Author Topic: Звучни кутии со Биема елементи  (Read 933 times)

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Звучни кутии со Биема елементи
« Opened on 10.08.2011, Wednesday, 16:11:57 »
Ова лето имав малку време да се занимавам со правење звучни кутии,ама сепак направивме една многу интересна комбинација за еден наш другар,колега кој наполни рамно 50 години.И тој е од оние пребирливите теоретичари,кои се знаат за звукот и кутиите,читаат,сметаат,ама никогаш немаат доволно храброст и * негативен коефициент на памет* за да пристапи кон правење звучни кутии.Сакавме нешто необично да направиме ,па земавме една веке * видена* конструкција и ја прилагодивме токму на неговите * сваќања* за успешен звук.Прво ограничување ни беа звучните едниници кои ги имавме - два високотонци BMH-1301 Biema /90 db/15W/1,5 -20 Khz/8 omi/0,15 kg - и два постари басови ( постар модел мислам!) BML-T600 - 6,5 inci/8 0ma/45W /91 db/ 54- 6,5 Khz/1,4 kg .Решивме поврзувањето да биде bi wiring,па направивме посебни свртници за високите,посебни за басовите и ги поврзавме со 4 кабли,од кои за басовите употребивме 2х 3,5 мм пресек ,силиконски изолирани,а за високите 2х2,5 мм силиконски изолирани во должина по 3,5 метри секој.Бидејки типов има NAD 3020појачувач со јачина 2 х 30 вати кутииве ептен му легнаа.Е,сега доаѓаме до она најбитното.Бас драјверот е во посебна комора сместен а се отвара во друга помала на чија предна страна е високотонецот,а бочно е бас рефлекс отворот.Испробавме цел арсенал на бас рефлекс цевки и по долги*расправии* дојдовме до заклучок дека е *најдобра* она со дијаметар 7,5 см и долшина околу 120 мм. Мајстор Крсто ни набави некој чуден ламинат со дебелина 12 мм и јас му честитам испадна стварно добар,цврст и пред се неутралем.Во бас делот на кутијата има залепено 2 см тервол на дното и две бочни страни.Приклучоците на звучниците се со старински буксни,а звукот на кутијата е навистина нешто посебно и го констатиравме после три *тешки* дуели со помош на пржена риба и * бунар*.Свртницата е * отворена* за измени.Слушајте и преправајте по ваша воља и памет.Дадена е и шема на поврзувањето ,а останато според ваша воља.И на крај - изразувам жалење,ама никој и никаде во текот на расправите не спомна Qts,Rms или слични параметри и формули.А славеникот кутиите ги оцени 4+ ,со солзи во очите ,бидејки немаше место каде во станот*правилно* да ги постави и распореди! ;D ;D

Offline ShAdOw

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 879
  • Gender: Male
Интересен дизајн batka, стварно одлично изгледаат, со среќа да си ги користи твојот другар ;).

stefanjanevski

  • Guest
Добро сработено.

Offline Delija

  • Баниран
  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 265
  • Gender: Male
  • Господ ја сака Македонија, а и ЈАС!!!
Kaј ти е високотонецот??
Каде на интернет може да се најде басот со таа ознака?
Поздрав батка!! :o
Секогаш и секаде,...Најповеќе со електрониката!

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Високотонецот ми е во кутијата,а басот сигурно нема да можеш да го најдеш,бидејки го нема ни на званичната страна на Биема.Овде употребените басови реков се извадени од Биема стари кутии,а ако имаш толку желба да ги најдеш оди прашај по форумите ,на е-bay  или преку огласи.