Македонски форум за електроника
Аналогна електроника => Аудио техника => Предзасилувачи => Topic started by: KiloVolt on 14.09.2014, Sunday, 16:02:46
-
Пред некој ден си играв со E80CC и отпорот мегу катода и мрежата при одредени напони на греачот, и забележав дека на 10 волти, отпорот од катодата кон мрежата е ~560 оми... ;D Си реков, наместо да ја напрегам на максимален напон на греач, да и ставам 10 волти...
Имав трафо од напојување од касетофон со многу излези: 2V, 3V, 6V, 7V, 2x10V, 12V, 2x24V, 36V, 47V и други помали напони...
-Поврзав жици за излез 10 волти и 47 волти.
-Првиот го однесов на пинови 4 и 5 на лежиштето на ламбата.
-Вториот излез го однесов на 100V, 3А грец и електролит 47uF, 100V, напонот што го добив беше 62VDC. --Пробав така да однесам наизменичен напон на мрежата и да мерам наизменичен напон na анодата- измерив 1,2VAC! Многу беше просто, но исто така имаше многу шумови на излез, па ставив различни компоненти, филтер кондензатори- се на се: 4,2uF/200V. bias отпорник 1k со 470uF/35V електролит паралелно, и уште неколку ситници... крајниот резултат е овој... (слики во атачмент...)
P.S. Како можам да го елиминирам позадинскиот 50Hz шум?
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/0x4E4F001/2094.jpg)
UPDATE
-Нова шема, малку модифицирана од онаа на Unfrogiven во темата "ECC82 Tube Preamplifier". Излезниот сигнал беше многу слаб со раздвоен блок кондензатор од 47nF, па кога ставив 2,2uF ме раздрма малку... :D
-Направив мали измени на отпорниците затоа што никаде не можев да најдам отпорници од 750 оми и 33к >2W како во оригиналната шема, со еден сервисер од каде што земам компоненти (има мал милион најразлични компоненти) едвај најдовме и вакви како што се...
Нацртав монтажна шема според шемата, и зедов да ги лемам елементите... се сколопив, го вклучив и слушнав едно KABOOM!!! Ми експлодира филтер кондензаторот и незнам како, но ми го изгоре излезниот степен за слушалките на телефонот... Некако засилувачот за звучниците во телефонот преживеа.. ;D
Видов дека плусот и минусот на предзасилувачот ми биле спротивно поврзани од филтрираниот 200V напон... Следеше целосна проверка на целиот склоп, секој елекент доживеа проверка...
-Го заменив едниот кондензатор со два сериски од по 220uF 160V.
-Го запазив поларитетот и го вклучив предзасилувачот со влез од друг телефон на излез на 70W засилувач. По 15-ина секунди јачината на звукот почна да расте и по околу 5-10 секунди јачината на звукот се засили до максимум. :) Звукот беше 10 пати подобар од првичното лошо дизајнирано коло... ;D
Голема благодарност првично до @Unforgiven за шемата, до @GigaWatt и DrTubeR за добрите совети... ;D
Ми помогнавте да го откријам вистинскиот звук на лампите (парните хармоници)... ;D
Еве и слики од 3D 8) склопот, за кој што припремам кутија и ќе биде соодветно вклопен со контрола на јачина на звук, влез, излез и прекинувач со сигнална ламбичка...
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/0x4E4F001/qEA291L.jpg)
(http://i.imgur.com/kObMR3D.png)
-
Греачот на лампата треба секогаш да биде напојуван со препорачанит напон, бидејки ако е помалку како во твојот случај лампата слабо ке работи и заради тоа ке страдаат засилувањето и линеарноста. исто незнам зошто си ставил потенциометар на анодата? и онаа мрежата од два паралелни отпорници од 390оми? Со отпорникот на анодата се поставува Load curve и според неа се одредува работната точка т.е. биасот или мирната струја што во твојот случај е обратно, според работната точка треба да бираш load curve со потенциометарот, вака работи само затоа што е со мала дисипација лампата, да е ел34 ке чурне потенциометарот. Исто на излез може да се отстрани отпорникот од РЦ мрежата и да останат само кондезаторите и онака ке се формира таква мрежа во наредниот степен на засилување. и 62в се премалку за лампа што е предвидена да работи на 200-300 волти. Патем оваа лампа ја бива само како за прв степен на засилување а не и како драјвер бидејки има многу мала транскондуктанса.
