Не се почнува прво од дометот.Имам правено по иста шема неколку пати предаватели ,па не биле со ист домет.Тоа зависи од многу чинители- прво каква е конструкцијата ( механички),какви делови,напојување,антена користиш.Како да ја наместиш фреквенцијата - прво точно изработи го калемот.Со тример кондензаторот или со растегнување на калемот се подесува грубо фреквенијата.Потоа треба да се подеси антената - со SWR метар или со мерење на фреквенција со некој фреквенцметар.Обично малите предаватели се штимаат со калемот или кондензаторот во осцилаторното коло,а некогаш помага и скратување на антената.Кондензаторите треба да имаат напон поголем од напојувањето.Тоа највеке важи за електролитските,а керамичките се обично со над 30V пробоен напон.За подробно да се запознаеш со овие предаватели те советувам да прочиташ што повеке статии(постови) кои се наоѓаат веке на Форумот.Таму ке најдеш голем број одговори на твоите прашања.И како што реков,најди шема со еден транзистор,направи ја,врзи батерија и антена и на еден приемник за ФМ покушај да го фатиш сигналот.Потоа ке разговараме.