Македонски форум за електроника

Аналогна електроника => Видео техника => Topic started by: cekaj on 19.05.2011, Thursday, 21:15:42

Title: Ми треба шема за трепкач
Post by: cekaj on 19.05.2011, Thursday, 21:15:42
Трепкачот сакам да се активира на следниов начин: Со еден тастер ќе се сетира флип флоп (бистабилен мултивибратор) кој ќе активира некој астабилен мултивибратор (пример трепкач со 555) кој ќе може да се исклучи на истиот тастер (или евентуално на друг), а со друг тастер да се вклучи другиот трепкач кој ќе се исклучи на истиот начин. Мислам дека е изводливо, ама дајте ми конкретна шема, ако ви се наоѓа. Ако не да си го направам со наизменичен прекинувач и да не му ја мислам по многу  :D
Title: Одг: Ми треба шема за трепкач
Post by: batka on 20.05.2011, Friday, 00:45:27
Имам еден предлог: еве ти еден сензорски прекинувач со 555 и релеј,кој може наизменично да напојува два мигавци .
Title: Одг: Ми треба шема за трепкач
Post by: cekaj on 20.05.2011, Friday, 00:50:17
Фала ти батка, само можам и да го изоставам релето, и да го искористам само транзисторот за вклучување на трепкачот.
Ако има некој друго решение, добредојдено е  :)
Title: Одг: Ми треба шема за трепкач
Post by: batka on 20.05.2011, Friday, 00:56:41
Стави еден ПНП и еден НПН на 3 пин и ке добиеш она што го сакаш со транзисторска склопка!
Title: Одг: Ми треба шема за трепкач
Post by: cekaj on 22.05.2011, Sunday, 18:38:13
Ај види батка дали вака треба?
(http://www.pic.mk/thumbs/555touchtr.gif) (http://www.pic.mk/?v=555touchtr.gif)
Title: Одг: Ми треба шема за трепкач
Post by: SKOLS_OLD on 22.05.2011, Sunday, 18:46:54
транзисторот 2,односно тој од ПНП тип поврзи го на 3 пин од НЕ555,другото е исто.Значи од пинот 3 да иде кон базите и на двата транзистора преку отпорници.
На пинот 3 кога ќе се појави логичка "0" ќе се активира транзисторот од ПНП тип,додека пак кога ќе се појави логичка "1" ќе се активира транзисторот од НПН тип и ќе се активира релето со него.
Title: Одг: Ми треба шема за трепкач
Post by: cekaj on 22.05.2011, Sunday, 19:02:01
Вака нема да трепкаат наизменично левиот и десниот трепкач?
Title: Одг: Ми треба шема за трепкач
Post by: SKOLS_OLD on 22.05.2011, Sunday, 19:07:44
со таа твојата шема кога ќе има 12 волти (логичка единица) на пин 3 тогаш ќе се активира транзисторот од НПН тип(транзистор 1) па тој транзистор ќе го активира вториот транзистор,со помош на минус на базата од транзисторот 2 и така ќе се пушти диодата.ти значи си искористил многу делови само за палење на диодата(релето) кога само си можел како по на шемата на Батка да идеш(со еден транзистор- НПН) ;)
со тоа јас што ти кажав така ќе трепкаат :D
Title: Одг: Ми треба шема за трепкач
Post by: cekaj on 22.05.2011, Sunday, 19:35:37
Мене ми треба кога ќе го притиснам тастерот да трепка само една ЛЕД и кога ќе го притиснам повторно да се исклучи. А другиот тастер служи за вклучување и исклучување на друга ЛЕД. Сакам да си направам трепкачи за точакот, како што имаат моторните возила, за покажување на насоката на вртење, не сакам да изигравам полицаец   :D
Title: Одг: Ми треба шема за трепкач
Post by: Bojan on 22.05.2011, Sunday, 19:45:57
и јас сакам такво нешто да си направам....а ти зашто не земеш онакви што се прекинувачи кога ке го стиснеш се уклучува, и пак ако го стиснеш да се исклучи..како што ги има по старите телевизори...
Title: Одг: Ми треба шема за трепкач
Post by: SKOLS_OLD on 22.05.2011, Sunday, 19:51:21
зашто тоа не го изведеш со микроконтролер?Ова за аналогна електроника ептен е комплицирано со коло како што е НЕ555.Еден микроконтролер,два тастери(прекинувачи) и два транзистора ќе бидат потребни.Ова на Батка не е такво,значи кога ќе се изгаси едното реле во истиот момент ќе се вклучи и другото.Затоа ова неможе да биде трепкач.Да најдеш со дупло НЕ555(НЕ556-16 пинскиот)
Title: Одг: Ми треба шема за трепкач
Post by: cekaj on 22.05.2011, Sunday, 20:00:43
Во ред, ќе се снајдам некако, ќе побарам од тие прекинувачите што ги спомена Бојан, ако не, ќе го направам со наизменичен прекинувач.
Title: Одг: Ми треба шема за трепкач
Post by: Devil on 22.05.2011, Sunday, 20:13:29
правиш осцилатор со 555 ставаш еден преклопник со 3 позиции
1 позиција ти е за лево средна позиција ти е ништо, односно празно и 3та позиција ти е за десно
во зависно на која позиција ќе е преклопен таа диода ќе свети :)

или направи со бистабил, еднаш прицкаш високо ниво, уште еднаш прицкаш ниско ниво :)
Title: Одг: Ми треба шема за трепкач
Post by: batka on 23.05.2011, Monday, 01:03:38
Ама искомплициравте! ;D ;D ;D Абе наједноставното е најдобро решение.Еве како изгледа примерот со 2 тр,-НПН и ПНП.А еве и едноставен со 2 транзистора два тастера и ЛЕД.Прекинувачот е уредот да не работи