-
P.S. Како можам да го елиминирам позадинскиот 50Hz шум?
Напојувај го греачот од цевката со еднонасочен напон и едниот од пиновите од греачот врзи го за маса. Вака, греачот е на недефиниран потенцијал. Пробај со било кој од двата пинови на греачот. Со оној со кој вади подобар резултат, со него терај ;).
ПС: Не е лошо да направиш коло за мек старт на греачите на цевката, ќе се продолжи животниот век на цевката ;).
-
Греачот на лампата треба секогаш да биде напојуван со препорачанит напон, бидејки ако е помалку како во твојот случај лампата слабо ке работи и заради тоа ке страдаат засилувањето и линеарноста.
мене доволни ми се 4V излез.... ;)
исто незнам зошто си ставил потенциометар на анодата?
Volume control.... ;)
и онаа мрежата од два паралелни отпорници од 390оми?
Сакав отпорот на потенциометарот да не паѓа под одредено ниво, и одлучив да ставам отпорник ~200 оми, 5W, немав таков, па ставив два од 390 оми, 5W паралелно.
Исто на излез може да се отстрани отпорникот од РЦ мрежата и да останат само кондезаторите и онака ке се формира таква мрежа во наредниот степен на засилување.
Јас ќе го дизајнирам следниот степен на засилување... ;) Знам дека нема да има потреба од него, па нема да го ставам.. ;) (Отпорникот)
и 62в се премалку за лампа што е предвидена да работи на 200-300 волти.
Искрено, ако можев и на 9 волти ќе го направев предпојачалото... Мислам дека работи одлично, акоо го оставиме настрана брумот...
Со отпорникот на анодата се поставува Load curve и според неа се одредува работната точка т.е. биасот или мирната струја што во твојот случај е обратно, според работната точка треба да бираш load curve со потенциометарот,
Јас имав ставено потенциометар како катоден отпорник, и забележав дека при 1к има најмалку изобличувања при било која вредност на анодниот потенциометар.
Напојувај го греачот од цевката со еднонасочен напон и едниот од пиновите од греачот врзи го за маса. Вака, греачот е на недефиниран потенцијал. Пробај со било кој од двата пинови на греачот. Со оној со кој вади подобар резултат, со него терај.
Доволно е само преку грец дикректно на греач и некој од пиновите од ламбата на минус на напојување да го врзам?
-
Ама контола на звукот(volume control) си направил со потенциометарот ... мислам дека треба да те има во делот од форумот со гафови!
За греењето на лампите ... си пишале некои чичковци инжењери упатство, ама кој да го прочита.
Јасно де, ти можеш што сакаш да и правиш на лампата, ама така, ништо нема да направиш со лампата.
За брумот треба да имаш убаво заземјување, неколку RC( или поубаво, LC ) членови за високиот напон (тој што го носиш на анода преку некоја неодредена отпорност и ... гафот! ), a имаш и програмче за тоа на форумов за пресметка на елементи и намалување на ripple.
Ај, читни малку ...
-
исто незнам зошто си ставил потенциометар на анодата?
Volume control.... ;)
Со ова ја менуваш и работната точка и пправа на цевката, не само Volume-от. Потенциометар за контрола се става на влез, а не на изез од засилувач.
Тек сега видов. Како ти е поларизиран тебе grid-от? Никако? Само му носиш сигнал и толку?
Поларизација за grid-от можеш да направиш преку R2, место него ќе ставиш два сериски врзани отпорници. Прво измери колкав пад на напон има на R2, а потоа види колку сакаш да ти биде напонот за поларизација на grid-от и со пропорции определи колкави треба да бидат вредностите на двата сериски врзни поотпорници. Од нивната спојна точка го земаш напонот за поларизација на grid-от. Во овој случај ќе треба да ставиш и кондензатор за DC одвојување на влезот. Доволно ќе биде 1uF/63V пластичен.
и онаа мрежата од два паралелни отпорници од 390оми?
Сакав отпорот на потенциометарот да не паѓа под одредено ниво, и одлучив да ставам отпорник ~200 оми, 5W, немав таков, па ставив два од 390 оми, 5W паралелно.
