Останато > Кутии

Кутии од RF модули на телевизори

(1/1)

GigaWatt:
Најчесто, во поновите телевизори со катодна цевка, само Tuner-ите се спакувани во вакви кутии и се прилично мали :S, но кај постарите телевизори, имаше и други поголеми и помали RF модули кои беа спакувани баш во вакви Фарадееви кафези ;). Не се баш најпрактични, особено поради ограничената висина на кутиите (не може да монтирате трафо во нив), но може да вршат работа за определени конструкции ;). Тука пред се спаѓаат предавателите (поради лимениот оклоп), но може и рачно изработени (DIY) инструменти, определени предзасилувачи кои работат на батерии или на адаптер, итн. ;). Особено погодно е тоа што лесно се отвораат и затвораат, така да, погодни се ако треба чести корекции да се прават на монтираниот уред (на пример, нагодување на инструмент ;)). Иако изгледаат многу кревко, прилично цврсти се и отпорни на удари, падови, итн. Освен тоа, плочката најчесто се залемува за самата шасија на кутијата (на страничниот дел), така да, тешко е да се одвои истата од шасијата, а воедно и дава и крутост на целата целата конструкција ;). Најмногу што може да се случи при пад е да одлетаат долниот и горниот капак од кутијата (како кај мобилните телефони ;D), но лесно се ставаат назад ;).





bore:
 ;) Предлогот е одличен.

GigaWatt:
Само малку е гњаважа да ги извадите деловите и плочката од самиот модул ;D. Ќе треба малку да се помачите и да имате малку помоќен леткум, на пример, некој со моќност од 45W или 60W ;).

Navigation

[0] Message Index

Go to full version