Author Topic: Предаватели и ресивери за радио  (Read 1191 times)

Offline Joker

  • Нов член
  • *
  • Posts: 14
Прво да кажам дека речиси и немам воопшто познавања од оваа тема, па можеби ќе напишам и некои глупости.
За да се емитува радио на некоја фреквенција, потребно е таа фреквенција да се плати. Е сега, мене ме интересира дали е возможно да се употреби некоја бесплатна фреквенција (дознав дека радиоаматерите користеле таква фреквенција- "civil band" ако не се лажам)?
Кои уреди се потребни за да се користи тоа. Сигурно е потребен некој предавател (со опсег од неколку километри ако е возможно) и најверојатно некој ресивер што ќе се користи во домовите.
Се надевам дека ме сфативте отприлика која ми е идејата.
Дали е остварливо сето ова и ве молам ако може да ми помогнете каде можам да ги најдам овие уреди и по која цена (некој линк да ми пратете).
Ви благодарам многу.
Поздрав...

Offline ki4o01

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 213
  • Gender: Male
помеѓу civil band и радио аматер има многу голема разлика !

Offline Joker

  • Нов член
  • *
  • Posts: 14
Затоа уште од почетокот напишав дека немам познавања од оваа тема, па затоа барав помош ако може да ми помогнете...

Offline MarkoMK

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1001
  • Gender: Male
Незнам, јас не сум слушнал некој да емитува радио на civil band (CB), бидејќи никој стандарден радио приемник не ги прима тие фреквенции (тоа се фреквенции околу 27 Mhz)
Исто така, обично тој ЦБ се користи за комуникација, па затоа и самите предаватели и приемници се конструирани на многу мал фреквентен опсег на каналот - околу 2,5kHz, а за музика ти треба многу поголем опсег, што со други зборови значи ќе се пренесува музика со многу лош квалитет, ако воопшто може да кажам дека ќе личи на музика ;D ;D
Ако сакаш да експериментираш, незнам порано се продаваа на пазарите токи воки кои работеа на тој опсег (може и сега има, незнам), а исто така знам и таксистие доста го користеа порано, сега незнам како е состојбата..
Јас ова можам да го кажам, а секако има членови што многу повеќе ја разбираат оваа работа од мене, па нека ме дополнат..
Поздрав
Life is too short to remove USB safely ..

Offline Maki

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 721
Одг: Предаватели и ресивери за радио
« Reply #4 on 30.06.2012, Saturday, 22:18:07 (Edited 30.06.2012, Saturday, 23:53:48) »
Прво да кажам дека речиси и немам воопшто познавања од оваа тема, па можеби ќе напишам и некои глупости.
За да се емитува радио на некоја фреквенција, потребно е таа фреквенција да се плати. Е сега, мене ме интересира дали е возможно да се употреби некоја бесплатна фреквенција (дознав дека радиоаматерите користеле таква фреквенција- "civil band" ако не се лажам)?
Кои уреди се потребни за да се користи тоа. Сигурно е потребен некој предавател (со опсег од неколку километри ако е возможно) и најверојатно некој ресивер што ќе се користи во домовите.
Се надевам дека ме сфативте отприлика која ми е идејата.
Дали е остварливо сето ова и ве молам ако може да ми помогнете каде можам да ги најдам овие уреди и по која цена (некој линк да ми пратете).
Ви благодарам многу.
Поздрав...

Не ја кажа најважната работа.Што сакаш да постигнеш?
Ако сакаш да комуницираш со некого еден на еден, муабети без везе,онда купи си еден пар воки-токи (ЦБ). За ова не ти треба дозвола и е бесплатно (на почеток се плаќа само еднаш некој мал паушал,мислам беше 10 евра),али не можеш да пушташ музика.
Ако сакаш да комуницираш со некого еден на еден на далечина од неколку километри па до неколку иљади километри, онда тоа е аматерско радио и ти треба дозвола (се полага испит),али е бесплатно емитирањето.Исто не можеш да пушташ музика.
Ако мислиш да си правиш своја радиостаница,да си пушташ музика и да си збориш и да се надеваш дека некој дома ќе те слуша,онда заборави.Тоа е пиратско радио и е забрането.

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
За најголем број од дилемите мислам дека доби одговори.Значи,ако сакаш да комуницираш најдобра варијанта ти е ЦБ радио ( граѓански опсег од 27 до 27,7 Мхз мислам дека беше) Овој банд е цивилен (граѓански) и треба да бидеш пријавен ,најдобро преку некој Радио-клуб.Не кажа од каде си ,да ти посочиме каде да се обратиш,ама ако си ученик или средношколец можеш да се зачлениш во некој радио-клуб и да научиш некои работи.На ЦБ се работи АМ ,канално,мислам дека во нашите закони не се дозволени ФМ/ССБ емисии на овој опсег,снагата е лимитирана на 2/5 вати.И тука има правила на однесување,значи фер-плеј,коректност,избегнување на сметање ако друг работи на некој канал итн.
Секое друго емитување без дозвола на некој опсег се смета за прекршок и се казнува со закон ,а меродавна за овие прашања е АЕК .Ако сакаш комерцијална работа потребно е да конкурираш како ДОО ,значи како фирма на конкурс за доделување на концесии за некаја фреквенција која се плаќа просечно по 2-3000 ЕУ за 3 до 5 години (зависно каде емитуваш)

Offline Joker

  • Нов член
  • *
  • Posts: 14
Фала ви многу дечки, ми помогнавте... Поздрав!