Author Topic: Курс за професионално програмирање  (Read 1421 times)

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5329
  • Gender: Male
    • Македонски форум за електроника
Курс за професионално програмирање
« Opened on 02.02.2012, Thursday, 20:36:59 (Edited 29.03.2012, Thursday, 20:05:23) »
Во припрема е да се одржат предавања во полето на професионално програмирање во C++
Ова не значи дека вие преку ноќ ќе станете програмери и дека се ќе знаете да програмирате, напротив ќе научите како правилно да програмирате, предавањата се за сите луѓе, и за тие што имаат познавања и за тие што првпат се среќаваат со јазикот, предавањата ги држи човек кој работи на конзолни апликации (игри за конзоли).

Што работеше човекот
Сениор програмер на Halo3 (на мултиплеер)
Водечки/главен програмер на 50 Cent:Bulletproof
Технички продуцер на Crysis
Водечки програмер на Far Cry

Овие се од поистакнатите работи на кој работел, инаку има и други покрај ова :)

Во предавањата се почнува од нула, од тоа што е компјутер кој составни делови ги има како работаат (ова површински за подоцна кога ќе се почне со програмирањето да се знае што се прави).

Часовите се држат во Скопје во просториите на ФИНКИ, еднаш неделно блок час (два часа)
исто ги има и во Битола, ама со изучувањето во битола е малку понапред. Во скопје одржан е 1 час
наредниот се планира за во Вторник, часовите започнуваат од 18.00 часот (ова оди преку договор, пријавените кој сакаат да присуствуваат, добиваат известување кога точно ќе се одржи часот)

Планирано беше да е бесплатен, ама, овие од ФИНКИ бараат пари за изнајмувањето на просторија и потрошените ресурси (вода струја и слично) за време на предавањето
цената не е висока.

Доколку има некој стварно заинтересиран, било дали има познавања или не слободно може да присустува, ама мора да биде сигурен, не сега ми се оди после не ми се оди поради тоа што мора да се направат списоци (од Финки бараат).

Ако има таков некој нека ми пише приватна, јас ќе му дадам контакт email од човекот кој ги држи предавањата со кој можете да контактирате и да се договорите па и да ви објасни како што околу наставата.
Кога ќе заврши се ова, не очекувајте дека ќе стекните некој сертификат или слично, се здобивате со знаење кое може да го искористите подоцна, истиот тој човек бара луѓе за неговата фирма кој се занимава со развивање на игри за конзоли.

Доколку се решите на овај чекор, наведете во некоја прилика од каде најдовте инфо за ова (од форумот се разбира  ;D).
Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила.Почитувај ги куќните правила!