Да знаеш, има едно правило. Се поставува „оригиналната“ шема, онаква каква што си ја замислил, а не како си ја извел (освен ако не е некоја специфична ситуација во прашање, паралелна врска на отпорници за да се добие помала вредност не е специфична ситуација). Значи, за во иднина, да знаеш, пишуваш 200Ohm и тоа е тоа, а ти како ќе ја изведеш шемата, тоа е твоја работа.
и 62в се премалку за лампа што е предвидена да работи на 200-300 волти.
Искрено, ако можев и на 9 волти ќе го направев предпојачалото... Мислам дека работи одлично, акоо го оставиме настрана брумот...
I don't wanna burst your bubble, but... цевка на низок напон :S... тоа е исто како да чуваш ротвајлер во кутија за кондури. Не иде. Тие се наменети да работат на висок напон, а тоа што на некои сајтови има некакви шеми со по една или две 9V-ни батерии, тоа е друга работа. Си играат играчки. Нешто слично на оние кои инсталираат Win7 на PI со 16MB RAM. Да, успеаја, ама дали е тоа практично ;D ::). Се разбира дека не. Муабетот е „еве, успеавме, инсталиравме и се подига“. Дечки, браво за напорот, одлично, ама ова е практично неупотребливо, се подига половина час и му требаат 15 минути за да отвори Word ;D ;D ;D.
Исто е и ова. Нема поента. Да, работи, ама како работи :S... едвај, ја мачиш цевката :S.
Со отпорникот на анодата се поставува Load curve и според неа се одредува работната точка т.е. биасот или мирната струја што во твојот случај е обратно, според работната точка треба да бираш load curve со потенциометарот,
Јас имав ставено потенциометар како катоден отпорник, и забележав дека при 1к има најмалку изобличувања при било која вредност на анодниот потенциометар.
Ти изгледа на шашма си го работел засилувачот иако неколку пати ти посочив линкови на кои е објаснет принципот на работа на цевките и пресметките како да пресметаш аноден и катоден засилувач. Ако сакаш да работиш без пресметки, ОК, ама тоа е во принцип несериозен проект. За се има пресметки, па и за ова. Емпириски се одредуваат само вредности кои се претешки за пресметување или нема пресметки за нив. Пресметките за овие едностепени засилувачи се буквално 3 или 4 формули, ништо повееќе. Но, како сакаш. Изборот е твој.
Во секој случај, овој проект, барем за мене, е само експеримент и не може да се смета за сериозен дизајн.
Напојувај го греачот од цевката со еднонасочен напон и едниот од пиновите од греачот врзи го за маса. Вака, греачот е на недефиниран потенцијал. Пробај со било кој од двата пинови на греачот. Со оној со кој вади подобар резултат, со него терај.
Доволно е само преку грец дикректно на греач и некој од пиновите од ламбата на минус на напојување да го врзам?
Не, ти треба стабилизиран еднонасочен напон. Значи, барем грец и кондензатор за филтрација, а пожелно е и коло за мек старт (како што пишав претходно). Негативниот пол од стабилизираниот напон го врзуваш за некој од пиновите на гречот. Кој... ти пишав, пробај со двата пина. На кој ќе добиеш помал брум, на тој остави го.
Сепак, пази. Не е исто да имаш наизменичен напон со ефективна вредност од 12V и потоа да го исправиш и сметаш дека истата ефективна вредност ќе ја добиеш. Максималната вредност на наизменичен напон со ефективна вредност од 12V е 12V*1.41=16.92V. Ако наизменичниот напон го исправиш, ќе имаш еднонасочен напон од 16.92V (минус 1.4V пад на напон од грецот, се сведува на околу 15.5V, што е за 3.5V повисоко од 12V). Пази што правиш. Ако греачите на цевката се напојуваат со константен напон (кај некои цевки, греачите се напојуват со константна струја), во datasheet-ови, напонот се дефинира преку неговата ефективна вредност. Значи, на пример, греачот може да се напојува со наизменичен напон од 6.3V, но ова е неговата ефективна вредност. Ова значи дека ако го напојуваш греачот со еднонасочен напон, ќе треба да го напојуваш со еднонасочен напон со вредност од 6.3V, а не исправен и филтриран наизменичен напон со ефективна вредност од 6.3V.
