Понекогаш е потребно да ја провериме исправноста на некои електролитски кондензатори, но не секогаш имаме при рака ESR метар, некогаш имаме на располагање само осцилоскоп (+ генератор на фреквенција)
Најчесто старите осцилоскопи, но и некои понови имаат излез на кој се приклучува сондата за калибрирање, таму се добива некој правоаголен сигнал со фреквенција од 1kHz па до неколку kHz зависност од тип до тип на осцилоскоп. Доколку немаме ваков осцилоскоп кој генерира сигнал, потребно ни е дополнителен склоп/ генератор кој ќе дава некој сигнал од 1kHz.
Шемата према кој се поврзува се е следна:
Формата на сигналот зависи во зависност од капацитивноста на кондензаторот Cx. За поврзување на кондензаторот се користи нај нормална стандардна 75омска проба за осцилоскоп. На сликата подолу се дадени формите на сигналите кој се добиваат на дисплејот во зависност од кондензаторот
Во зависност од тоа која слика ќе ја добиете, ги имате овие резултати:
- На првата слика даден ни е осцилограм директно од излезот на осцилоскопот.
- На втората слика даден ни е осцилограм на кондензатор кој ја изгубил капацитивноста, односно пресушен е.
- На третата слика даден ни е осцилограм на кондензатор кој е од прилика до 1µF .
- На четвртата слика даден ни е осцилограм на кондензатор кој е од прилика до 10µF.
- На петтата слика даден ни е осцилограм на кондензатор кој е од прилика до 100µF.
- На шестата слика даден ни е осцилограм на кондензатор кој ја изгубил капацитивноста но е во функција на ниско-омски отпорник.
Додека мерите, немојте да допирате со прст на нозете од испитуваниот елемент, може да придонесите до погрешни резултати