Author Topic: ФМ буба со вграден засилувач (1KM)  (Read 23413 times)

Offline BorceBT

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1826
  • Gender: Male
    • www.trajkovski.net
ФМ буба со вграден засилувач (1KM)
« Opened on 20.03.2010, Saturday, 20:28:51 (Edited 26.03.2010, Friday, 19:38:02) »
Ова е засилена ФМ буба дизајнирана од шведскиот радио аматер SM0VPO и има домет од  повеќе од 1КМ на чисто и отворено и околу 200-300 метри во урбана средина што е далеку повеќе од другите ФМ буби па и од оние што се продаваат на Pazar3.

Испробано работи, феноменална осетливост на микрофонот (се слуша и шепотење) и најголем домет се добива доколку како антена ставите жица од 70цм и ја поставите вертикално (нагоре или надолу).

  • Користете исклучиво Алкална 9V батерија за да го добиете посакуваниот домет.
  • Предавателот (ФМ бубата) може да се напојува и на 12V, ќе биде посилен но ќе биде понестабилен (ќе ви шета фрекфенцијата).
  • Плочката е со димензии 5цм х 2.5цм.
  • Фрекфенцијата е околу 107MHz а доколку сакате можете да ја спуштите со додавање на додатно кондензаторче од 2.7pF на постоечкиот од 12pF или да ставите тример кондензатор (2-30pF) на местото на кондензаторот од 12pF.
  • Користете исклучиво керамички кондензатори за градба на оваа ФМ буба, освен кондензаторот Cx кој е електролитски и е 10uF/16V






Никогаш неможеш да знаеш се, но секогаш можеш да знаеш повеќе.

Offline BorceBT

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1826
  • Gender: Male
    • www.trajkovski.net
Одг: ФМ буба со вграден засилувач (1KM)
« Reply #1 on 20.03.2010, Saturday, 20:31:53 (Edited 21.03.2010, Sunday, 01:42:54) »
Вака би требало да изгледа изработената ФМ буба со вграден засилувач:



Напомена: На сликата има ставено погрешен кондензатор (зелениот). На тоа место треба да стои електролитскиот кондензатор 10uF/16V. Исто така микрофонот е надвор од плочката и е споен со жици. Моја препорака е со куси жички (што ќе ви останат од електронските компоненти) да го наместите микрофонот да биде залемен на плочката.

Ова е тоа што го изработив јас пред неколку години и работеше добро:

Никогаш неможеш да знаеш се, но секогаш можеш да знаеш повеќе.

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Одг: ФМ буба со вграден засилувач (1KM)
« Reply #2 on 20.03.2010, Saturday, 20:57:34 (Edited 21.03.2010, Sunday, 02:13:41) »
А ако сакам да го поврзам на аудио влез + надворешно напојување како да го направам тоа FLL за да не му правам PLL ? :) ако имаш шема стави ја на форумов.
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline BorceBT

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1826
  • Gender: Male
    • www.trajkovski.net
Аудио кај микрофонот но ќе треба да ставиш потенциометар за да намалиш бидејќи многу е осетлив влезот. Напојување нешто како ова, со ставен 7812:

http://elektronika-mk.net/index.php?topic=755.0

За FLL треба уште еден транзистор, варикап диода и 2-3 кондензатори и отпорници. Нема да биде тоа веќе истата шема. Најдобро таков тип на предавател да се направи во SMD техника за да може да се нарече буба. Ќе има нова тема за таков предавател.
Никогаш неможеш да знаеш се, но секогаш можеш да знаеш повеќе.

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Супер, ако сакаш стави шема или ако не ти е тешко нацртај ја во пеинт и стави ја на форумот како нова тема: FLL стабилизација на фрекфенција
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline go4o

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 196
  • Gender: Male
    • неам
ако сакаш напиши што делови се тие отпорниците и другите позз

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Одг: ФМ буба со вграден засилувач (1KM)
« Reply #6 on 21.03.2010, Sunday, 11:49:21 (Edited 21.03.2010, Sunday, 13:33:44) »
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=38.msg53#msg53
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=755.msg4375#msg4375
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=538.msg2541#msg2541

Доколку имаш други прашања околу напојувањето пиши во соодветните. тие горе...
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline Zdravkovski

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 506
  • Gender: Male
  • elektricar
    • најдобриот електричар во Велес
Ова ако работи на 107Mz ќе може да го слуша секој на обично радио нели или има некоја заштита да го слушаме само ние што сме го поставиле ?