-
Откриен изворот на брумот, причината била премногу мал филтер кондензатор на влез- ставив 330uF/200V и сега нема ни "б" од брум... ;D
Барање до админите- да ги избришат сликите: "Screenshot_1" и "Shema". "Predpojacalo" да ја остават.
-
мене доволни ми се 4V излез
Од кога 4в стана мерка за линеарност? и засилување?
Volume control....
Контролата на гласност ти е шо да ти расправам... Таа секогаш се става на влез а не како кај тебе, ама во ред што знаеш прави твоја работа. И да ако тоа беше правилниот начин за регулација, сите појачала наместо да имаа потенциометар на велз, ке се регулираа со помош на напојувачкиот напон.
Знам дека нема да има потреба од него, па нема да го ставам.. Шмекерко (Отпорникот)
епа ако знаеш зошто си го ставил???
Мислам дека работи одлично, акоо го оставиме настрана брумот...
Во ред ти како сакаш си мисли, ама инжинери предвиделе дека не треба да работи на 62в.
Поларизација за grid-от можеш да направиш преку R2, место него ќе ставиш два сериски врзани отпорници. Прво измери колкав пад на напон има на R2, а потоа види колку сакаш да ти биде напонот за поларизација на grid-от и со пропорции определи колкави треба да бидат вредностите на двата сериски врзни поотпорници. Од нивната спојна точка го земаш напонот за поларизација на grid-от. Во овој случај ќе треба да ставиш и кондензатор за DC одвојување на влезот. Доволно ќе биде 1uF/63V пластичен.
Ова важи кај cathode follower но не и кај аноден засилувач. поставувањето на референтен напон е со р3.
Не, ти треба стабилизиран еднонасочен напон. Значи, барем грец и кондензатор за филтрација, а пожелно е и коло за мек старт (како што пишав претходно). Негативниот пол од стабилизираниот напон го врзуваш за некој од пиновите на гречот. Кој... ти пишав, пробај со двата пина. На кој ќе добиеш помал брум, на тој остави го.
Сум пробал и јас со еднонасочен напон, ама нема некоја значителна разлика од наизменичен, според мене најдобро е да се стават два отпроника од 100оми према маса. Така највеке се намалува брумот.
-
како и другите членови, од прилика ги заприметив грешките во шемава...од делот како потенциометарот и лошото греење, треба да се напојува греач со 6.3Vdc (еднонасочна ради помал брум) како секоја лампа со E буква... :)
Неважно, ме заинтересира коментарот на гига... За се има пресметки, па и за ова. Емпириски се одредуваат само вредности кои се претешки за пресметување или нема пресметки за нив. Пресметките за овие едностепени засилувачи се буквално 3 или 4 формули, ништо повееќе.
Ако може малку литература, линк или слично да добијам, чисто да се просветлам или во слобдно време да експериментирам ионака располагам со поголема колекција на лампи. :D
-
а пожелно е и коло за мек старт
Брка работа отпорник или NTC термистор?
иако неколку пати ти посочив линкови на кои е објаснет принципот на работа на цевките и пресметките како да пресметаш аноден и катоден засилувач.
Кога, мене не ми текнува... ???
Во овој случај ќе треба да ставиш и кондензатор за DC одвојување на влезот. Доволно ќе биде 1uF/63V пластичен.
Ако треба и поголем ќе ставам... Ако велиш дека треба ќе ставам... ;)
Не е исто да имаш наизменичен напон со ефективна вредност од 12V и потоа да го исправиш и сметаш дека истата ефективна вредност ќе ја добиеш. Максималната вредност на наизменичен напон со ефективна вредност од 12V е 12V*1.41=16.92V. Ако наизменичниот напон го исправиш, ќе имаш еднонасочен напон од 16.92V (минус 1.4V пад на напон од грецот, се сведува на околу 15.5V, што е за 3.5V повисоко од 12V).
Стасан сум до таа лекција... ;) И тоа во пракса ми е применета... ;)
Од кога 4в стана мерка за линеарност? и засилување?
