Македонски форум за електроника
Аналогна електроника => Радио техника => Приемници => Topic started by: Vlatzki on 11.07.2011, Monday, 22:19:48
-
Здраво на сите, во подрум имам едно старо радио со ламби, и е купено од Полска, некаде во почетокот на 20тиот век... Радиото е со 5-6 ламби во него, и ме интересира за што можам да ги искористам тие ламби или за колку би можел да ги продадам ако се исправни. Поздрав. :)
-
Подобро пробај реставрирај го ако можеш, ако е навистина купено на почетокот на 20-тиот век, можно е да чини доста пари ;).
-
Подобро пробај реставрирај го ако можеш, ако е навистина купено на почетокот на 20-тиот век, можно е да чини доста пари ;).
Послушај го GigaWatt, тоа радио е антика, пробај да го поправиш и пробај си ја среќата во продажба или пак можеби користи си го :)
-
Послушај го GigaWatt, тоа радио е антика, пробај да го поправиш и пробај си ја среќата во продажба или пак можеби користи си го :)
Да беше мое, искрено, би си го користел, не би го продал ;D.
-
Не знам за што би го користел радиото... Не сум уклучил радио од пред 4-5 години, се префрливме сите на компјутер и на телевизор... :) Туку за старото радио не знам дали е во работна состојба, некако ми е страв да го уклучам во струја бидејќи сум сосема сигурен дека ќе пукне нешто или ќе се запали. Па во тој случај целото радио би било изгорено... :(
-
отвори го, исчисти го целото од прашина, и уклучи го во штекер, не би требало ништо да се деси :)
-
Туку за старото радио не знам дали е во работна состојба, некако ми е страв да го уклучам во струја бидејќи сум сосема сигурен дека ќе пукне нешто или ќе се запали. Па во тој случај целото радио би било изгорено... :(
Не се секирај, галвански е одвоено целото со трансформатори, и од мрежата и од звучникот. Најмногу што може да се случи е да прегори осигурувач во радиото ;). Плус, ако е лампашко, како што кажуваш, лампите имаат доста голема толеранција на високи напони ;). Нема ништо страшно да се случи дури и ако нешто во него е расипано, па на некоја лампа се носи поголем напон (што е многу редок случај, најчесто напоните може да бидат пониски во определен степен од некој уред поради дефект, а не повисоки).
-
Закачи го на лицитација ;D :D ;)
-
Го проверив радиото, му фали звучник и кабел за струја (кој најверојатно е изгрицкан од глувците)... Го исчистив малку али немав време да го проверам подетаљно за кратки споеви да не има случајно. Деновиве кога ќе бидам послободен со време, ќе го ѕирнам подетаљно радиото, па може и ќе му ставам звучник и ќе го укључам. Ќе ве известам за понатаму. :)

ај кабелот, зар и звучникот :o што звучник че беше тоа (некој дрвен) ;D ;D
-
само пази каков звучник треба, дали треба од 300-600 оми или стандарден од 4-8 оми :)
-
само пази каков звучник треба, дали треба од 300-600 оми или стандарден од 4-8 оми :)
Ако има излезен транзформатор, не му треба високоимпедансен звучник ;).
-
ако има ама, пошто не знаеме со сигурност дали има треба да се проверат сите можни варијанти :)
-
Дечки, имам еден звучник од 4 оми, дали ќе се направи некоја штета ако го ставам тој звучник, а радиото е направено за таков звучник од 300-600 оми ?
-
Незнам колега ;D Пробај стави му некој 200 оми отпорник во серија на + жицата од звучникот и по малце глас попуштај му :D ;)
-
Ако е предвидено за високоомски звучник, 4 омски ќе му дојде практично како краток спој.
Убаво ти пиша GigaWatt, прво види дали има излезен трансформатор.
-
Се извинувам што можеби ви досадувам, но да ве прашам, каков е тој излезен трансформатор и како изгледа, ако може и слика од него... :)
-
сликај го ти радиото како изгледа да видиме од натре па ќе ти кажиме дали има или не, пошто зависи од тип до тип кај сите се различни, тоа ти е трафо на излез према приклучок за звучник види дали кај приклучокот за звучник имаш трафо
-
Се извинувам што можеби ви досадувам, но да ве прашам, каков е тој излезен трансформатор и како изгледа, ако може и слика од него... :)
И ако веќе сликаш, те молам, немој со мобилен, ништо не се гледа, ако можете позајмете од некој којшија, подобро тоа одколку две страни да се полемизира дали некој дел на матната слика е ламба или слон :S.
-
Хахаха, тоа и сакав да ви го кажам... Треба да се слушнам со другар да ми го позајми дигиталецот, па да го чкрапнеме радиото неколку пати... Иначе сега пред малку го прегледав подетаљно, има 4 ламби... А трансформатори колку што можев да видам, немаше... Најверојатно целото радио работи на 220 волти... :/
-
Ти сликај, стави ги сликите на некој host, ќе ги разгледаме и ќе ти кажеме ;).
-
Мислам дека имаш радио ко моето.Имаше и моето 4 ламби. Ептен старо радио е ;D
Мислам дека имаше 2 трафоа внатре. Едното е поголемо, а др е помало. Види во делот на Исправувачите-Темите со трафоа шо се, јас таму имам постирано слики од тоа трафо. Мислам дека излезното трафо на секундар има големи напони. Сепак прочитај таму ќе видиш отприлика за тоа трафо некоја карактеристика ;)