Author Topic: Интелегентна Антена можно ли е?  (Read 5056 times)

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Јас знам дека антените можат да бидат активни со појачало или пасивни без додатна електроника но читав дека 3G базните станици користат "интелегентни антени" со кои се лови и најслабиот сигнал од мобилните телефони. Знае ли некој за што станува збор и како тие функционираат?
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline BorceBT

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1826
  • Gender: Male
    • www.trajkovski.net
Интелегентна антена е всушност збир од антени (array), две или повеќе кои микроконтролер ги вклучува во влезното коло (приемникот или приемниците) во зависност од тоа која антена најмногу прима на таа страна од каде што доаѓа сигналот. На пример новите базни станици имаат по 4 антени на сите 4 страни. Во базната станица има 4 (или повеќе, во зависност од моделот) применици кои примаат сигнал од мобилните телефони. Микроконтролерот во случајот мониторира на која антена (на кој приемник) најмногу се „фаќа“ одредениот мобилен уред и комуницира со него (прием и предаја) само на таа антена без да прави пречки на другите страни од базната станица. Со ова се добива штедење на моќ (антената зрачи 4 пати посилно само на таа страна (90 степени агол) со иста снага на предавателот а и сметњите за другите мобилни уреди поврзани на таа базна станица се помали доколку тие комуницираат преку другите (останати) 3 антени. Се надевам дека е јасно за што се работи, антените се „глупави“ но микроконтролерот (софтверот) ја дава „интелегенцијата“.
Никогаш неможеш да знаеш се, но секогаш можеш да знаеш повеќе.

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Па значи истиов принцип како кај GSMто а ова. Јас мислев под тој поим "интелегентни антени" кај 3G кој знае за што се работи а всушност исто било. Сепак фала за одговорот
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.