текот на програмата неможат да се менуваат а променливите можат да добијат било која вредност од едно множество на вредности. Константите во програмскиот јазик C можат да се дефинираат во два начини. Првиот е со користење на резервираниот збор "const":
const int radius=5;
Вториот начин е со користење на:
#define MAX10
Наредбата #define слично и како #include мора да биде сместена пред main(). Вообичаено е константите дефинирани со помош на define да ги именуваме со големи букви. Секоја променлива која се користи во програмот мора предходно да се декларира т.е. најави. Декларацијата содржи попис на променливи, им се одредува вредност. Во C програмскиот јазик постојат неколку основни типови податоци:
-char (знаковен тип)
-int (целоброен тип)
-float, double (реален тип)
Покрај овие постојат и квалификатори, кои се придружуваат на основните типови.
-short int
-long int
Со овај пример се дефинираат цели броеви со различна должина. Типот short воглано има 16 bit, типот long 32 bit, па значи целобројниот тип податоци "int" може да има или 16 или 32 bit. Веќе спомнав дека сите променливи на почетокот мора да бидат декларирани. Пример:
{
char x;
int a,b,c;
Во програмскиот јазик C е карактеристично што променливите можат да бидат иницијализирани (да им биде зададено почетна вредност) во декларацијата. Пример:
int a=1, zbir=0;
char x='a';
Знаковен тип податоци (char)
Во променливата од тип char може да се смести еден знак од вкупно 256. Секој знак на тастатурата има единствен нумерички код ASCII. Со деклариранје на променливите ние резервираме простот во меморијата на компјутерот. При задавањето на вредности се користат апострофи.
Целоброен тип на податоци (int)
Променливите од бројот int претставуваат цели броеви но може да се случи на променлива од тип инт да се добие децимален број. Во тој случај на променливата и се доведува првиот цел број од променливата. Пример:
int b=4,3 /* b=4 */ -коментар
На променливата од тип int може да се додели и знак, во тој случај променливата го прима ASCII кодот од тој знак. Пример:
int b='A' /* b=65 */
Променливите од тип int можат да се декларираат како short и long и како unsigned (пимаат само позитивни вредности) и signed (и позитивни и негативни). Кај signed еден bit e резервиран за предзнакот на бројот.
Реален тип податоци
Променливите од овај тип се декларирааат како float i double со таа разлика дека double користи повеќе bit и со тоа се озвозможува поголем опсег и поголема точност при претставувањето реални броеви.
Испишување на податоци
Наједноставна метода е со користење на наредбата printf. За да може да се искористи оваа наредба мораме да ја вклучиме стандардната библиотека на функции #include <stdio.h>. Пример да се испише текст здраво:
printf("Zdravo!");
Текстот кој се испишува мора да се стави меѓу наводници.
Кога сакаме да испишеме вредност на некоја променлива во текстот мора да вклучиме одреден формат за променливата. Најчесто користени формати се:
Формати | Tип
%d --> int
%c --> char
%f --> float
%lf --> double
Пример за испишување на променлива x од тип int:
printf("Vrednosta na X e %d",x)
Со една иста наредба можат да се испишат и повеќе променливи притоа за секоја променлива мора да се вклучи посебен формат.
Пример да се испишат три променливи, а од тип int, b од тип float и c од тип double.
printf("a=%d, b=%f, c=%lf",a,b,c);
За де се премине во нов ред при испишувањето во текстот го вклучуваме т.н. escape -> \n.
printf("a=%d, b=%f, c=%lf\n",a,b,c);
или
printf("a=%d\n b=%f\n c=%lf\n",a,b,c);
Escape карактери:
\n -> Нов ред
\t -> Хоризонтален табулатор
" -> Испишува наводници
\ -> Испишува коса црта
' -> Испишува апостров
a -> Системско звонче
Внесување на податоци
Наједноставна метода е со користење наредбата scanf. Пример за наредба со која се внесува вредност за променливата a од тип int.
scanf("%d",&a);
И во оваа наредба мора да се зададе формат, а пред променливата мора да стои знакот & (ја одредува адресата на променливата). Пример да се направи програма која вчитува вредности за целобројните променливи а,b,c и ја прикажува следната порака на екран.
а=___cm b=___mm
#include <stdio.h>
main()
{
int a,b; /* Deklariranje na promenlivite */
printf("Vnesi 2 broja:"); /* Ispishuvanje poraka na ekran */
scanf("%d %d",&a,&b); /* Vnesuvanje na vrednosti na promenlivite a i b*/
printf("a=%dkg b=%d",a,b); /* Ispishuvanje na krajnata poraka */
}