Прво провери каде е прекинот. Извади ги сите три осигурувачи (јас не би го работел она што следува ако имаш електромагнетни осигурувачи, би работел само со топливи, каде што можам физички да го извадам осигурувачот) и краткоспои една од неисправните фази со една од исправните фази во штекерот и проверувај дел по дел, дозна по дозна, оди кон штекерот и гледај во која секција ќе јави краток спој меѓу двете фази (со унимер на beeper подрачје). Ако и по последната дозна не јави никаков beep, проблемот е најверојатно по последната дозна, меѓу последната дозна и штекерот. За да бидеш 100% сигурен, краткоспои ги истите два фази во дозната и види дали ќе јави краток спој меѓу двете фази кај осигурувачите. Ако јави, каблите од таа дозна до осигурувачите се исправни, проблемот е од таа дозна до штекерот. Притоа, за ниедна од проверките нема потреба да ги одмотуваш каблите еден од друг, дури ни изолир траката во дозните не мора да ја вадиш ако имаш мерни врвови со игли.
Ова треба да се работи многу претпазливо! Во никој случај не треба да се остават работите на случајност ниту пак да се почнува со мерење без притоа да се провери дали на краевите на проводниците има висок напон! Мерење со инструмент, особено дигитален, нема да даде валиден резултат. Многу често енергетските кабли се поставуваат еден до друг и се јавува преслушување од еден на друг вод, а дигиталните инструменти се прилично осетливи и овој брум може да го регистрираат како напон меѓу два проводника. И фазометар не е валиден индикатор дали на определен проводник има фаза или не. За брзи проверки, да врши работа, како на пример да установите дали е изгорен осигурувач или не, но за да не оставите место за двоумење, најдобро овој тест да се прави со потрошувач (сијалица поставена меѓу нулата и фазите кои планирате да ги проверувате).
Бидете внимателни, високиот напон од енергетската мрежа е опасен по живот! Секогаш превземете ги сите мерки за безбедност и најважно, секогаш нека има некој друг возрасен присутен до вас додека работите!