Немам профи инструменти, но влезен сигнал од 0,2V а излезен од 4V дефинитивно е засилување... ;)
Контролата на гласност ти е шо да ти расправам... Таа секогаш се става на влез а не како кај тебе, ама во ред што знаеш прави твоја работа.
Да го ставам на влезниот сигнал?
епа ако знаеш зошто си го ставил???
Да ти појаснам, може не пишав доволно јасно:
Го ставив во предпојачувачкиот дел, но нема да го ставам во следниот сегмент на целиот склоп. (планирам overdrive, wah-wah и др..)
Сум пробал и јас со еднонасочен напон, ама нема некоја значителна разлика од наизменичен,
Абсолутно се сложувам!
Освен на осцилоскоп, би рекол единствено некое стручно лице би препознало разлика. Исправив и испеглав 7VAC излез од трафото, со тастер за да ми вклучува наизменичен или еднонасочен напон на греачот, разлика не забележав, музиката беше електрична гитара без дисторзија, се сомневам дека ако имаше "значајна" разлика немаше да ја забележам. ;)
Ако може малку литература, линк или слично да добијам, чисто да се просветлам или во слобдно време да експериментирам ионака располагам со поголема колекција на лампи.
Ми го зеде зборот... ;) ако имаш нешто Гига, просветли не! ;D
-
Ова важи кај cathode follower но не и кај аноден засилувач. поставувањето на референтен напон е со р3.
Мислиш на R3 од шемата на KiloVolt или со додавање на некој нов потенциометар P3? И од каде би се земал поларизациониот напон?
Неважно, ме заинтересира коментарот на гига...
За се има пресметки, па и за ова. Емпириски се одредуваат само вредности кои се претешки за пресметување или нема пресметки за нив. Пресметките за овие едностепени засилувачи се буквално 3 или 4 формули, ништо повееќе.
Ако може малку литература, линк или слично да добијам, чисто да се просветлам или во слобдно време да експериментирам ионака располагам со поголема колекција на лампи. :D
Како за почеток, почни со оваа страна.
http://www.turneraudio.com.au/
Има почетни лекции и се останато, објаснето е теоретски и практично ;). Ако те интересира уште, симни ја Electronic Devices & Circuits од Jacob Millman и Christos C. Halkias. Таму се обработени основните електронски кола со електронски цевки. Оваа книга спаѓа во академска литература, ама не е прекомплицирано, ќе се снајдеш.
Има и други книги ако те интересира ;). И на форумов имам доста литература post-ирано за електронски цевки.
Брка работа отпорник или NTC термистор?
Па... пробај. Немам пробано до сега.
иако неколку пати ти посочив линкови на кои е објаснет принципот на работа на цевките и пресметките како да пресметаш аноден и катоден засилувач.
Кога, мене не ми текнува... ???
Па можеби не на тебе лично, можно е да беше некој друг член кој исто се интересираше за електронски цевки. Како и да е, имаш погоре линк и книга, почни од таму ;).
Во овој случај ќе треба да ставиш и кондензатор за DC одвојување на влезот. Доволно ќе биде 1uF/63V пластичен.
Ако треба и поголем ќе ставам... Ако велиш дека треба ќе ставам... ;)
Кондензатор мора да има во секој случај. Во твојата оригинална шема, не мора бидејќи ти сигналот го носиш на неполаризирана решетка, што е неправилно од дизајнерски аспект (решетката мора секогаш да биде поларизирана). Сепак, дури и во твојот дизајн, таков каков што е, пожелно е да има кондензатор на влезот. Не работиш со напони од неколку волти.
Unforgiven спомна некој друг начин за одвојување на поларизационен напон за решетката, нешто со R3 или P3, не го разбрав баш добро. Нека пише како.
По правило, треба да има посебен напон за поларизација на решетката, арно ама, ова бара трансформатор со посебен излез само за поларизација на решетката, што во аматерски услови е тешко изводливо, па затоа, DIY дечкиве морале некако да се снаоѓаат ;D.
-
Немам профи инструменти, но влезен сигнал од 0,2V а излезен од 4V дефинитивно е засилување...
Сега е веке појасно, порано нигде немаш спомнато напон од 0.2в како влез.
Мислиш на R3 од шемата на KiloVolt или со додавање на некој нов потенциометар P3? И од каде би се земал поларизациониот напон?
