Прво, излезот phones од миксетата дава на излез сигнал со (скоро) линеарно ниво (ниво до 0.77V според спецификации, иако скоро секогаш е барем дупло поголем од тој напон, значи сметај ниво до максимум 2V). Значи во принцип може, но најверојатно ќе треба да го приклучиш на некој влез кој има линеарно влезно ниво, тоа значи дека mic влезот за микрофон на компјутерот отпаѓа од изборот на влезни аудио порти. И, секако, пази на нивото на излезниот сигнал од миксетата, не го пуштај прегласно, процени пред да пуштиш
.
Второ, најчесто вака не се врзува миксета како влез во некој систем за снимање, без разлика дали се работи за PC или не. Најчесто се бара каде е линеарниот излез од микестата (повеќето миксети имаат вакви излези, но најчесто се изведени со 5mm-тарски банана конектори, како за гитара, наместо со обични RCA конектори, како што имаат повеќето системи за AUX или повеќето CD плеер/декови на output). Кога ќе го најдеш линеарниот излез, се подесува нивото на снимање на излезниот сигнал од миксетата и (најчесто) не се мрда од тоа ниво за да излезе целата снимка со едно исто ниво на снимка. Така да, изборот за phones како излез за снимање на PC и не ти е баш некој најдобар избор :S
Трето, програми за снимање има премногу, од обични wave едитори до комплицирани production системи, како Cubase, Logic, Ableton Live, Reason, итн. Ако ти треба само едноставен wave editor, можеш да го побараш Cool Edit, или некој друг бесплатен wave editor кој има слични опции
.