проблемот е што на плочата се искорнати скоро сите водови до интегралното коло и незнам кој каде оди
Види низ кои водови доаѓа сигналот (ова можеш да го дознаеш со сигнал трасер, освен тоа, иако се искорнати водовите, сигурно се гледа до каде дел од нив оделе, тие делови кои се блиску до интегрираното коло најверојатно се за филтрирање на аудио сигналот и дефинирање на засилување, итн.), кои водови му се за напојување (и ова лесно можеш да го дознаеш со просто мерење со унимер, масата е најверојатно глобална за сите компоненти и лесно препознатлива, а Vcc лесно ќе го дознаеш со пипање на околните лемни точки, на која даде позитивен константен напон со релативно голема вредност, на пример 12V па нагоре, најверојато таа точка е Vcc, сепак, пази да не допреш до некој напонски делител, за да бидеш апсолутно сигурен дека е таа точка Vcc, провери во сите околни точки кои констани напони ги има, најголемиот од нив е е најверојатно Vcc) и кои водови му се за излезот на интегрираното коло (и ова можеш лесно да го дозанеш со следење на водовите од излезите на засилувачот до определени лемни точки кои се во близина на лемните точки на интегрираното коло). Ако ти е полесно, нацртај што си дознал преку монтажната шема (дел од електричната шема всушност си дозал) и спореди го тој дел од шемата со шемата што ти ја има дадено batka, мора да има сличности. Најверојатно нема се да биде исто, но сличностите ќе бидат големи
. Потоа, само по пат на сукцесивна елиминација и проста логика ќе ги дознаеш кои лемни точки можеш да „ги сметаш“ (не се истите лемни точки кои биле на оригиналното коло, тие се откорнати нели, но најверојатно водови од овие лемни точки оделе до адекватните лемни точки на колото) за влез, излез, напојување итн.
.