Да р3 од шемата на членот. Преку тој отпорник се поставува референетн напон на гридот во однос на маса. Не знам баш како да ти објаснам, побарај на гугл за cathode bias, или cathode grid bias, читни нешто и ке разбереш како се поларизира гридот на тој начин
По правило, треба да има посебен напон за поларизација на решетката, арно ама, ова бара трансформатор со посебен излез само за поларизација на решетката, што во аматерски услови е тешко изводливо, па затоа, DIY дечкиве морале некако да се снаоѓаат
исто немора да е со посебно трафо или излез, може со една најобична батерија и онака струјата е многу мала и батеријата ке трае со месеци па и години.
-
Да р3 од шемата на членот. Преку тој отпорник се поставува референетн напон на гридот во однос на маса. Не знам баш како да ти објаснам, побарај на гугл за cathode bias, или cathode grid bias, читни нешто и ке разбереш како се поларизира гридот на тој начин
Да да, ми стана сега јасно што сакаш да кажеш ;). Без разлика дали се зема поларизацијата од катодата или не, бидејќи низ катодата тече многу поголем струја отколку низ решетката, катодата секогаш ќе биде на повисок потенцијал во однос на решетката, односно решетката ќе биде на понизок потенцијал во однос на катодата ;). Решетката е, во принцип, заземјена ;).
Малку се збунив ;D. Само дипломската ми беше за електронски цевки, претходно не сум се сретнал со нив. Немам некоја многу голема пракса со нив ;).
исто немора да е со посебно трафо или излез, може со една најобична батерија и онака струјата е многу мала и батеријата ке трае со месеци па и години.
Добро да, ама сепак се троши и некој ден ќе треба да ја смениш ;).
Но, сепак, добро е како идеја ;). Можеби добро би било да се изведе со rechargeable, Ni-Cd/Mh или Li-Ion ;).
-
Имаше пред некое време, на еден форум, ова со батеријата. авторот тврдеше дека така било со помалку изобличување,со константен напон, дрн дрн, глупости... исто се секавам дека користеше литиумски батерии од оние малите за саат и ги мењаше на 3-4 месеца. ама за предпојачало, за појачало требало да се поголеми.
-
а може да земам некој од излезите на трафото, да го исправам и испеглам па да го користам како поларизациски за решетката? ??? И одприлика колкав треба да биде пларизацискиот напон на решетката? знам дека треба да биде помал од оној на катодата, ама за колку?
Патем, најдов два NTC термистори ос SMPS напојувања, двата по 6,2 Оми, и отпорот им е 0 на 80-ина степени целзиусови. Сакам да ги поврзам сериски, па преку нив греачот. Од струјата што тече низ нив да се загреат, а кога ќе се загреат на 80 степени спроведуваат максимална струја до греачот, значи имам прост мек старт за греачите!
П.С. Сега забележав дека шемата ми е грешна, имам нацртано дка носам 10Vна греач, а во пракса носам 10 волти на двата греачи сериски... :o
-
а може да земам некој од излезите на трафото, да го исправам и испеглам па да го користам како поларизациски за решетката? ??? И одприлика колкав треба да биде пларизацискиот напон на решетката? знам дека треба да биде помал од оној на катодата, ама за колку?
За се ова имаш одговор во линкот и книгата што ги post-ирав ;).
Патем, најдов два NTC термистори ос SMPS напојувања, двата по 6,2 Оми, и отпорот им е 0 на 80-ина степени целзиусови. Сакам да ги поврзам сериски, па преку нив греачот. Од струјата што тече низ нив да се загреат, а кога ќе се загреат на 80 степени спроведуваат максимална струја до греачот, значи имам прост мек старт за греачите!
Како што пиша, пробај со сериско врзување на неколку NTC отпорници.
Единствен недостаток е тоа што ако се веќе загреани од работа и го исклуиш и веднаш вклучиш предзасилувачот, нема да си ја вршат функцијата како што треба. Освен тоа, подложни се на трошење (по некое време, ако многу греат, најчесто горат).
Еве ти едно просто коло со LM317 за мек старт на греачи од електронска цевка. Јас го имам користено, супер си работи. Времето на пораст му е околу 12 секуди, повеќе од доволно ;). Излезниот напон се подесува со P1.
