Author Topic: Изработка на универзална FM дипол антена  (Read 13722 times)

Offline BorceBT

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1826
  • Gender: Male
    • www.trajkovski.net
Изработка на универзална FM дипол антена
« Opened on 10.10.2009, Saturday, 02:22:41 (Edited 16.10.2014, Thursday, 23:27:55) »
За да направиш „универзална“ FM антена таа треба да е широкопојасна, барем 10MHz [-3dB] центрирана некаде на 98MHz. За да направиш таква широкопојасна дипол антена треба да е направена од малку подебели цефки отколку оние што се вообичаени (на пример кај TV антените). Тоа значи дека можеш да ја направиш од бакарни цефки (за домашно парно) кои се дебели малку повеќе од 1cm. Вкупната должина на антената треба да ти е 153cm, значи 2 парчиња од по 76cm и 1cm растојание меѓу нив каде што ја поврзуваш антената. Како ќе ги поставиш и составиш дипол антената е до тебе. Најбитно тука е тоа дека за да имаш соодветна отпорност за приклучување кон FM предавател/приемник коаксијалниот кабел што доаѓа од антената треба на околу 25cm од каде што е поврзана на антената да направиш 5 намотки со самиот кабел (кабелот го моташ во 5 кругови и го врзуваш да не се одмота). Радиусот на круговите е околу 15cm. Исто така после овој „калем“ треба да има минимум 1.5m кабел кој потоа ќе се приклучи на FM предавателот/приемникот.

Никогаш неможеш да знаеш се, но секогаш можеш да знаеш повеќе.

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6320
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Антени
« Reply #1 on 23.02.2010, Tuesday, 12:35:18 (Edited 23.02.2010, Tuesday, 12:36:59) »
ама прачките за заварување не се алуминиум па да не има некаков проблем? Проблемот е што јас немам SWR и никако не можам да измерам :(
Не викам дека не се добри но еве од око ако видиме како изгледа прачка за антена таа е 0,5 или 1цм дебела а внарте е суплива а пак оваа прачката е полна внатре и е потенка.
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline BorceBT

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1826
  • Gender: Male
    • www.trajkovski.net
Антени
« Reply #2 on 23.02.2010, Tuesday, 15:18:29 »
Прачката е направена од месинг. Ако добро паметам легурата месинг има во неа и бакар што би значело дека нема да е толку лош проводник и ќе работи добро.
Никогаш неможеш да знаеш се, но секогаш можеш да знаеш повеќе.

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5316
  • Gender: Male
    • Македонски форум за електроника
Антени
« Reply #3 on 23.02.2010, Tuesday, 18:58:50 »
Еве за да ви пресмета должина на антената во зависност од фреквенцијата
не е нешто посебно ама ајде
Code: [Select]
http://hotfile.com/dl/29814938/87a8473/duzina_antene1.rar.html
Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила.Почитувај ги куќните правила!

Offline GogoStip

  • Нов член
  • *
  • Posts: 19
Антени
« Reply #4 on 23.02.2010, Tuesday, 21:03:09 »
ама прачките за заварување не се алуминиум па да не има некаков проблем? Проблемот е што јас немам SWR и никако не можам да измерам :(
Не викам дека не се добри но еве од око ако видиме како изгледа прачка за антена таа е 0,5 или 1цм дебела а внарте е суплива а пак оваа прачката е полна внатре и е потенка.

Значи вака, на алуминиум е скоро невозможно да залемиш со калај, додека бакрните цевки и месингените прачки се лемат 100% без проблем(пробано со прачките), дебелината не ти игра улога и нема врска што не е шуплива :D

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6320
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
фала ви дечки за информациите
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9428
Одг: Изработка на универзална FM дипол антена
« Reply #6 on 14.07.2010, Wednesday, 08:29:48 (Edited 14.07.2010, Wednesday, 08:36:02) »
Antena ne se pravi od bakar i mesing! Aluminiumot  e najpogoden ,pred se zaradi specificnata tezina.Antenata treba da bide sto polesna ,za da ima pomali napreganja na vetrot.Univerzalna FM antena ne postoi,a pred se ne za 10 Mhz.SWR metarot moze da se zameni so merac na pole za da se podesi antenata.


Quote from: Devil
Пишувај кирилица!!!

Offline r00t

  • Нов член
  • *
  • Posts: 27
Antena ne se pravi od bakar i mesing! Aluminiumot  e najpogoden ,pred se zaradi specificnata tezina.Antenata treba da bide sto polesna ,za da ima pomali napreganja na vetrot.Univerzalna FM antena ne postoi,a pred se ne za 10 Mhz.SWR metarot moze da se zameni so merac na pole za da se podesi antenata.


Quote from: Devil
Пишувај кирилица!!!


Незнам колку имаш експериментирано, но антените направени со шипчиња за варење од месинг се супер антени и парираат заедно со антените направени од алуминиум.

Offline BorceBT

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1826
  • Gender: Male
    • www.trajkovski.net
Не заборавајте - потесна антена (потанки шипчиња) - помала ширина на опсег (канал) имаат (и поголем Q фактор).
Никогаш неможеш да знаеш се, но секогаш можеш да знаеш повеќе.

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6320
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Не заборавајте - потесна антена (потанки шипчиња) - помала ширина на опсег (канал) имаат (и поголем Q фактор).
ако добро те разбрав, ако шипките се потенки тоа значи дека и ширината на каналот ке се промени (стесни) ?
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline BorceBT

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1826
  • Gender: Male
    • www.trajkovski.net
Да. Дипол антена со танки шипчиња би требало да е малку подобра за една фрекфенција а со дебели шипки (цевки) би требало да е подобра за опсег (за прием на пример).
Никогаш неможеш да знаеш се, но секогаш можеш да знаеш повеќе.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12736
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Значи сумирано ќе му дојде вака: антена со поетнки шипчиња е подобра за предавање (пошто се предава на една фреквенција нели), антена со подебели шипчиња е подобра за прием, така?
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6320
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Па и јас така разбрав. Подобро е антената да има шипки со дебелина под 1cm. Можно е повратната снага да биде помала со потенки шипки ама неможам со сигурност да тврдам па нека каже и некој друг ако грешам.
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9428
Да не ве замарам со многу објаснувања -  за ФМ најдобра опција се 8мм Ал.цевчиња ,кои можат да се купат во секоја подоброснабдена железарија.Внатрешниот промер е 6 мм и по сите можни таблици се стандард некој.Лесни се,отпорни на ветар и можат дури да се заваруваат со електрода за алуминиум.Најчесто доводните жици се врзуваат со помош на ушици и штрафови или ако некој е добар мајстор и со бакарни стеги.Друго -универзална антена не постои .Секоја антена ако се анализира,си има свој максимум во еден опсег ,а на околните фреквенции силата поаѓа.За прием секоја ке биде добра,а за предавател треба да се анализира и одбере најдобрата,односно најприфатливата фреквенција.И не постои антена на предавател со SWR од 1: 1,загуби мора да има макар само 5% од силата мора да се загуби во кабел.Со добар инструмент,прво се крати доводниот кабел за по 5-10 см,а кога ке се донесе на 1: 1,3 се почнува да се додава или одзема на краевите на диполот или вертикалата(ако е ГП антена).На ГП антената и аголот на радијалите знае да биде критичен како и растојанието на антената од покривот(поготово ако е метален!)

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6320
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Море како што имам приметено повратната снага освен од антената може да зависи и од самиот предавател. Тоа никако неможам да си го разјаснам како е можно.
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.