Дигитална електроника > Развојни околини

Raspberry Pi 3B+ проблем

<< < (2/6) > >>

GigaWatt:
Значи на пин 24 и 31 доаѓа +5V, ама ништо нема на ниеден од излезите, така?

Ај види што имаш на пиновите 4, 5, 6 и 20? На пин 4 треба да имаш 5V, на пин 20 треба да има 3.3V, на пин 6 треба да има 2.7V, на пин 5... не сум сигурен, ама би требало и таму да има 3.3V.

Atanas:
На пиновите 24 и 31 има 5V. На пин 4 има 5V, пин 6 има 3.4V, додека на пиновите 5 и 20 нема ништо. Според datasheet тие се излези "Power good output", но нема ништо.

Најчудно ми е тоа што го немав вклучено 2 недели, а ми се појавуваат вакви проблеми.

GigaWatt:
А да, точно, така е ;). На пин 6 треба да има 3.3V. Моја грешка при пресметката на напонот од напонскиот делител од шемата на RPi 3 B+ ;).

Хммм... ај прво да видиме што се случува со пин 20, бидејќи преку него треба да добие RUN команда MxL7704 (така барем е означено на шемата за RPi).



Провери ја вредноста на заокружениот отпорник. Треба да биде околу 10K. Можно е да помала од 10K, но не треба да биде пониска од 1K. Исто така измери ја вредноста на напонот на неговите краеви, на долниот крај би требало да има 3.3V.

Провери дали кон SoC-от оди заокружената пунктирана лемна точка. Ако оди кон SoC-от, значи контролата за RUN доаѓа од него (бидејќи него го нема на шемата), што значи дека можно е да е софтверски проблем, не хардверски.

Atanas:
Вредноста на отпорникот е точно 10K. Напон на неговите краеви нема, ништо не покажува. И, патем како ќе има напон на него кога на пин 20 нема воопшто напон? Tочката не можев баш добро да видам каде води, бидејќи има мал милион компоненти од другата страна, но колку што видов никаде не води.

GigaWatt:

--- Quote from: Atanas on 05.01.2019, Saturday, 10:24:08 ---Вредноста на отпорникот е точно 10K. Напон на неговите краеви нема, ништо не покажува. И, патем како ќе има напон на него кога на пин 20 нема воопшто напон?
--- End quote ---

Мислев дека можеби зема некој напон од HDMI-то (колку што забележав, не се поклопува баш најдобро шемата која ја имаат дадено за RPi 3 B+ и онаа која е на плочката), но за жал, ситуацијата не е таа :-\. Не бев сигурен, чисто тест проба само беше ;).


--- Quote from: Atanas on 05.01.2019, Saturday, 10:24:08 ---Tочката не можев баш добро да видам каде води, бидејќи има мал милион компоненти од другата страна, но колку што видов никаде не води.
--- End quote ---

Хммм... повеќеслојна е изгледа, не само двојслојна. Не може да не води никаде, преку тој отпорник се пушта MxL7704 во работа.



На обележаниот pin header измери го напонот на PEN пинот. Треба да добиеш иста вредност како и за GLOBAL_EN (пин 6 на MxL7704, мислам дека беше 3.3V). Измери и колкав е напонот на пинот RUN. Би требало да добиеш вредност нула (или некоја вредност блиска до нула). Ако е таква ситуацијата, преку 10K отпорник, донеси му +5V (од напојувањето за RPi) и види дали ќе проработи. Пред да го пробаш ова, провери дали RUN од pin header-от е врзан за пин 20 од MxL7704 (би требало да е така).

Navigation

[0] Message Index

[#] Next page

[*] Previous page

Go to full version