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/Filament_Heater_Power_Supply.png)
Ако ти треба PCB, има во оваа тема.
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=11312.0
-
Освен тоа, подложни се на трошење (по некое време, ако многу греат, најчесто горат).
Ако треба некогаш, ќе ги сменам... :D Не се скапи... ;)
а може да земам некој од излезите на трафото, да го исправам и испеглам па да го користам како поларизациски за решетката?
Се надополнувам: ќе го исправам и испеглам напонот од вториот 10 волтен излез, со отпорници ќе направам извор на негативен напон околу 5 волти и ќе го поврзам на решетката...
-
E80cc не е евтина лампа како што мислиш. Во зависност од производителот, плус ако се нови и упарени одат од 50-90 евра за пар.
-
Знам дека не е, моите се користени Phillips, од генератор на сирена за брза помош ;)... Знам дека ги користат за појачала, иако тоа не им била оригиналната намена. Затоа и ги користам, затоа што ги имам нив, квалитетни се, и не сум баш при пари за да купувам други ламби...
-
Ете, го послушав советот ог Гига и се зае*ав! >:( Направив прост извор на негативен напон од 6 волти со исправен и испеглан напон од 12 волти, потоа и со напонски делител за да добијам -6VDC. :) Го поврзав негативниот напон на решетката, минусот на минусот од претпојачалото... Кога го вклучив, за околу 15 секунди ламбата беше загреана, тонот се повишуваше се повеќе и повеќе, и за големото финале- тонот се зголеми ненормално многу во делче од секундата, :o сигналот се дистортираше ненормално, и потоа тонот почна да опаѓа, звукот стануваше се подистортиран и кога целосно се стиши, во позадина се слушаше слаб брум ??? . Направив темелна проверка на колото, и открив дека главниот грец пуштил душа... :( Го заменив, го отстранив колото за поларизација на решетката и сега колото работи, но многу слабо и пак се слуша слаб брум во позадина, :( иако вкупниот збир на вредности на филтер кондензаторите што ги ставив дојдоа до 500uF, 200V... ??? Сега ќе го расклопам цело коло, и ќе се обидам да направам cathode follower како на дипломската на Гига, па излезот од едната триода да оди на влезот на другата, создаваќи overdrive ефект што може да го искучам со bypass прекинувач... ;)
-
Момак, убаво си пиша ntc :) Не се замарај со дц напон, користи наизменичен, само пресметај убаво колкава струја очекуваш да тече во колото па соодветно на тоа пресметај ги отпорниците и кондензаторите.
Тоа што имаш 500uF не значи ништо ... има тука и една константа ... тау ... која вика дека претеруваш и дека ... треба да читнеш малку пред да обвинуваш луѓе кои се трудат да ти помогнат ::)
-
Момак, убаво си пиша ntc Смешко Не се замарај со дц напон, користи наизменичен, само пресметај убаво колкава струја очекуваш да тече во колото па соодветно на тоа пресметај ги отпорниците и кондензаторите.
Токму така најдобро е и од сите луѓе мајстори е препорачлив динамичкиот режим на работа каде што течат само импулсивни струи.Не сум сретнал многу да ја користат ламбава во статички режим со еднонасочни струи.И за временската константа и за тоа дека треба да користиш наизменичен напон се слагам со DrTubeR :D ;)
-
треба да читнеш малку пред да обвинуваш луѓе кои се трудат да ти помогнат
Јас никој не обвинив, но штом го имплементирав советот на Гига, ми прегоре предпојачалото. Јас знам дека сите се обидувате да ми помогнете, всушност и за тоа сме на форум- Јас само посочив дека советот не само што не работи- туку и е фатален за колото... ;)
-
Јас никој не обвинив, но штом го имплементирав советот на Гига, ми прегоре предпојачалото. Јас знам дека сите се обидувате да ми помогнете, всушност и за тоа сме на форум- Јас само посочив дека советот не само што не работи- туку и е фатален за колото... ;)
Ти не си го применил мојот совет, си применил модификација на мојот совет. Јас само пишав дека по правило, барем како што е наведено во теоретските обработки на шемите со цевки во книгите, треба да има посебен напон за поларизација на решетката. Јас лично немам користено ваков посебен напон. Јас конкретен совет дадов само за колото за мек старт на греачите.
