Македонски форум за електроника
Аналогна електроника => Радио техника => Побарувања => Topic started by: DX-er on 26.05.2018, Saturday, 22:39:22
-
Имам една играчка џипче на кое радио контролата е на 27MHz, дометот е само 15m. Ми треба некој мал предзасилувач кој што ке го засили сигналот од далечинското. Дали има некој таква шема да ми препорача ?
-
Стави му подолга антена и смени го излезниот транзистор со појак, друго е се во домен на `` ако - тогаш...`` ;)
-
Внатре се е SMD, има едно транзистпрче ама ептен мало и нема ознака :(
-
Види дали е NPN/PNP и замени го со обичен транзистор пример 2N2222.изолирај го од околината да не допре негде и евентуално види во емитерот колкав е отпорникот.Ако е до 100 оми во ред, ако не намали го .Антената пресметај ја , метар и нешто треба да биде. ;D ;) ???
-
И, се разбира, по преправката, стави појаки батерии на далечинскиот управувач ;D.
-
Јас би рекол два пара батерии да стави. 8) ;)
-
Ама со два пара батерии са не исчури или не би требало? Сега како што е фабрички работи на 2 АА батерии (3V). Си викам да ја извадам таа малата антена и да го одлемам калемот од плочката па да ставам поголема антена. После следен чекор ке биде со замена на излезниот транзистор, ама да видам прво дали е PNP или е NPN.
-
Комотно може да му ставиш 18650 Li-Ion батерии ;). Може и неколку во паралела ;).
Не е лошо да пробаш со Li-Ion батерии, да видиш како ќе работи и без модификација на излезниот транзистор, можно е да се зголеми дометот на онаа далечина на која сакаш да се зголеми ;). Ако не успее, пробај она што што го пиша batka и ако работи, отпосле направи ја модификацијата со батериите ;).
-
Во секој случај предвиди надворешни батерии, ама напонот не го подигај! Само капацитетот нека биде поголем поради поголемата потрошувачка. Е сега, нема да биде можеби убаво и елегантно, ама можеш да ставиш батерии или под самото кукиште на далечинскиот управувач или пак со кабел да ги прицврстиш например на појасот.Зависи како го замислуваш тоа.Во секој случај прво изврши измени и ако се проработи барај решенија.
-
Во секој случај предвиди надворешни батерии, ама напонот не го подигај!
Може за малку. До кај 4.1, 4.2V не би требало да има проблем, Li-Ion до толку одат максимум ;).
-
Фала ви за помошта, деновиве ке пробам па ке пишам за исходот. Па што биде биде ;)