Чекај и мене ова ми изгледа како обично трафо.Што ќе прави од него којзнае .Киловолт имаш намера нешто од него да правиш.Пошто спомна нисконапонски ОЛТЦ што ти значи тоа подучиме малце.Не сум сретнал таков термин досега во електрониката
Ајде @nsu и ти нешто да научиш од мене.
Значи ОЛТЦ (оф лајн Теслин трансформатор) е всушност Теслино трафо во стилот на оригиналот, но надградено со полуспроводнички компоненти. Всушност, искричарот е заменет со моќен IGBT кој е вклучуван и исклучуван од страна на детектор кој испраќа сигнали секогаш кога кондензаторот е полн.
Тој детектор може да се замени со НЕ555 тајмер контролиран од страна на потенциометар и така да го вклучува и исклучува IGBT-oт. За тоа треба подесување на потенциометарот за максимална моќност на Теслиното трафо. Поради тоа што низ примарот течат огромни струи, тој е заменет со примар од 1-2 навивки од лим (бакарен или алуминиумски), широк 1-2 центиметри.
Овој вид го открив пред неколку дена, и ја надоградив темата за аудио модулација, затоа што овој вид е најлесен за тоа... Провери ја...
Инаку овој вид се вика оф лајн бидеќи е направен да работи без трансформатор, но може и со него (тогаш нема да биде баш оф лајн ама нема врска). Тогаш нема да ми треба ни IGBT, туку некој моќен NPN