Author Topic: Дали знае некој како точно работеле овие предаватели на искра ?  (Read 764 times)

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Ако има некој некакви информации околу начинот на работа нека пише бидејки навистина е занимливо нешто овој тип на предаватели кои немаат ништо од електроника и највероватно се мнооогу потрајни од денешниве.



Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Овој уред е еден од пошетоците на радио техниката кога Тесла и МАркони се расправале и вршеле обиди .Прво,се работело со големи напони,потоа калемите и пропратните материјали биле рачно изработувани,а антените биле импресивни.Овие куглите се варничар преку кого прескокнувала искра. Само не би рекол дека се  потрајни од денечниве.Помасивни се,понеотпорни и понестабилни исто така,а за ефикасноста да не зборуваме.Втора работа - тогаш немало ниту индустрија,сообраќај,возила,зрачење од триста извори.... етерот бил празен и слободен и на долги и кратки бранови немало *гужва* па можело и да се работи.А денес со ова чудо не можеш од Карпош до Чаир да пратиш порака,нема никој да ја чуе од сметњите кои се јавуваат на тие бранови. 8)

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
иначе барав инфо на кои фрекфенции работеле ама не најдов. Ја мислев дека се на пониски фрекфенции од долгите бранови... мислев дека се на некои 10-30KHz

Еве уште 2 шематски прикази од такви предаватели







Овој па за чудо работи на батерии или пак ги нацртале колку да се знае од кај иде напојувањето
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Дури и батериите рачно се израборувале вовид на галвански елементи ,кои биле големи и зафаќале по две маси,а напонот достигнувал и до 160  волти.Исправувачи ,електрочитски кондензатори немало,дури и кондензаторите се изработувале рачно. Комуникацијата отпрвин започнала на долги бранови,но увиделе дека кратките бранови имаат попродорна моќ и со помали снаги се остварувале поголеми домети.

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
ај за предавателите по претпоставка се ствара искра која ствара некакви сигнали или хармоници на долги бранови ама па приемникот како функционирал и која му била неговата осетливост, имаш инфо околу работата на приемникот?
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
или како денешниве антени, или како што знам, ако во вакумирана цевка има два спроводници кои се поврзани надворешно, при јако електрично поле ќе се јави искра меѓу нив,  но тоа би се случилло на мали растојанија... не значи дека баш вакви биле антените, моја претпоставка, сметам дека не е на одмет и вон темава.

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Приемникот бил исто така со варничар ,калем, диода или триода покасно ( во вид на вакуумска цевка).Погледајте во изумите на Тесла мислам дека има таков приемник.