ne se odnesuva za sigurnost na vestite tuku sakat amerikancite se da odi pod nivna kontrola ne moze site davaci vo svetot da gi upravuvaat ama internetot mozat
Сега за сега, е сеуште слободен како медиум интернетот, но не за долго време. Најверојатно за некое време ќе биде цензуриран :S.
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=2220.0
Како и да е, кога ќе дојде тоа време (дали во блиска иднина, дали во далечна, кој знае), сигурно ќе се појави некој нов медиум, а можеби и враќање на некој стар медиум за нецензурирана размена на информации
. Кога ќе дојде тоа време, добро е да ги имаме на наша страна сите оние кои на времето се бавеле со нелегални или „полулегални“ активности (пиратски радио станици, радио аматери, итн.) бидејќи од голема помош ќе ни бидат
.
GW, бежичниот пренос на аналогни сигнали е добар, и дигиталниот пренос не е лош. Еве само GSM мобилните се пример за стабилна мрежа на која стално сме достапни (исклучок ретко има).
Зборувам за пренос на дигитални информации, на на аналогни, а говорот е аналогна информација, иако дигитално се пренесува. Сигурно ви се има случено на сред разговор да се прекине линијата од мобилнит телефон или да има краткотраен прекин во преносот на говорот. Тоа и не е толку страшно во преносот на анлогните сигнали, пак на крајот „ќе се разбереш“ со соговорникот без разлика дали испуштил некоја согласка или самогласка, нели
. Но, доколку истото се случува во дигиталниот пренос на информациите, системот би паднал во многу краток рок, дигиталните податоци не „трпат“ толку големи нивоа на грешки како аналогните, од проста причина што декодерите кои ги декодираат тие информации (па и кодерите што треба да ги кодираат) не се луѓе, тие не знаат каде се случила грешката и во паника, не знаат што да прават, па само престануваат со работа и генерираат сигнал на грешка (ова чисто како пример, не мора да значи дека ситуацијата е баш ваква кај сите системи за пренос на податоци
). За разлика од нив, ние можеме да забележиме дека само се испуштила една буква при преносот на говорот од соговорникот, па нашиот мозок автоматски ја попоплнува таа „празнина“ со соодветна буква, односно ја корегира грешката (врз база на правилото на логична претпоставка се разбира
), што не може да го направи нитуеден современ декодер или кодер
, тоа за него е едноставно преголема работа, треба да може да разбира логичен тек на реченица, да забележува логични и синаксни грешки во говорот, да може да пополнува букви со ист хармонски состав како и соговорникот за да не забележиме дека всушност машина зборува во некој дел од секундата место соговорникот (што автоматски значи дека треба и да анализира глас), и сето тоа треба да го прави realtime... реално гледано, барем во денешно време, неизводливо (барем на глобално ниво, сигурно се експериментира на нешто вакво, во некоја лабораторија). Од тие причини, стандардите за „ниво на грешки при пренос“ односно „количина на грешки при пренос“ се различни за аудио/видео сигнал кој е наменет за гледање од страна на популацијата (луѓе) и машини кои треба да комуницираат едни меѓу други
. Биди сигурен дека дури и во GSM системите, протоколите за комуникација на две „машини“ имаат многу помала толеранција за ниво на грешка одколку во главниот канал за прток на податоците (во каналот за говор)
.