Offline BorceBT

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1826
  • Gender: Male
    • www.trajkovski.net
Може со модифициран (прештелуван) ФМ применик (кој фаќа до 110MHz) и со ставање на помал кондензатор од 12pF (на пример 6.8pF) да се направи да зрачи на малку повисока фрекфенци за да неможе да слушаат сите. Се е до експериментирањето.
Никогаш неможеш да знаеш се, но секогаш можеш да знаеш повеќе.

Offline Zdravkovski

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 506
  • Gender: Male
  • elektricar
    • најдобриот електричар во Велес
фала за брзото објаснување

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Борче, освен тоа што напишал SM0VPO дека дометот е 1KM дали ти ја имаш тестирано на 1KM како се слуша?
Дали на месотото на фиксниот кондензатор имаш пробано со тример, дали добро ке функционира на сите фрекфенции?
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline BorceBT

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1826
  • Gender: Male
    • www.trajkovski.net
Имам тестирано вака: бубата ставена во стан над шифоњер некаде околу 2 метра од прозорецот, антената пуштена надолу од шифоњерот покрај ѕидот. Станот беше на најгорниот (5-ти) спрат. Бубата се фаќаше без прекини околу 250 метри од станот а се фаќаше на места и до 400 метри. Значи бидејќи се работи за буба убаво е да имате и радио приемник со убава и голема (по можност насочена) антена за да можете да го фаќате и уште подалеку сигналот. На целосно отворено немам тестирано но тоа не е баш „употребата“ на бубата, затоа ја тестирав баш како буба. Јас променлив кондензатор не ставив туку за мали промени на фрекфенцијата (нагоре) го долемував (краткоспојував) калемот на почетокот кај што почнува директно на плочката со што тоа е како да го намалуваш бројот на намотки и се крева фрекфенцијата. Иначе предавателот би требало да работи подобро накај повисоките фрекфенции од 3 причини: сите кондензатори проведуваат повеќе на повисоки фрекфенции (имаат помала импеданса) и кратката антената подобро зрачи на повисоки фрекфенции. Значи не препорачувам работење под 87MHz туку малку над 108MHz (ќе има подобри перформанси).
Никогаш неможеш да знаеш се, но секогаш можеш да знаеш повеќе.

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Одг: ФМ буба со вграден засилувач (1KM)
« Reply #12 on 22.03.2010, Monday, 18:58:00 (Edited 22.03.2010, Monday, 21:29:34) »
Фала ти за одговорот, но пак не можам да се изначудам како BC557 појачува VHF сигнал, кога BC557 и BC546,547 се слични и според дата шитот и BC547 треба да појача до некој си 600mW (приближно) а уствари не појачува ама баш ништо, имам правено тестови ама нажалост ништо..... Што мислиш на местото на BC557 да се стави BFR96 :) мислам дека ке крене дупло снага ??? + и тримери да се стават ке крене и повеке хехе

Иначе еве го мојот тест со буба со само еден BC546 односно оваа шема:

http://elektronika-mk.net/index.php?topic=216.0

но само осцилаторот (без РФ појачалото и предпојачалото) и од 4ти спрат ставен осцилаторот на под и антената (жица 60cm) потпрена нагоре ама пак сигналот идеше преку зид а надвор се слушаше на 300-310m па затоа викам дека тој BC556 не појачува ништо или појачува ептен малце.

Е сега истиов тест го имам направено надвор (од рид) ама изван населено место (ама со дипол а не со жица), и се слушаше на 650-670m  :) (едвај ама го имаше сигналот)
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline BorceBT

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1826
  • Gender: Male
    • www.trajkovski.net
BC557 засилува до 150MHz (према Datasheet). Тоа значи дека на 150MHz засилувањето (бета, В) му е 1. Што би значело дека на 108 MHz неможе да е повеќе од да речеме 2.5 или 3, значи во секој случај не засилува 10 пати туку само 2 или 3 што сепак за бубата е доволно (2 или 3 пати е помоќна) но сепак нема да има опасност од самоосцилации и хармоници (оваа буба е затоа релативно чиста, без хармоници затоа што не користи класични ВФ транзистори).

Неможе да се стави BFR96 бидејќи тој е NPN а BC557 e PNP.
Никогаш неможеш да знаеш се, но секогаш можеш да знаеш повеќе.

Offline go4o

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 196
  • Gender: Male
    • неам
Како што ја имаш ставено ке функционира или не?