Македонски форум за електроника
Други технологии => Сè останато => Topic started by: MKD-Boy on 21.11.2021, Sunday, 12:14:40
-
Имав купено од АлиЕкспрес лед ленти од по 5м.
Ми беа планирани за сосема друго...ама едната ја пресеков и ја залепив на тв.
Ми остана околу 2,5 метри негде, и сега ми дојде идеа да залепам и на другиот телевизор.
Ама немам контролер, пошо го искористив на првиот телевизор.
Е сега дали некој знае или правел некој едноставен контролер, што некако ке ги контролираа боите во некој побавен слајд?
Инаку лед лентата работи на 5в.
Што значи дека контролерот оди директно на УСБ портот од телевизорот.
Блсгодарам.
-
Другар, лента со контолер е 300 ден, со адаптер... а имаш о само контолери мислам дека на али експрес кои се по 2 -3$... освен ако не те занима ккао сето тоа работи па да правиш рачно.
-
Е сега дали некој знае или правел некој едноставен контролер, што некако ке ги контролираа боите во некој побавен слајд?
Диодите се програмабилни или се само со 4 „влеза“ (+12V, R, G, B)? Ако се програмабилни, обично со три пина се (+12V, GND, Control).
Другар, лента со контолер е 300 ден, со адаптер... а имаш о само контолери мислам дека на али експрес кои се по 2 -3$... освен ако не те занима ккао сето тоа работи па да правиш рачно.
Инаку, да, релативно ефини се и да ги купиш посебно само контролерите, без разлика дали се за едниот или другиот тип на LED strips.
-
Инаку, порачав од АлиЕкспрес контролери, ама треба да ги чекам сега до бог зна кога.... :)
Инаку мислам дека се со 4ри пина и мислам дека не се програмабилни. Инаку се +5в, р г б.
П.с. барав по интернет шеми некој, најдов некој идеи со Транзистори/Мосфети ама некако не ми се логични..
-
премногу тупење мозок за толку евтина работа...ако си од скопје ќе ти дадам контролер еден од RGB лента ама фали мосфет еден па со тоа ако сакаш да се зафркаваш
-
Инаку, порачав од АлиЕкспрес контролери, ама треба да ги чекам сега до бог зна кога.... :)
Па земи ако не од тука, локално, кај нас. Не се скапи ни кај нас ;).
-
300 ден се сосе лента.
-
Не за друго, не е за парите или дали има или нема.
По конкретно, со тие купечките со далечинско нај грдата работа е што, не можеш да поставиш еден фиксен слајд.
Кога ке го пуштиш тв само да си почне бавно да ги менува боите.
На овие купечките, слајдот на почеток им е како новогодишна елка ;D па барај далечинско па менувај слајд и тн.
-
Е тоа да, во право си :).