Author Topic: ЦБ 27 Мхз воки токи  (Read 625 times)

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
ЦБ 27 Мхз воки токи
« Opened on 27.01.2012, Friday, 09:10:54 »
За распустот беа направени во КМТ Народна Техника - Велес  пар ЦБ воки токи чија шема ке ја постираме како пример на едноставна конструкција.Ова шема беше одбрана бидејки има само еден калем за прилагодување.Да напоменам дека Т1 е стандарден излезен трансформатор ( црвен) од стари транзисторски приемници,а калемот кон антената служи за скратување на нејзината должина,Антената е телескопска од антена за автомобил,на извлекување и им зададе доста проблеми со големината на децава,пред се поради својата должина.Во секој случај видоа дека со 50 см жица и со 1,2 м телескопска антена дометот се разликува 100%.Иначе со телескопот дометот беше скоро 300 м во урбана средина.Можеби дометот би се зголемил со појак транзистор,но ке има проблем со потрошувачката на батеријата од 9V.Конструкцијата механички е солидна,за што им дадов посебно признание.За жал сликите каснат иако би сакал да ги има.Кога ке го прочитаат овој напис ,кој им беше обеќан од моја страна - редно е тие да ми испратат фотографии од уредите,готови и расклопени.Учениците се од ООУ * Васил Главинов* и * Блаже Конески*.Имињата нема да им ги споменам додека не си ја завршат работата. ;D