Македонски форум за електроника
Аналогна електроника => Високонапонска техника => Topic started by: Jovicar on 17.07.2014, Thursday, 20:11:11
-
Здраво, гледав по интернет некои домашни изработки на апарат за заварување алумин, па реков да отворам една тема за да најдеме најдобро решение бидејќи ми е потребен апарат од нареден месец а немам доволно пари да дадам да купам нов па дали би можел да составам за поевтини пари нешто ефикасно. Еве за почеток јас ја најдов оваа шема со алтелнатор кажете мислење за неа, и дајте некои нови предлози.
http://www.pulse-jets.com/phpbb3/viewtopic.php?f=7&t=484
За апаративе за заварување многу знае членот Lux па тој ако може нешто конкретно да каже :) 8)
-
А да си земиш оние со гас бренерине и со прачка алуминиумска да си вариш ? 2-3000 денари ти е сет, со што понатака менуваш само боци кои се 500-600 денари.. не ми текина како се викаше баш гасот, али ќе ти пратам линк ко ќе дојде брата ми(тпј поќе по тие рабоќе е)
-
Друго е со апарат :)
-
е друго, ама мислам дека ти треба трафо и електроди во најмала рака, може да треба и исправувач сосе кондензатор и калем и миг/маг гас... Ова со алтернаторов е некако ептен инпровизација.
-
Уште еден глас са бренер ...
-
Со овој бренер што ти го нудат ништо не правиш. Тоа е горилник за MAPP гас. Има шанси нешто да завариш со специјални прачки кои се доста скапи и тоа со апарат за автогено заварување (популарно оксигенски боци). Но, и ова не е исто како на клипчињата од јутјуб туку е мнооогу потешко. Тоа всушност не е заварување туку е тврдо лемење, а прачките не се од чист алуминиум туку легура на алуминиум и цинк. Што се однесува до изработка на TIG апарат во домашни услови, мислам дека попрво ќе направиш лунарно возило отколку што ќе го направиш апаратот. Алуминиум се заварува со наизменична струја во атмосфера на Аргон. Машината за ТИГ и за РЕЛ (со обична електрода) е иста но кај алуминиумот струите на заварување се многу поголеми и за потенките пачиња. Но еве добро, и да најдеш толку јака машина, проблем е опремата за ТИГ (рачката, цревата и се друго). Боцата и гасот се друга приказна. Една алуминумска цевка Фи-100 од 6 метри за наводнување на старо чини колку два сантиметри алуминиумски завар -1200 ден. Затоа никој не ги репарира овие цевки. ТИГ -аргонското заварување се исплатува само кога треба да репариаш блок на мотор или пак ако си газда на некоја прехрамбена фабрика па да договориш работа со фирмите кои се бават со оваа работа. Затоа со алуминиумот ќеси работиш со нитни, шрафови, лепаци и слично.
-
Со ТИГ апаратот можиш и прохром да вариш, е таму веќе парите се.
-
За заварување на аламин потребно е и аргон боца, т.е.за да се направи целосен апарат во домашни услови е малку потешко,скоро и невозмозно па да не те кошта колку нов,па да завариш аламин како што треба разлијан,тоа што го имаш приложено од линкот немислам оти брка работа тука се работи за висока фреквенција и мали струи некој си поиграл незнам до каде стигнал :D,а со бренер заборави, се работи за температура околу 300 степени за да се постигне точка на топење,која со бренер ;D.а тоа сто го има на јутуб па верувам дека е калај наместо прачка аламин.позз...
Аламин-се мисли на алуминиум,како го викаат во нашиот крај, и зборуваат така и напишав но еве исправка.
-
Што е тоа аламин...?
-
Истото сакав да го прашам. ;D.Алуминиум е метал знам нормално и многу легури на алуминиумот знам.Аламин незнам што е може подетално околу ова прв пат слушам.Него батали тоа и моето мислење е дека тешко можеш да направиш апарат за варење алуминиум дома.И аргон боца е точно треба да имаш без присуство на аргон нема да оди заварувањето лесно тоест и воопшто нема да оди.Другарче е машинец па сум гледал како работат.Така да направиш домашен апарат за варење може тоа е лесно не е комплицирано.Дури еден пријател од микробрановите рерни оние за по дома го извади високо напонското трафо го премота секундарот кај винклер и си направи обичен швајц апарат.А да дома направиш апарат за варење алуминиум многу тешко. 8)
-
Јас дури не ни познавам некој од мајсториве локални да поседува :)