Дигитална електроника > Микроконтролери

0-50MHz фреквенцметар

(1/10) > >>

Devil:
Токушту го завршив проектов, се на се 2 сати работа, можеше побрзо ама незнма нешто кочеше растворот за нагризување на плочите  >:(

Инаку проектот се базира на PIC16F628 микроконтролерот и плус неколку компоненти ( гледаш на сликата)


На сликава прикажан е поглед од долу, при цртањето мака ми беше и не обрнав големо внимание и затоаа имав 1 грешка и тоаа кондензаторите од кристалот не ми беа на маса поврзани ( црната жица од долу )


има 4 седумсегментни дисплеи и кога нема ништо приклучено прикажува само на едниот дисплеј нула ...
повеќе информации тука

--- Code: ---http://www.qsl.net/dl4yhf/freq_counter/freq_counter.html
--- End code ---

GigaWatt:
Браво браво, вака супер изгледа ;).

LordZi:
Супер корисна работа :), а која е најмалата фреквенција што може да ја мери? Исто ме интересира дали и како го калибрираше?

BorceBT:
Мислам дека нема калибрација, колку што е точен кристалот толку ќе биде точна и мерената фрекфенција :)

GigaWatt:
Па би требало да биде од 1Hz па нагоре, не верувам да може да мери фреквенција помала од 1Hz. А за калибрацијата, да, не би требало да се калибрира, а колку што видов од плочката, нема елементи за калибрација на плочката (тримери, променливи кондензатори) ;).

Navigation

[0] Message Index

[#] Next page

Go to full version