Author Topic: WI-FI антени за 2,4 Ghz  (Read 913 times)

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
WI-FI антени за 2,4 Ghz
« Opened on 28.10.2012, Sunday, 00:00:08 »
Добив неколку пораки во кои се интересирате за едноставни и ефикасни WI-FI антени  за 2,4 Ghz кои се лесни за изработка.Иако едноставното секогаш не е најдобро ,сепак во зло време ке се најде,особено ако имате проблеми со далечината до рутерот.Овде се дадени три  едноставни за изработка антени.Да одиме по ред:
1 Антена- отсечен круг со определени димензии изработен најдобро од тенок бакарен или конзервен лим,поставен на 1 см од метална плочка -радијатор со димензии 12к12 см.Вруќиот крај на коаксот се спојува на ќошето на одсечокот,а масата на радијаторот.Како изолатор меѓу двете плочи е земен пластичен стиропор со дебелина 1 см на кој се прицврстени двете плочи.
2.Втората антена е направена од 2 мм дебел витропласт поставен во метална кутија и отворен нанапред.Сликата е во оригинална големина,прецртајте ја и направете си соодветна печатена плочка.Пожелно е бакарниот дел да се посребри или барен калајдиса.
3.Ова е веке посложена,ама добра и проверена антена ,која дава појачување околу 8 дб и представува добра можност за експериментирање.

Ова се мои предлози ,еве слики и скици,а доколку има некој нешто друго изработено нека даде предлог