Искрено, не сватив точно што си направил. Дај шема, па ќе пробаме да протумачиме што точно се случило ;).
-
На првиот пост му направив Update... Нова шема, работи подобро... ;)
--------------------------------------------
Искрено, не сватив точно што си направил. Дај шема, па ќе пробаме да протумачиме што точно се случило
Еве Гига шема... оваа е точната шема, со сите компоненти што ги користев, како што ги користев...
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/0x4E4F001/9y02Cpc.png)
Споено мислење: [time]27 Септември 2014, 16:53:11[/time]
Напојувај го греачот од цевката со еднонасочен напон и едниот од пиновите од греачот врзи го за маса.
Под "маса" мислиш заземјување или ???
-
Епа гледај што си направил. Решетката си ја вразал преку напонскиот делите со 4.7K отпорник према маса. Во ваква ситуација, тој од 1M практично не постои, може комотно да го извадиш. Освен тоа, ти си ја спуштил решетката на потенцијал под масата. Не знам, немам видено ваква конструкција до сега. Поентатат е решетката да има потенцијал еднаков или поголем од масата, но понизок од катодата, а не да биде понизок и од масата.
А грецот ти изгорел бидејќи нешто повлекло струја. Што, не знам. Ти го проба дали работи како што треба напонскиот делител пред да го приклучиш како извор на негативен потенцијал во однос на катодата? Од ова што гледам, освен со решетката и масата, друга врска на колото за поларизација со остатокот од засилувачот нема. Решетката не би требало да влече струја, што значи дека скоро целата струја од тоа коло ќе протече преку R5 и R6 према маса. Ако вака си ја врзал шемата и ако правилно бил димензиониран грецот и остатокот од секцијата за поларизација, грецот не требал да изгори, а зошто се случило тоа, не знам.
Инаку, под маса мислам на маса, GND, не заземјување. Заземјување е термин кој се користи се до примарната секција на трансформаторот. Мислам на GND од секундарната секција, од секцијата на засилувачот.
-
Ти го проба дали работи како што треба напонскиот делител пред да го приклучиш како извор на негативен потенцијал во однос на катодата?
Да.
Ако вака си ја врзал шемата и ако правилно бил димензиониран грецот и остатокот од секцијата за поларизација, грецот не требал да изгори, а зошто се случило тоа, не знам.
Зборував за другиот грец, главниот...
Инаку, под маса мислам на маса, GND, не заземјување. Заземјување е термин кој се користи се до примарната секција на трансформаторот. Мислам на GND од секундарната секција, од секцијата на засилувачот.
Како што те разбрав, мислиш на минус на напојувањето 200VDC... Патем, пробав така и нема веќе брум... :D Подобар звук немам слушнато никогаш! :D ;D
-
Зборував за другиот грец, главниот...
Кој знае, можно е премногу ниско да си го спуштил поларизациониот напон за решетката и да си ја изместил статичката работна точка надвор од стандардните графици. Од овој напон зависи јачината на струјата која ќе тече низ цевката при фиксен напон на напојување на цевката.
Како што те разбрав, мислиш на минус на напојувањето 200VDC... Патем, пробав така и нема веќе брум... :D Подобар звук немам слушнато никогаш! :D ;D
Пак не те разбрав што како си пробал... нема везе. Инаку, да на таа маса мислам.
-
Пак не те разбрав што како си пробал...
Пробав едниот пин од греачите да го врзам на маса за да го средам проблемот со брумот... ;)
-
зашто је гејт триоде везан на грец?
-
Преднапонот на гридот мора да може да се подесува со некој тример, плус на влез мора да има барем еден кондензатор за да не дојде тој преднапон до уредот од кој доаѓа сигналот.
-
Извини, погрешна шема сум ставил, види сега, ставена е новата шема по која што го изработив предзасилувачот, работи беспрекорно и при влезен сигнал од 200mV, дава излез 4V, што значи дека добивам засилување од 20 пати.
-
Преднапон се дозира отпорником у катоди. Катода тада постаје позитивна (волт, два, три...) а гејт је тада увек на 0 Волти зато што кроз гејт не тече струја, дакле увек је негативнији од катоде.