Author Topic: ФМ баг на 3V со печатен калем  (Read 838 times)

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
ФМ баг на 3V со печатен калем
« Opened on 15.12.2012, Saturday, 09:48:23 (Edited 15.12.2012, Saturday, 10:04:22) »
Многумина почетници за прв свој проект одбираат ФМ предавателче,кое е ефективно и со малку делови.Сепак,изработката крие многу работи кои на шемата не се видливи.Најчест проблем е изработката на калемот.Тука се губат нерви и неретко конструкцијата се откажува.Затоа,да не се разочарате веднаш ,од прва и да дигнете раце од електрониката предлагам да изработите една шема чиј најголем проблем е изработката на печатената плоча.На самата плочка е нацртан калемот и плочката е дадена во оригинална димензија.Тоа значи дека со трансфер на ласерски печатар и обична мазна хартија од каталозиве што секојдневно ми ги ставаат во поштенското сандаче,направете си плочка во оригинална големина и залемете ги елементите.Оригиналната верзија е со 3V батерија од матична плоча за РС ,а може да се користи и со батерија 9 V ,само јас ставам 2N2222 ,2N2219,3866 дури може и BD 139.Внимавајте само на изводите на транзисторите.Во овие зимски денови кога е кoчан мраз надвор, освен на Фејзбук најдете си забава и во вашата работилница.

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Јас имам направено ваков предавател и на 15В напојување и со дипол антена 1/2 ламбда имам дофрлено на далечина од 4km оптичка видливост. Од другата приемната страна слушав со мобилен телефон.
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Еве,ова нека биде одговор и за Стеван ( веројатно од Власотинце,Р.Србија).Ако почнуваш сега,направи го овој предавател.Искуствата се позитивни ,а успехот скоро загарантиран.Значи,стави нови(проверени) елементи,добро направи ја плочката и пиши за твоите искуства на Форумов.